Охх поминало важно. Додека беше со тт цицаше без проблем, сега почна рогови да кажува. Следната недела ни е мислам громчето. Ништо не ме утепува толку колку што сме цело време дома затворени во стан, па му треба и на бебе малку воздух. Има да не се прибериме дома, само нека заврши оваа изолација (а тек на пола сме)
Денес 8месеци,една недела сме во 6ти скок,како за почеток на скоков тешко... Ноќеска 35 пати стана ме тегне цицнува,се врти во круг се препелка како маче...пред некој ден и искочи првото запче,и тоа додатно...животе сладок си
Мајки 3 месеци и 6 дена,не е можно да има сега скок?( Термин 10.12).Некоја да провери,ја немам апликацијата Одбива да цица..хаос бега од градата како од оган..само полузаспана и тоа на будење во полусон цица,а при заспивање кога е полузаспана не сака.Норам да седам до неа кога дремнува (15-20мин) да ја фатам додека мрда,оти а отвори очи толку е..после е плачки Си го запоставив баткото..
Јас нешто не разбирам...не е скок,по термин е 13 недела.Како шо гледам нема скок,зошто тогаш такво однесување на бебе
Мене скоковите никогаш не ми се погодуваат во исто време кога бебе има регресии во спиење и ред други работи. Посебно пак кога дојдеме кај тоа громчето никогаш не е страшно туку нормално се однесува
Ај сега опрајте ме со овие скокови.Со големата ич не ги рецкав.Малово утре прави 3 недели полни, значи почнува 4 недела.Гледам први скок почнива од 4,5 недела до 5,5 недела.Сега како се смета 4,5 недели.Со полна 4 недела или со полна 3недела? Знам глупо прашање ама не знам денес не се издржува само цица,плака и не спие повеќе од 3мин па викам може да и е скок волку рано.
Кај некои порано некои подоцна почнуваат скоковите може една недела порано почнал кај вас тие се знаците
Ние сме на пола (некој ден пред громчето) и досега не е така страшно да не заречам...Само со цицањето е проблем преку ден, строго полузаспана и со мамење цица, навечер не е толку проблем, се буди 2 пати цица и продолжува да спие. Прозорот на будност денски е зголемен на 2-2.5 часа и некогаш дремките се прекратки, некогаш ќе отспие 2-3 саати. Има денови кога е кенкава и сака само во раце и тоа во одредена положба. Се надевам барем на толку да останиме