^^^ Еве уште еден што знае! Само неможеш од одма од прв скок така,прво поскокај барем десетина скокови обични и после почнувај со осмиците.Ќе видиш кога еднаш ќе се научиш,после многу ќе ти е лесно.
Аааауу јас кој знае од кога немам скокано јаже...нема да можам 3х да рипнам Инаку имам многу скокано до пред 2-3 месеци Знам само дека било многу здраво да трчате и да скокате јаже(заедно тоа) така имам читано по списанија...епа убаво што ја видов темата...да се спремам јас за 1-ви Септември за по физичко
Положиииииииив Продолжувам денес со скокање, 1000ка тешко ама утре задутре ќе почнам пак по толку, да се стегнам до 15ти да не ме препознаат колегите
Хмен, абе, мене ми се мота при обично скокање. Јажето ми е старо, ме издава веќе, додека го вртам оно доле се врти. А за тие осмиците, јас вртам, вртам и оп да направам ги прекрстувам разцете, го скокам јажето, а левата рака ми останува кај десниот колк, десната кај левиот и не можам да ги вратам во нормалната положба. Море, викам јас оти сум си за ново јаже...
Оу, знае, знае. Сега ми е најлесно да правам осмици, и нанапред и наназад. Наназад е многу потешко, треба време да се совладаат. Инаку јас маки мачев како помала додека ги научив, ама вредеше. Затоа сега си немам мака со нив, обожавам да ги правам. Инаку, јас од утре почнувам со вежбање. Ќе купам јаже и ќе скокам. За недела дена ќе ви кажам колку (се надевам) ќе сум ослабена. П.С: Честито Јојоба. Ќе те дружам јас деновиве ако упеам до 1000 да стигнам.
Ако мораш земај ново јаже па вежбај осмици, можни се, ајде запни па да ни се придружиш во клубот на осмичари . И плус другарки ќе ти се диват .
Aх ти XMaN кое швалериште си,на секоја што знае осмици и викаш дека другарките ќе и се диват,а уствари незнам зошто ама се мислам дека ти им се дивиш на нив Он топик- и денес задоволително 1200 + 35мин хулахоп,proud of myself
Ме погоди у срж ама јас и се дивам на секоја девојка која нешто вежба а плус и им давам мотивација што не е за фрлање што значи задоволството е обострано . Како да не му се дивиш на убаво женско суштество па уште и кога е стегнато .
Jас и денес како и вчера,се враќам во форма,т.е. сега сум во топ форма со јажево,го владеам Инаку XMaN свака ти част што си признаваш и фала ти на мотивацијата.А каде ми се другите скокачки некако ми се губите?
Изгледа одмараат и собираат сили за вечер . Петок е, се спремаат за искачање па утре сабота и мораат да бидат у топ форма за играње и освајање машки срца .
Абе, само да видевте вчера во 23ч. седевме со другарка ми во маало, а јас кога се разскокав, милини... Инаку, ги пробав тие осмиците и не бива... Не знам да ги правам бре. Вечер обавезно пак ќе скокам.
Ќе скокаш на првиот начин околку 10 пати и ќе пробаш една осмица и ако успееш пак продужи нормално, па после 10 пати пак пробај осмица и малку по малку ќе добиеш осет. Ајде, сите можат можеш и ти, не се откажувај .
^^^ Значи какво срце е овој XMaN,додека не ги научи сите да прават 8мици не се откажува keep it going A нема да биде лошо и ти еднаш да ни кажеш колку скока правиш највеќе
ИксМен, абе не можам. И јас така пробав - неколку скока и осмица, ама не бива бре. Значи кога ми е јажето во вис и одма левата рака ја ставам накај десната, а десната накај левата и после таман ќе го скокнам и не знам како да ги вратам рацете во нормала. Збркано е бре.
Фала Iva-Mici . У недела ќе скокам па ќе ти кажам бројче, иако сум повеќе по џогингот Ме натера со полн стомак да пробам осмици за да видам каде грешиш, ќе ми вратиш за ова . Е сеа вака, финтата е прави 5 скока на првиот начин што го пишав и шестиот ќе биде осмица АМА ПАЗИ рацете треба доста да ги рашириш од тело, тоа е многу битно. Ако ти останат блиску до телото како на нормален начин ќе ти се заплетка јажето при враќање зашто немаш време да го отплеткаш. Ама ако ги рашириш убаво рацете ќе успееш само е нормално малку позаморно . Сеа ќе успееш не се откажувај и ако треба 15 пати ќе пробаш додека не успееш .
Јок. Не можам т.е. не знам да ги скокам тие осмици. Абе, не бива и не бива. Добро, има ли некој туторијал на јутуб да видам?
Ех.. Ива и Јојоба вие пак си се вративте во форма со јаженцето..А јас уште не сум.. Сега се посветувам самоо и строго на тренинзи-јаже не. Да си го исполнам сонот мој најголем сега на натпреварот,се враќам на јажето. поздрав
А што трениташ? Инаку од пон ќе морам во двор да скокам, просторот што ми беше слободен нема да ми биде више, а на другите места ми е тесно Срам ми е
Не е туторијал ама пак ќе помогне малце, се надевам барем http://www.youtube.com/watch?v=epZjMuRRXLo 1:34 почнува да скока 8ци!