Ај ништо да не читаме за едукација. Попаметна работа од читање за раст и развој сигурно немаме. @emkaemka ова од линкот има многу малку и може да не добиеш реална слика. Има и многу убави видеа, како гледа бебе, на што реагира, се смее.. ова преку бебешките очиња не е многу за читање Бебињата нон-стоп учат. Скокот не значи дека бебето ќе е ќебкаво и ќе плаче, туку дека учи нешто и ќе приметиме новини - гледање на раце, реакција на сенки од светлината и сл.
Не реков дека што бебето ми плаче па дека е во скок, само си се изжалив пошто пукнав, заклучив дека е во скок по спознавањето на нештата околу себе и себеси, а да не се убедуваме во кој е пошто стварно ми е гајле, само нека заврши
А бе ако видиш секој скок горе-доле истите знаци ги има, така да во кој и да е исто ти се фаќа. Интересни се видеата како гледа и што учи бебе. Се друго е исто
Имам приметено кога бебе ќе науче да праве нешто ново, претходниот ден, два, три е стално некако плачлива, сака во раце, едноставно сменета е. Пример во 3ти месец имаше таков ден кога отстапуваше од другите и почна да ги крева рачињата нагоре за да ги фати играчките кога седи во релаксаторот, нешто што пред тоа не го правеше. Пред некој ден овде се жалев, плачеше, кенкаше, сакаше само во раце и оп неќни се сврте од меше на грб прв пат. Си ги поврзив работите оти е мирно бебе, плаче кога и фале нешто, не е захтевна. Можеби е чиста случајност не знам
Колку време ви траеше овој скок? Ние сме 6+, поточно во среда полниме 7 месеци,₩ но веќе 4-5 вечери синко се буди на секој пола - до саат време. Или ќе кемка или ќе се расплаче во сонот или пак неможе да се намести да спие, а додека пред тоа си спиеше многу мирно цела ноќ. Овие денови сум жива ненаспана. Мајки како беше кај вас??
Кај секој е различно, јас осетив мала промена само неколку дена. За нас овај скок не беше многу изразен и страшен како што читав. Очекував многу полошо. Кај сите различно трае.
Исто мајка и ние, на пола саат саат се будиме со кемкање и плачење. Денски само кај мене, крената враце, сама вкреветче, релаксатор немат шанси да седит, при спуштањето плачит уште. Недела дена поминавме досега, се надевам дека ќе помини за брзо. Веќе покажува што научила. Крева газе и стои на коленчиња, по малку наназад лази, игра со рацете- браво научивме . Само побрзо и со лесно да ни поминит. Баш на спиење не удри.
Исто 6+ е? Ние и со јадењето се бунтувавме, но сега тоа се врати во нормала ама спиењето ете уште не мачи, иначе вака си е расположен, весел, во џампер лудува.. Нас најтежок ни беше тој на 3-4 месеци, тогаш беше страшно и ни траеше подолг период. Се надевам и јас дека нема да трае уште многу и да се врати во нормала.
Да, 6 месеци сме и недела дена. Исто и јадењето ние, стартувавме добро со вкусови, си јадеше се, па почна со молење. Сега да, почнавме да попуштањме со јадењето и сме ок. Цицањето и спиењето ни се ко на бегање, кратки. Ноќното спиење- што беше тоа Од 3-4 месец ни беше претежок, ама помина. И овој е тежок ама тој беше хаос. Пред овој скок си споевме од 22.30 до 6/7 сабајле а сега. Ај ќе помини, само со лесно да ни е и Господ сила да ни дава.
Лошо сум се изразила. Подолг период мислев на 2-3 недели. Секое јадење ни беше на сила и со плачење. Мислев до шишето е, па сменив неколку, си мислев забче е и го боли но едноставно беше многу нервозен, надразнет и никако не му се погодуваше, за разлика од другите кои ни траеа до недела дена. Тогаш ми беше хорор дека лакомо бебче и од еднаш да одбива јадење.. сега кога ми одбиваше знаев дека е пак скок. @pandelka нашите ептен исто
Мене ме прават луда кога ќе спомнам скок во развој. А да се објаснувам навистина немам време и многу ме мрзи. Порано не знаеле но сепак постоеле. Најверојатно го поврзувале со е денеска комшиката го виде кажа убаво е па го урочи затоа плаче. Кај нас скоковите и те како се приметуваат. При крајот се најинтензивни. И потоа се враќа мирното бебе. И јас го сметам од крајниот термин на породување бидејќи така е правилно. Сега го чекаме фамозниот скок на крај од 12ти месец се паѓа кај нас. Уште тој ни остана за оваа година. Другите успешно ги преживеавме. Туку сакав да додадам дека знаењето за постоењето на скок во развој ми помага да го сфатам моето бебе и да не се нервирам па на тој начин периодот го преживуваме во поблага форма и смиреност.
Lele jas ovie denovi poludev mental leap 8 minuva li nekoj niz ovoj skok aj koj moze neka mi pusti sto se slucuva. Detevo place pocel nok se budi pomilioni pati nesaka da spie ni preku den, se lutiod malku za bilo sto bez pricina place, saka se vo race nesaka da jade sto nikogas ne ni se slucilo, em I tri cetvorki ni rastat ali I nesto veruvam od skokot ima.
Кога е првиот скок во развој? Малава е 5,5 недели и досега беше премирна, а еве вчера и денес само плаче, не спие и нон стоп е со рацете во уста. Ќе поспие половина час и се буди, а и додека спие кенка, вознемирена е. Само со цуцле се смирува, ако и падне одма плаче.