Eх мили мои јас два дена не сум го фатила јажето во рака,а знаете зошто-бев многу паметна и на излет си го земав јажето,и по тоа ридовите јас ќе скокам најпаметна,денот да не ми поминел без скокање,и си скокав до кај 600,кога ај ќе почнам 8мици и една,две три и оп...кога паднав луѓеееее...сеа зглобот ми е колку бутот отечен,едвај одам,а камо ли да скокам...Дај Боже за 2-3 дена да ми помине,инаку пак ќе ми падне кондицијава...Инаку среќно на вие што планирате да скокате на ластик!
Хаха некој не урочи, љубоморен е што ни се стегнаа газињата Инаку дечки зашто толку брзо паѓа кондицијава бе Денеска почнав после 3 дена пак, едвај стигнав до 500 немав проблем со ногата туку не можев едноставно мислев срцето низ гради ќе ми излезе, правев и паузи ама не можев да продолжам до 1000. Сега се изнервирав малце
Искрено мислам дека е заради претоплово време.. Јас не можам да дишам што седам, не па да имам некаква физичка активност. Јажето и орбитрекот ги оставам за некое посвежичко време, здравје од септември зашто сега ми изгледаат како невозможна мисија.
Ива,Јојоба другарки мои скокачки, и мене нешто ми се случува со скокањето бе..ах,на тренинг ги преморив нозете,многу раротев удари со нога,и сега јажето си го оставив.. денеска скокав,ама не беше тоа тоа.. Нозете не ми се ко што треба,ми излегоа плуски дека многу вежбав и сега неможам да направам добра серија скокови.
funkygirl и Јојоба, од утре мораме да се вратиме во форма,јас денес пробав по малце можев,мислам дека од утре скроз ќе ми се отпушти ногава,па се враќаме во шема ајде таман до 1200 стигнав,сеа пак од 1000
Ива,Јојоба,морам да ви кажам..денес себеси се надминав Вакво нешто не сум направила.. Знаете морам да намалам итно околу 500 грама за натпреварот,и денес почнав да скокам по 1 минута. Рекорд за мене .. 150 скока за една минута.. Незнам дали ке ми верувате,но јас денеска направив толку за минута...А рацете и нозете сега.. ми се стегнаа неможам да ги мрдам.. Но битно,знам дека можам да скокам најбрзо,а и плус за 15 минути скокање намалив 400 грама. А девојки од утре сме си старите ние.. До 2000 има да правиме,пак Ве сакам
Епа да ви се пофалам,јас денес 1000че пак,ајде се враќам во шема,и да ви кажам некако кондицијава ми е иста можев и 1200,ама така ќе немав време за хулахоп(40 мин вртам)...епа нека ми е среќно,утре ваљда 1300
Денес и утре паузирам, учам го полагам последниот испит од прва, држете ми среќа!! Ако го положам се частам дупла доза скокање
А јас па грехната нема кој да ми купи јаже! Ке одам да купам и ќе изнакупам толку многу глупости што за јаже ке немам време Иначе до скоро имав но сега ми го нема незнам кај е
Многу јасно,ти стискаме палчиња за утре,ако положиш од среќа и јас ќе искокам со тебе дупла хаха.. поздравче
Девојки ја разгледав темава и имам едно прашање за вас поискусните, што имате стаж со јажето... Значи вака... Јас сакам да почнам да си скокам секој ден по помалку па потоа да накачувам полека.. е сега, ме интересира дали листовите на нозете ќе ми се направат поникакви од тоа што ми се не, озбилно.. се затегнува задникот и бутините а што е со листовите, и тие трпат некоја промена нели? ај ве молам кажете ми ...
Епа мене лично само ми се дозатегнаа,ама јас мислам дека од раѓање имам многу мускулести листови,некогаш и си ги мразам,мислам дека ми се како на фудбалер инаку се затегаат ама не многу,најчесто воспалението е лоцирано на нив(барем кај мене).Инаку највеќе промена трпи задникот и бутовите,т.е. се е до тоа какви скокови правиш.Само немој никако да правиш само на едната нога,да не испадне како мене првиот пат,на едната нога имав воспаление на другата не
Малку експериментирав со разни типови скокови и пробав неколку варијанти : 1) За почетници е можеби најдобро да почнат со потскоци на една па на друга нога, слично како да си на џогинг прво ја дигаш едната нога да помине јажето па после задната нога и баш е ефектот како да си на домашен џогинг со тоа што можеш и темпото да го регулираш. После извесен период треба нозете да се променат. 2) Нешто понапорно е кога се скока со двете нозе истовремено една до друга но при еден вртеж на јаже се прават 2 мали скока, две потскокнувања во место. 3) Најнапорно е кога се скока со двете нозе истовремено и едно вртење на јажето е еден скок. 4) После може и рацете да се вкрсутваат ама тоа малку за понапредни да не се заплеткаат пошто бара малку повеќе координација. Скокачки, успешно скокање .
Taка е.. Инаку јас кај моите листови немам забележано некоја голема промена,бидејќи и мене некогаш ми личат моиве на фудбалерски.Инаку јас скокам на 3-4 начин ( Од овие наведениве од XMaN ). Морам да кажам дека денеска се осекам тотално без енергија,малаксана сум бидејќи вчера претерав на тренинг.Се држев на подлактица повеќе од 5 мин.за стомачните,трчев,скокав,вежбав се' во 2 тренинга.Ама затоа денес сум на принудна пауза,не смеам да мрднам.. А факт е дека и ослабев 1.5 за 3 дена.. Воопшто не ми е добро.. Еј јојоба денес требаше да полагаш,драга ? Ај со среќа Поздрав и до Ива и XMaN
Јас до сега вртев пола саат хулахоп,а сега одам ме чека најглавното-моето најсакано јаженце Инаку уште не сум се измерила,ќе се мерам во сабота па ќе ви кажам за една недела колку имам ослабнато.На ова calorie calculator пишува дека со пола саат скокање на јаже + пола саат хулахоп дневно трошам 598кал,а јас по мојот режим внесувам 620,така да би требало да ослабам,ама за тоа во сабота,а сега скокањееее! ПС-Јојоба стискам палци за тебе мила! И секако funkygirl и XMaN поздрав и до вас и по една гушка од мене
Утре треба да полагам! Стискајте ми сите палци! И само да се пожалам, значи еве 2 дена сум онака без никаква посебна активност и ужасно ме боли грбот мислам дека е од нераздвиженост Немам ни апетит, од утре се враќам на стар режим не бива вака. Тек сега сфаќам колку физичката активност не само на изглед и здравје туку влијае страшно многу и на расположение. Ве гушкам сите, изнаскокајте се денес
Абе, некој знае да го скока ова? Јас скокам, скокам и ги вкрстувам рацете, го скокам и после рацете заплеткани ми остануваат. Очигледно дека не го правам точно. Ајде некој професионалец нека каже. И да, скокањето со јаже е најдоброто согорување калории кое сум го видела. Абе, ептен е интересно. Штета што ова моево ако искокам 10-15 пати ми се замотува. Ама ајде, ќе го одмотам и продолжувам. Ама, никако не можам одма да скокам без да направам 2 мали потскокнувања. Епа, скокачи, фрлете се на работа, баш е убаво времето.
Знае . Само ти треба супер координација раце и нозе и позаморно ед од обично скокање и затоа ќе си почнеш со првиот начин што го пишав и тогаш дека темпото е бавно ќе ги вкрстуваш рацете. Првите 20-30 пати ќе ти се плетка јажето при враќање зашто е финтата еднаш вкрстени па еднаш обично па пак вкрстени и се наизменично и ич не е лесно ама со тек на време ти се поправа моториката и стануваш експерт и нема да ти се плетка јажето . И нормално ќе можеш да се фалиш на другарки колку добра скокачка си . Во секој случај од мене имате едно големо браво .