Навистина, што е со вриштењево? Две-три вечери заспива навечер и вреска на цел глас колку што најсилно може. Не трае предолго, но силно е. И почна со кратење на денските дремки, па скапан изморен е веќе во 17 часот, па морам во 18:30 да го ставам во креветче бидејќи му се спие премногу. Нема да го легнувам ваљда во 17. Или треба? Среќа ноќе не се буди, си ја спие цела ноќ. И само ме тегне да го кренам, раце крева за да го земам, ме штипе и се тегне по рацеве за да го кренам. Но и плеска со рачиња кога ќе му речам браво, рачињата на образи ми ги става и ме плеска, ме имитира кога му правам со уста за бацување, раце кревам и ги крева и тој, кога правам звук како да прочистувам грло и тој така прави. Имитира дечкото Крева раче и мавта со него. И маза стана голема
Исто ги крати дремките, еве денеска конечно спиеше како што треба. Инаку, 3 дена по ред преспива од 19 до 19.30, плаче за спиење и после заспива дури во 22.30-23h. Доста полесен скок од другите само лигавењето налик тантрум ме препотува.
Мамички помош!!! Кои се симптомите на прв скок? Моето бебенце од секогаш беше добар денски спијач,си спиеше вкупно 4-5 часа секое попладне,а навечер се будеше на 2 и пол - 3 саати за јадење...завчера почна да се буди на секој два часа навечер, не за јадење туку онака а денските дремки му беа исти...сношти тоа будење се намали на секој час и половина ама се на се спиеше супер...денеска сме тотален хаос...незнам веќе што да направам...стана сабајле во 8 се беше во ред и после некој сат почна лудилото...првин вриштеше, па цело поручек беше добар си гугаше,се пулеше наоколу,си игравме ама никако не сакаше да спие...ни нишкање ни бели звуци ни ништо..во 12 часа тој беше спиен само два часа...правеше заспи после пола час врискаше до заидување...вечерва до сега пиштеше никој не може да го смири..и два пати денес ми одбива да јаде...сега го повив бидејќи многу поубаво спие така, ама дремни 5 мин стани прави и врискај...мислам дека не е стомачето...дали е можно да е прв скок,апликацијата ми вика почнува утре
Може и неколку дена порано да почне скокот, но како што опиша веќе влезени сте во скок. Ако добро памтам, мислам дека една недела трае овој скок, нека ме поправи некоја мајка ако сум грешка.
Исто и кај нас Имаше две дремки, сега една. И се спие, плаче, пробувам да ја успијам, ама не сака да заспие, и покрај тоа што и се спие сака да е будна, па почнува да гуга и да се смее, се додека не се измори добро, и тоа после 5 или 6 часа будна. Ако излеземе со количка, многу полесно се успива. А само што го почна 8-ми месец, ме интересира колку овој скок ќе трае, ако воопшто е скок на 8 месеци?
6 скок ме тресна од земја... од 3 дремки една остана , ретко втора . Вчера бебе ,за беља имаше втора дремка и падна од спална . Умрев и се родив . Во креветче не спие , ја заспивам на спална па ја префрлам . И се буди плачи ..
И моето падна ако заплака одма нема страшно веднаш идев на педијатар ми рече не паничи го допре никаде не го болеше.. Ама нашата паника е најстрашна
На крај од фамозниот 4ти скок. Ми остави траг и истенчени нерви со првото бебе сега мислам ме потроши максимално. Како биполарна жена пред пмс се однесува. Час сд смее,час плачи,па вришти. Па се што ке допри во уста онака се одбива. Као почна да се превртува од грб на стомак ем сам прави ем се нервира. Денес дури и во раце само плачеше. Па олку бебе немам држено во раце ми паднаа. Непогоден во секоја смисла. Сега ке пие млеко мислиш и тебе со млекото ке те испие,следно пиење е со тегнење. Спиење денски? Не повејќе од 20 мин. А ноќе само што ке го заспијам мора после 20мин да врисне убаво силно па да го понишам и ке заспие.
Хахахахахаха ме изнасмеа би поларна жена бе и 5от не е ништо поарен од 4от ама како 4от нема друг мислам
Ние сме втора недела од 4 скок и на сето тоа додади уште ковид-нон стоп дома и со температура (фала богу само 3 дена траеше тт ама умрев од страв). Сега и се врати силата, сака само во раце, брзо и здосадува игралната, сака да ја занимавам. Одма се буди кога ја спуштам во креветче. Со цицање немавме мака, само последниве 2 дена така ја успивам и и подметнувам зошто инаку не ја бива. Уште 10 дена дома затворени, ќе се мрднеме Кај не фати 4 скок и ковид истовремено, кој баксуз.
Скок е, 6ти, трае еден месец (4 недели), кај нас плус беше и запче,од кога излезе подобро е. Кој знае колку мака си имаше
Исто бевме и ние - ковид + четврти скок. Искрено не го осетивме тој, ама петтиов.... Петтиот како и другите му почна порано... луѓе друго дете е.. не спие навечер, станува на саат или на два. Некогаш со нишкање само се смирува, некогаш цице. И си вика ГЛАСНО како на планина да се довикува, од памет нѐ вади. Преку ден вришти, вакво плачење немал.. никакво додуша немаше, не плачеше бебево... па ќе се развика силно, ќе се закашла, зарипне од викање и после поткашлување одма продолжува пак да се дере... пред некој ден мајка ми го чуваше 3-4 саати, му стоплила млеко (имам залихи мајчино смрзнато), вриштел, не сакал да пие и заспал така. После и јас пробав да му дадам, не бре, вришти, се трга, бутка, мава.. му дадов да цица, нема проблем, си се нацица убаво.. Сум сонувала глупи соништа синоќа како на 500 лекари сме го носеле да испитаме што му е, зошто вришти Се изнапишав, ама морав да си ја олеснам душичката. Што да очекувам после скоков промена?
Ние не бевме ковид+ но 3 недели со затнато носе,црвено грло антибиотик и крвсрење од нос. Па 3 недели ни ноќ не спиевме... Како непишано правило со настинки сите... Побудалевме