Не се само они туку и двата внука кога ги носеа кај него истото се случило и истото го кажал затоа информацијата и не ми делува на лажна, не викам дека ти лажеш али со тебе така се поставил и така кажал тоа е се
Малку ме загрижи за болдираново. Ја така правам освен што скокнувам еден подој во текот на ноќта. Кај двајца педијатри ја имам однесено до сега, имам раскажано како правам за доење и не ми изреагирале. Те молам за повеќе инфо, или посочи ми кај да исчитам што треба.
правилно е да се дои на барање! Кога сака и колку сака, без мерење време. Така терав со првата ќерка, нон стоп на цице беше. сега со второво и да сакаш нема нон стоп на цице. Докторката ме советуваше ако успеам да направам некоја динамика на 2-2.5ч би било идеално. За големата дада и за бебе. Големата нема да има љубомора, а бебе помалку грчеви. Уште така терам. извини, ама имам подолг стаж кај неа
аха ок, епа бебево и си бара у суштина на 3 саати, некад 2 ипол, ок, значи добро правам засега, фала ти.
Еве кукла веќе ти одговорила, не знам бебето колкаво е ама на почеток треба да цица кога и колку и да посака. Потоа самото си фаќа ритам и си бараат на одредено време (2-3 саати). На почеток им е мало желудничето и немаат сила, па затоа цицаат многу често и повеќе спијат на града зашто се уморуваат. Понатака веќе посилно влечат, брзо цицаат и бараат покасно од 2 саати. Плус мајчиното млеко многу брзо се вари и затоа брзо изгладнуваат. Ма да секое бебе е различно, конкретно моето и поголемо бараше почесто да цица и имавме многу чести ноќни подои затоа најдобро е индивидуално да се следи секое бебенце. Моја пријателка го изгуби млекото многу брзо заради ваков лош совет од педијатар. И рекол да го дои на минимум 3 саати за да може млекото да се свари. Имаше дома деноноќно плачливо и гладно бебе и наместо да си го надои детето, преминаа на ад и мислам дека уште не е свесна каде ја направи грешката.
Фала ти на опширно објаснување, по се што кажавте и ти и кукла добри сме. Бебе нема 2 месеци, бара на 3 саати, некад 2 ипол. Кога ќе побара и давам. Добро напредува со тежина, со пелени исто е ок. Инаку советот за на 3 саати и ја го добив од педијатар али среќа се поклопи со потребите на бебето, инаку ќе давав и почесто да бараше, среќа научив како изкажува глад
Ние пола од подоите ни се на три саата. Ама само заради грчеви и прејаденост/надуеност. Нормално не го оставам гладно да плаче. Ама по совет на др.Драгана одвоив. Ни се намалија епизодите со грчеви јако плачење и нервоза на града. А ноќе сеуште нудам и до три подои од кои два во сон за да оддржам лактација. Веројатно заради тоа немам проблем со недостиг на млеко. Сон...што беше тоа? П.С. Сега имаме скок во раст, заби расти на 3 месеци и плус грчеви. Весело
Уште долго нема да знаеш што е сон ако ти е цицалче Затоа реков индивидуално е за подоите, но барем педијатрите да даваат совети да се измолзуваш ако не цица бебето често. Должни се да ти помогнат да не го изгубиш млекото.
Мајки 5ти скок можно е да не задрма од 21 и пол нед? Од бебе што до полни 5 мес нема заплачено само се смее, последниве 3 дена кенкава, смешките ги намали, и два дена напади на страшни плачки, плачи по 10 15 мин дури зајдува и одеднаш прекинува се смее? Ова го прави 2,3 пати во дена. Заспивање научна фантастика, мислам крокодил ке заспијам побрзо отколку неа. Млеко де пие,де не, вкусови со плачки. Нема знаци на болест. Само коси куби и се става во уста. Може да е забче?
Мајки, 3 месеци и 8 дена сме...бебе непрепознатливо 5 дена со напади на врискање по 2 часа.Денес обива и да цица, штом се доближиме до града бутка, плаче до зајдување,буквално се бориме по пола саат да ја фати без никаков ефект.Два пати измолзувам во шише без никаков проблем си фаќа... Се случува во скок да не сака града??
Мајки ај ве молам дајте ми слики од апликацијата од 6 ти скок, од сите скокови до сега од овој полудев жими се
На ова моето му помина скокот но сепак се буди 4-5 часот и вреска за млеко како да не јадел два дена издржува макс 9часа по последното млеко пред спиење. Веќе долго е така мислев како расте ќе издржува повеќе но не. Битно не било до скокот.