Кај нас има такви периоди знае неколку дена со ред да е таков ама надокнадуваме со ноќно цицање тогаш така да досега се што сфатив е дека ќе помине си имаат период и на неспиење и нејадење и се изгледа
И ја ќе се жалев. Не мо жам. Пренапорно ми е. Тие што поминале 6ти скок. Кажете дали се средивте со спиењето? Како спијат после скокот?
Пред скокот имаше две дремки, сега одвај една и тоа ако излеземе со количка па така да се успие. Ноќе се буди често ама тоа и од пред скокот е, плус запче изгледа ќе има па е уште понервозна и плачлива и ретко да се заигра подолго време сама. Да си се пожалам и јас додека да стигне утехата од тие кои го преживеале
Се префрли од 3 на 2 дремки. Првата му е саат-саат и 10 минути, а втората околу саат и 20 минути. Ноќе спие 11-12 часа без будење. Ама па нешто многу тешко не беше и во скокот, освен што покуси му беа дремките и понекогаш ноќе немирно спиеше, но заби вадеше. Ова скоковиве или сум спремна за нив и не ми изгледаат страшни, или заборавам дека било напорно, или сум одлепила и си мислам супер е сè.
Секој скок се спремам психо-физички дека е најтежок. 4ти океј поминавме, а очекував да е хорор по тоа шѕо читав, а сега уште не е почнат 5ти, а пак ни се наруши ноќно спиење. Спиеше после скокот со едно будење, а сега станува пак на 2-3 саати и тоа со плачење за цицање, а башка што спие немирно и само мава, врти глава, се превртува на страна и стомак
Од кога до кога трае 4ти скок, син ми е 18 недела од кога е роден ама и точно на термин се роди и не знам како да сметам. Јас веќе немам објаснување што друго може да му биде мора да го има фатено скокот.
Баш и јас се прашувам кој ортопед дава дозвола за дубак детето сите фази ги започнува и најправилно се развива ако е оставено на под, најбезбедно е таму. Ова со кафезот јако е, ќе пробам големиот да го ставам кога ќе почнам со кашички за малото... ☺️☺️☺️
Не знам која генерација си, јас сум повозрасна и мене ме ставале мислам кратко во дубак. Ама ако гледаме така, тогаш не не седнувале ни во транспортери, нит па во седиште.
Кога почнува првиот скок? 5 недели сме стари,родена е недела дена пред термин,2-3 дена по ред ми е нермина,ќе заспие саат време и се буди со плачење со вриштење и не се смирува додека не и дадам ад. Дали се грчеви дали е прв скок?
Порано и по три деца и 5 деца чувале и сите израснати со дубак па никому ништо.Ако ти сметаш дека не треба да се става не го ствај и крај на приказна.Сите бебиња не седат стабилно на иста возраст ниту пак проодуваат на иста возраст има бебиња што се доста темпераментни и напредни,а има и мрзливи не се споредуваат.Некои на 14-15 месеци ќе проодат некои на 9 и затоа не може да се третираат исто и двете бебиња.Дури и една мајка нема две исти деца едното можеби ќее мрзливо,а другото турбо
7ми скок.... Се ок ама зошто вриштењето? Тапанчето ми го пукна, не можам. Доаѓа време за заспивање и почнува на цел глас, ноќе исто од памет ме вади. Којзнае што си мислат комшиите дека му правам Наредни 2-3 дена сме кај громчето и home alone, мм оди на пат. Ќе биде забавно
ви се случило во скок бебе што обожава да се бања да ви плаче на бањање? сѐ исто правам секоја вечер, загреано wc, вода идеална мерена со термометар, последниве две вечери ми протестираше додека беше во вода.
5 скок? Што да очекувам? Читам по апликацијата ама ние нешто не сме како таму. 4ти океј беше амс овој ме плаши
Да се спремам психички за од понеделник влегуваме во 17та недела. 4тиот скок со громче е оваа недела. Што можам да очекувам? Знам дека ќе има променливо расположение, раздразнетост, поосетлив ќе е на околината...друго? Навечер знам дека ќе ми се буди почесто, кај дневните дремки дали ќе има промена? Викендов се надевам мирен ќе е.