XMan. Ластик? Сериозно? Ајде те зиаме у друштво да рипаш со нас ема есаса! Ааа јас знаев до врат да рипам! Него јажено е лудо. Ви текнува во оние старине гето раперски спотови црнците како го вртеа, рипаа ко луди, сто на саат! Е тоа е ко 3 орбитрека и 2 џогинга. Инспиративно Само јас секогаш ги плеткав нозете кога покушавав така брзо да рипам.
Па нема јас да рипкам на ластик, срамота е . Вие ќе рипкате ема есаса а јас ќе ве тренирам и бодрам . Пробај со вкрстени раце, денес пробав и се заплеткав ќе мора уште да вежбам ама заморно е ептен и си бара бајаги кондиција .
Значии ново друштво имаме - спектакуларно ви ги претставувам- СКОКАЧИ НА ЛАСТИК Абе фитнес инструктор не ни е рамен на нас форумџиките фитнес спортски расположени..Сами си вежбаме,сами режим на исхрана си правиме.. ехее.. До кај ке стигнеме ? Phyramide поздравче Од утре еден ластик и заедно скокаме хаха
И јас ќе дојдам, мора некој да ви го провери ластикот дека е добро затегнат и да ви носи сокчиња кога ќе се уморите и плус и ќе навиввам за двете .
може да е од мускулната маса или пак сум пиела повеќе течности . вчера намерно не скокав и сабајле пак си бев иста килажа фала му на господ инаку порано активно се занимавав со фитнес ама тоа беше пред 6 години и секогаш кога ќе почнев да вежбам качував килажа ама бев премногу слаба и не ми сметаше а сега сум таман ама сакам 1.5 кг да симнам т.е да се затегнам. целта ми е напред да имам петка напред, значи 59 кг и ништо помалку инаку сега сум 60 и 800 а навечер се случува и 61 - 700 значи варирам ненормално од денес продолжувам ама ќе си правам комбинација со орбитрек , сабајле орбитрек навечер јаже ама јадење не можам да намалам имам вртоглавици ако не јадам квалитетно
blueberryy секако дека ке имаш вртоглавици доколку внесуваш помалку, а го зголемиш времето на активност,па затоа обиди се да внесеш помалку но каде каде поквалитетно. За пример,почни го денот со овошје и многу вода,пробај така до ручек,на ручек јади пообилно,но пробај јади многу помалкт леб и пробај да готвиш без маснотии. Ручекот нека биде во 3-4,па за да можеш околу 6 ( доколку ова време ти одговара или си слободна) да скокаш. Пробај сама свој план и режим напрај си. Секако, поздрав,верувам за кратко ке ни пишеш 59 дека си.
^ Хммм. За јадењето ми имаат кажувано сите обратно. Наутро - доручкуваш како крал. Ручаш како просечен човек. Вечераш како питач. Доручекот треба да ни биде најкалоричен, бидејќи во текот на денот тие калории ќе ги изгубиме. Јас пак не можам никако да се научам брзо да вртам со рацете. Скокам едно по едно, поточно ќе скокнам и одма ги местам пак рацете и се така. Ама добро е напредувам на некој начин. Почнав со 20 скока и толку дали беа, но вчера се заинаетив и стигнав до 135. Вечерва планирам барем до 200 да стигнам.
За почеток ви препорачувам вежбите на не траат помалку од десет минути(активно вежбање,со паузи од неколку секунди),затоа што ефектот ќе се одолговлечи. Е сега,треба да се внимава да не дојде до воспаление на мускулите и затоа се препорачливи тие кратки паузи кои би требало да се користат за истегнување на листовите,никако за седење. Ви посакувам многу успех на сите кои се занимавате со ова интересно хоби!
Да ви се пофалам, јас нешто си изместив у ногава Едвај одам, а скалите ми се ноќна мора Два дена сум сува, не сум рипнала ни едно скокче, ама денес осеќам малце ми се опушта ноџето од утре планирам да се вратам у форма
Убаво стегни го со еластичен завој повреденото место..И барем почекај уште ден-два..Недај боже да не ја направиш работата полоша.. Со помин Ќе се вратиш ти бргу во форма Инаку Iva-Mici кај е бе скокачи ?
Абе не е тооолку сериозно али пак, промашив скала па ми летна ногата, а и газето си го изрендав и така Малце ја подвиткав, ама добра е не е трагично чим одма не отидов на лекар Готово е проаѓа го осеќам, инаку Ива најверојатно го зголеми бројот на скокови па нема време да не дружи
Ако има некој што сеуште не добил инспирација за скокање нека го погледне филмов http://www.imdb.com/title/tt0805559/ или барем крајот! Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=ka2ZnlujAc0 Пред некоја година кога го гледав во рок од 10 секунди по завршувањето на филмот бев со јажето во рака Не сум како вас редовна, ни приближно како јојоба или ива-мици, ама неколку пати во месецот кога ке ми текне наместо да трчам скокам на јаже! И најчесто правам 60-70 скокови во серија, ретко ама мнооогу ретко по 100, па неколку чекори напред назад одмор и така додека имам време. Последен пат, пред некоја недела, знам дека изскокав 600 скока за 25мин! Што мислите споро е тоа, мн одмарав, или таман?!
^^ според мене е таман, мене за 1000 скока ми требаат околу 40 мин, нормално со паузи Сега го изгледав видеово, да ми помине ногата почнувам да ја вежбам точкава Е ова е уметност луѓе!
Девојки, не знам дали сте забележале ама на одбројувачите на јажето се макимум наместени до 1000 т.е. 999. Тоа си има причина. Јас мислам дека оптимален и најефикасен тренинг е оној со 1000 скокови. И фитнес тренерите препорачуваат 15 минути скокање на јаже....тоа би требало да изгледа вака (кога имаш конддиција): 1 скок= 1 секунда 1 минута= 60 секунди 15 минути= 900 скока......има некоја логика за опрималниот број на скокови. Инаку јас цело лето се тегавам со јажево. Почнав со серија од 100, бидејќи навистина сум изгубила од кондиција и не можев повеќе. Вежбам веќе трет ден и денеска стигнав со серија од 200 скока. Е сега, сакам да ве прашам (оние кои вежбаат подолго Ива, Јојоба и БиФанки), за колку време може да очекувам резултати со просечно вежбање од 500 скока. Да земеме во предвид дека имам брз метаболизам и мускулите ми се склони кон брзо обликување. т.е. да го преформулирам прашањето.....сакам само да се стегнам во нозе и малку да ослабам и да го стегнам стомакот (спојлерчињата)....денес сме 21, а планирам да бидам во подобра форма до 10ти септември. Има шанси? Пампкин, и 20 скока се подобри од 0. Со тек на време се стекнува кондиција
Со помин,ама има и пострашни работи мене главата ми ја шиеа паднав по скала немаше светло и ајде у болница на живо крпење тогаш мислам ѕвездите ги изброав
Јас мислам дека имаш шанси до 10 септемви,само искомбинирај со џогирање.Е сега,јас скокам подолго време,ама тренирам 6 години,така да зајакнувањето кај мене со џогирање и скокање беше за брзо време.И најважно пиј многу вода,и направи некој режим на исхрана.Наутро во 6 џогирај,па вечер скокај,мислам дека ќе успееш.. И прави стомачни вежби ( е сега зацврстувањето на стомачните и оформувањето на таканаречените "коцки" неможе да биде за кратко време ).Инаку да..требаат околу 15 мин. брзи скокови,така е најдобро,но и јас на почетокот неможев за толку време да направам толку многу. Инаку,поздрав,се надевам ке ги добиеш очекуваните резултати.
Ririi ќути среќа што ја утнав тек последната скала инаку ќе се тркалав надоле цел спрат Инаку, FBI јас почнав со скокање баш на денот кога е отворена темава, т.е. и поради темава ми текна пак на јажето, и направив првиот ден околу 300 скока, вториот 600, третиот и четвртиот 800 и натака веќе по 1000. После првиот ден имав мало воспаление на листовите ама не беа страшни болки па веднаш продолжив. Немав некоја посебна физичка активност освен што доста пешачев така да мислам дека можеш и ти слободно да го зголемуваш бројот на скокови секој ден барем за 100-200 скока. Јас лично не се форсирам за 15 минути да го завршам вежбањето особено не на волку топло време, нема шанси. Е сега за резултати после една недела активно скокање постегнато се осеќав, а и друг примети на допир , симнав и едно кило, до душа сега веќе сигурно и сум го вратила ама не ми е целта да ослабам воопшто, така да за брзо време се приметуваат резултати! Погоре има едно видео, погледни го таквиот начин на скокање дефинитивно дава многу повеќе резултати, а и помалце заморува! Поздрав и добредојде во клубот на скокачките