Види го видеото што го пуштила Спанко и примети колку и се на девојката рацете раширени . Можеш, само биди поупорна или земи другарка што знае нека ти покаже пред тебе како треба .
Ее како тоа осмици не знаеш да правиш Ја кога скокам на јаже, обавезно осмици правам, навика ми е. Лесно е, потруди се
Ееее Спанко фала ти.Еве ви мало појаснување за тоа како јас скокам на јаже,ама она скока 3 мин.А јас вака скокам 40-45мин.И само на 15мин ми следи 1 мин.пауза,колку воздух да земам...Ајде денес не скокам на ова жешко,тек вечер накај 8.Ама затоа за хулахоп не е проблем,за едно пола саат ќе му се стаам
Јас го оставив јажето нецела недела откако почнав , не бутините туку и горниот дел од телото почна да ми слабее , се исплашив да не станам костур , и престанав . Не се покажа баш најефективно за мојов случај , но бутините почнав да си ги затегнувам на друг начин ... сто чучњеви на ден и ми успева ... мислам
Од понеделник дефинитивно почнувам со оваа `јажарска кариера.` Но сакав да прашам колкава треба да биде идеалната должина на јажето,или нема врска?
^^^ На јажињата од Орка имаш можност сама да си подесиш колку сакаш да ти биде долго т.е кратко.Инаку ти се 270ден. и ти е најдобар избор бидејќи имаш и бројач на јажето.Само не купувај од детските,сигурно ќе ти се кратки и нема да можеш ни 5скока да направиш.Ајде од утре те чекаме во клубот на скокачките и секако со првични информации колку скокаше
Важи,важи. Инаку прашував за обично јаже (тенко) да купам па после сама да си го направам,зошто незнам дали ќе најдам такво од Орка.
Не , погрешно ме разбра , не почнаа бутовите да ми слабеат , туку горниот дел забележав дека почнаа малку ребрата да ми се познаваат и престанав , зашто горе и без тоа сум доволно слабичка , тоа ми е проблемот мене , само бутчињата ми се малку подебелки а сакам да ги затегнам , но што и да почнам да вежбам остатокот од телото ми слабее , а бутовите ништо , остануваат исти , затоа и ова го оставив , кај мене нема ефект ни ова , па сега се обидувам со чучњеви , а за скокање , скокав околу 45 минути во денот ако сепак те интересира
Кај тебе некоја друга аеробна активност која повеќе ги размрдува бутовите како џогинг или возење точак ќе има поголем ефект од јаже . Тоа со чучњеви супер што си го открила а за горниот дел на телото зашто не пробаш со фитнес да си ставиш мускулче баш каде што сакаш ? 100 чучњеви на ден секако ќе ти ги зајакнат мускулите на бутовите .
^^^ XMan ти вети дека денес ќе скокаш и ќе ни кажеш колку скока си направил...ајде те чекаме.Јас денес планирам 1500 па да видиме,колку ќе ми држи газот
Имам новости за вас. АЈ ДИД ИТ! УХУУУУУ! Ахам, знам веќе да скокам 8мици. Ептен е забавно и интересно. Фала на ИксМен (зашто беше упорен човекот кажувајќи ми дека можам, а и затоа што со полн стомак го терав да скока 8мици за да види кај ми е грешката). Патем, кога веќе тоа го спомнав, некни кога го кажа тоа те замислив како слаб човек со голем стомак и јаже во рацете како ’ржи низ устата „БиЈорселф, ќе ми платиш за ова!“ И фала на Спанко заради туторијалот. Фала на сиите овде кои ме потикнавте да пробам. Фала ви.
Да заврши славава и почнувам редовно да скокам со јаже . Морам малку да го затегнам телцево а не прстиве ми пропаѓаат кога ќе стиснам -.-
Баш си за никаде што не заборави . Ај утре, вчера играв фудбал и денес ми е ден за одмор и освен благ тренинг ништо друго не фаќам . Па ти реков јас дека можеш , ЗНАЕВ . Инаку тоа за слаб со голем стомак баш не би рекол ама ај да не коментирам . Ама стварно најаден скокав тој пат, среќа се исплатело .
Па јас се обидов со џогирање претходно , но се случи истото , ребрата почнаа да ми се познаваат . Се обидов со јажето затоа што знам деввојки кои така ги ослабеа бутовите , но тие беа и погоре полнички . А со горниот дел и не сум нешто многу слабичка , градниот кош е во ред , само половината ми е така потенка ... Ова со чучњевите со сигурност велиш дека може да успее ? Гледам дека се разбираш од овие работи па ...
Не знам која ти е целта на вежбањето, да симнеш салце, да зајакнеш мускули или да зголемиш мускули на одредени делови на телото. Тоа прво треба да размислиш . Ако сакаш да симнеш салце на бутовите џогинг или точак ќе ти заврши работа ама тебе би ти препорачал џогинг или евентуално ролери. Возење точак на јака брзина исто многу зајакнува бутови ама не знам колку ќе ти стопи салце така да ако се решиш за точак комбинирај ги брзините. Чучњевите ќе ти ги зајакнат и затегнат мускулите на бутовите ама ако останеш само на нив без џогинг не сум сигурен колку ќе успееш да ослабиш. Може да се случи салцето да остане ама ќе добиеш појаки нозе во секој случај така да продужи со нив. Тоа што си почнала да слабееш горе кога си трчала е затоа што си трошела повеќе калории него што си внесувала и си почнала да губиш масно ткиво секаде или си загубила и малку мускулно ткиво. За тоа да не ти се повтори треба да имаш добра, редовна и избалансирана исхрана богата со протеини (без многу масти и скроб) и да правиш посебни вежби за тие делови на телото каде сакаш да додадеш мускул. Веќе кога си решила да вежбаш зашто не земаш некоја комплетна програма која ќе ти направи топ тело и ќе ти ги развежба сите делови а не само нозете, многу ќе ти се исплати и секако ќе бидеш задоволна од резултатот . Се надевам малку ти разјаснив некои дилеми .
Значи го имам истиот проблем како и softqueen и јас месец дена трчав и ослабев навистина ама во горниот дел на телото, а најголем проблем си имам со бутовите нив сакам да ги ослабам, па започнав да одам во теретана па на точак, степер, чучневи еве веќе 7 дена како одам редовно но некако ми се чини ко безвезе работава ја имам фатено, се осеќам позатегнато но сепак сакам да ги намалам бутовите и еве денес ја на чекав темава и од утре си планирам пак на утро во 6 да станувам како и минатиот месец па да трчам а на вечер ќе се занимавам со јажево. А со исхранава не променав нешто многу само почнав многу пове ќе овошје и зеленчук да јадам и вода пијам повеќе отколку порано... не сум дебела далеку од тоа ама ова бутовите ама решена сум да најдам начин да ги ослабам мора некакооо уфф се извинувам што малку и оф топик заминав ама да си ги искажам маките хехехе инаку од вечерва почнивам со јаже па се надевам на ваша поддршка и откако ќе се изнаскокам ќе пишам како сум поминала
Читајќи ве, и јас се нажежав да си купам утре од тоа јажето од Орка. Се надевам дека нема да ми здосади како зумбата пред некое време. Е сеа, кај мене проблемот е што сакам да ослабнам 1-2 кг, и да ги затегнам нозете, т.е. бутовите и задникот. Се постигнува ли тоа со скокањево? Друго сакам да ве прашам, имали некој/а од вас овде што скока а живее во стан? Како да се снајдам со простор? Не сакам да им лупам на комшиите под мене. Си мислев дали ќе е изводливо во ходникот на спратот, бидејќи е доста голем и има место таму? Се прави ли голема галама?