Од другата недела влегуваме во 5ти скок, се плашам искрено бидејќи ве имам читано најтежок скок бил, плус најверојатно почнуваме и мака да мачиме со заби, го гледам отечено му е долното непце и цело време се става во уста и нервозен е многу, што да очекувам во овој скок?
Дремките му беа на два саати будност пола саат дремка,седеше си играше и наеднаш плачеше, навечер некои денови спиеше по 12 саати без да стане да јаде ама тоа беше само 3 пати во тој месец иначе се будеше нон стоп со пискање,се буташе во уста и почна блаблаблаблабла да прави. И последните денови пред да заврши скокот почна мммм мммм ммм да вика да ми ммка и ууу да вика за некои работи што ги сака и да се подава за работи
Значи душата ми излеле со овој 4 ти скок само деновите ги бројам кога ќе заврши и нема крај жива ме изедоа и двајцата се теглат јас да ги носам и да им давам млеко спиење нема шанси само некој да мрдне ... очи толкави големи одма се отваррат навечер се будиме со поскање во сон си се пожалив ми олекна малку верувам дека само овде може да ме разберете кој поминал низ ова позз мами
Моето денски е ок, сака занимавање ама знае и сама да се заигра малку овие денови. Едино ноќе душата ни ја вади, се буди 4-5 пати, некогаш само 2 пати но ретко остана тоа
Ние сме на крај на 5тиот скок. Последна недела. Се чудам како издржувам. Се плашев под 4тиот скок ама 5тиот.. Приказна за себе. Денски не спие сам само во раце, преку ноќ се буди на секој саат вриштејки и од бебе што заспиваше за 2 мин на цице се претвори во бебе што вришти кога ке му доближам града и ни сам не знае што сака. Му се спие, не сака да спие, не цица, кашички одбива. Веќе нека заврши неиздржливо е. Се надевам дека ке се врати во нормала.
Не знам што да ти кажам, издржи.. јас лично не верувам во тренинг за спиење ама гледам многу родители почнаа со тоа за да го научат бебето на self soothing(повеќе е бебе се учи дека никој не досѓа кога плаче)и велат често има ефект, ако ептен не ти се издржува и е нешто што би можела да го правиш. моето бебе имаше вакви ноќи, но многу ретко, посебно на почеток врзуваше 8-9 часа. Сега е друга приказна.Мислам и дека почна да ја мачат жлебините.
Кога е првиот скок кај бебињата? Има 2 дена постојано кенка, сака да цица и додека фати се лути и се трга потоа пак исто, постојано истото фаќа пушта со мака цицаме. Преку ден 20-30 минути со мака ги спие. Не седи ни разбудена ни спие. Пред тоа спиеше во раце барем сат и некогаш 2 сега веднаш се буди. Незнам што може да биде? Инаку 1 месец е старо.
Според ова табелата на др гуд најт, ние сме веќе влезени во 5ти скок, синоќа се уби од вриштење додека заспа, и после на 3 часа се будеше со вриштење. Како и секое утро станува во 5-6 за јадење, ама кога се разбуди имаше температура 38,3. Ви се случило ли во скок да ви качуваат температура? Сега спие повторно после кога ќе стане ќе мерам пак, ама вака на рака како што осеќам мислам дека му е падната малце.
И јас дојдов на темава да видам дали овие работи што ги наброја се специфични за петтиот скок. Се доближуваме до крајот и до громчето, на моменти и двајцата не знаеме што да му правиме. Нит сака да спие, а уморен, понекогаш со часови не можеш да го успиеш, прибира за јадење, а гладен... Плус синоќа и приметив дека забите доле се оформени, спремни за излегување, откако ме гризна квалитетно неколкупати додека го доев.
Јас никогаш нема да го заборавам 5тиот скок. Многу тешко ми беше, не знам ни сама како издржав. Се будеше ноќе, цицаше 24/7, а оброк мислам уште немаше. Не се делеше од мене, морав да го држам во раце, а ако лежи да го држам за рачето. Во вц идев со него, спиев до него, гушнати нонстоп. Ниеден скок го немаме осетено како тој. Од тогаш гледам за секој скок да идеме некаде на викенди, кај моите или неговите на повеќе дена и многу е полесно.
Леле не ме плаши со петтиот скок. Малиот има уште една недела од 4ти и не беше така страшно како што очекував. Проблематични се денските дремки, спие само во раце и тешко нешто да сработам, освен online шопинг што правам . Значи да се спремам психички за следниот скок .
Бидејќи се поклопува во исто време со прогресијата (некои ја викаат регресија) за спиење во која бебињата почнуваат да спијат како нас возрасните кога поголем дел во сонот го минуваат во лесен сон, а не длабок и почнуваат да се будат почесто. Не мора да значи јас во 4ти скок и прогресија не приметив огромна разлика. Освен ако не почна порано во 3ти месец, тогаш почна да се буди за јадење на 3-4 часа, некогаш на 5, претходно врзуваше 8-9 часа За некои бебиња кои многу ги погодува и 4тиот скок и прогресијата е страшно, така беше кај снаа ми
Не знам стварно, кај нас ништо посебно не беше 4тиот скок. Првите три беа страшни ама 2-3 дена траат и не се осеќаат толку. Кога го поминавме четвртиот си викам гајле немам зашто од 5тиот ништо не очекував, мхм. @Tiny Love Не знам што да ти кажам Не мора да значи, има мајки што не ги осеќаат скоковите, други имаат помош од свекрвите и пак не им е терет ама ако си сама може да биде проблем.
Па веројатно регресија се нарекува зашто се намалува потребниот сон во 24 саати. Во првата регресија околу 3-4 месец се намалуваат дремките од 4 на 3, втората околу 7-8 месеци се намалуваат од 3 на 2 дневни дремки. Јас првата регресија не ја осетив, втората регресија цела недела не спиеше ноќе, претепани бевме со мм.