Јас цело време велам ќе спиеме кога ќе пораснат, ова сега додека заврши едно па почне друго нешто, па заби во меѓувреме и уште што не
Знам дека скоковите не секогаш почнуваат како на апликацијата, сепак е индивидуално од бебе. Ама ме интересира, ако досегашните скокови се јавувале фиксно, пример секогаш недела дена пред апликацијата или секогаш точно според апликацијата, небитно, дали е можно некој нареден скок да дојде порано или подоцна од тоа?
Ако побараш на нет ќе видиш дека има мал скок во 3та недела ама не го пишува во апликацијата. Инаку, првите 3 скока се такви ептен напорни со висење на цицка, често будење итн ама кратки се и се трпат. Моево мислам до 2 месеци беше во скок, многу захтевен беше како новороденче, до душа уште немам здивнато ама подруго е.
И јас со 4тиот не видов многу мака, ама сега сме во 5ти и ова е боже ме сачувај, нерви немам веќе, 24/7 само да се вика и да се вришти на цел глас, јас не знам што ќе беше ова, таман ќе заспие и ќе речам добро е он ќе ги отвори очите и ќе почне пак да вика или па се смее, се превртува, 1 минута не е мирен. Ако имаш помош по лесно ќе ти биде јас мислам, јас сум сама по цел ден мм е на работа и касно се прибира, ниту сум јадена како човек, ниту седната по цел ден е во раце и шетаме по собите, така стоејќи јадам и него го држам со една рака, лудило ме фаќа навечер поготово многу тешко заспива со вриштење, па се тегне, бутка, ме штипе по лицето, страшно нервозно ми стана детето јас не си го познавам дури.
мислам дека може, сепак се совладуваат вештини што некое бебе може да ги пројде и пред предвидениот скок на развој. кај нас барем имам забележано така, кога ќе совлада некоја вештина, баш тие денови е најзахтевна. до сега првиот скок според апп како да не постоеше (наместо тоа, најголемата прва промена се случи во третата недела), потоа вториот се совпадна со апп, а третиот ко да дојде и веќе пројде порано (според апп моментално треба да сме во громче).
Четвртиот скок ни е во тек и многу се мачиме значи. Бебче не знае дали да спие или да е будно. Сака да спие во раце да го нишкам , ама и да ме тепа со рацете сака, па ќе се разбуди после 30мин па ќе скенка сака да продолжи да спие а не може. Зс цицање исто не сака да цица понекогаш едвај ќе му дадам...
Мајки со бебиња во втор скок сега,како го поминувате? Според апп ко што сфатив утре ни завршува 2риот скок (термин 05.02) досега беше супер,вака преку цел ден си е супер си јаде си спие весела е и навечер кога ќе заспие спие ко топче ама додека заспие е мака мачење кенкање молење.Третиот скок треба да почне за две недели претпоставувам ќе видиме како ке биде. И да прашам нешто тоа громчето на апп на пр. ако е на почеток или на крај тоа значи дека тогаш е најкритично?
Како го минавте 6тиот скок. Веќе неколку дена сѓе влезени почна да не сака да јаде ни млеко не пие баш. Јадеше солидно два оброка на ден сега ќе изеде малку и плаче без веза па сака па не ска ада јаде и он не знае што сака. Кенка се нешто не е погоден... Само надвор седе мирен и само вик амамама амамама. Бама бабаба мааба мамама не престанува
@Lovebug01 се врати ли во нормала цицањето? Знам и ти имаше мака не сакаше будно да цица бебе,дали после скокот се нормализира?
Цицањето се нормализира, ама со заспивање сме хаос сега. Денските дремки сум среќна ако отспие 3 пати по 40 минути. За заспивање е тешка никако да ја одвикнам од нишкање во раце. И ја ставам во креветче, или одма се буди, или во рок од 10 мин е будна. А не беше таква. Имаше ваков период во 2риот или 3от месец, се надевам дека и сега ќе е така и ќе се вратиме пак на старо. Ноќе се буди еднаш до 2 пати, за цицање, спие по 11-12 часа. И давам dream feed, ама често се случува да се разбуди и да не можам да ја заспијам. Синоќа се мачевме цели 3 часа! Се надевам ќе помине пошо веќе сум на раб на издржливост со нервите. Само додека да помине, 5ти скок ќе дојде. Офф не знам што да кажам.
@Lovebug01 Значи да се надевам дека и мојата ќе почне да цица будна.Инаку и мојата заспива само со нишкање и спие во раце,најмногу 45 мин,за да може додека е полузаспана да цица.Најмногу ме загрижува цицањето...со дневните дремки веќе се помирив.Денес за прв пат баткото ја заспа во количката и спиеше 10-15 мин.ама додека да ја кренам се расони и мораше да ја нишкам да почне да цица.Маки..А ноќното заспивање е со плачки...се бута да цица вадам цице ако фати смукне неколку пати па се тргне.. 4 месеца и 10 дена е...незнам уште колку има од скокот ама се надевам ако не друго барем да цица будна...
Ќе помине.. Јас во стоење ја цицав пукнав...Се шетав низ соба со бебе од 6 кила закачено на цицка..После тоа почнав прво да ја заспивам па да оддреме па кога ќе стане одман да ја цицам, си прифати така.
И јас некогаш во стоење,ама најчесто заспивам да подрема и после ко се буди.Веднаш ли после сокот почна да се нормализира цицањето или пред да заврши? На колку саати ти цицаше одприлика? Те отеков сории
Па нешто пред крајот на скокот се вративме во нормала. Али како излеговме од скокот, почна ова со спиењево така да не знам точно ни кога заврши Цицаше отприлика на 3 часа.
Majki kako da se prezivee skokot na 15 meseci, prva nedela i strasno e.Mislam deka denes samo na lusterot ne se kaci, jadenje, spienje se e haos a placenjeto so vreskanjeto mislam deka ke zbudalam.
Претпоставувам и моето бебе е во 6тиот скок. Скрос истите работи ни се случуваат. Од солиден јадач, стана нејадач. На млеко живее периодов. Ќе касне 3 лажички и толку, почнува да плука, да турка на лажицата и да се врти. Немам нерви веќе, се откажав. Се надевам после скоков ќе се врати во нормала. Башка успивањето е хорор. По 7, 8 пати се буди на легнување во креветче и тоа со вриштење, па дур се смири, страшноо. Плус и преку ден е кенкав, се нешто не му е погодено и само ползи и се се исправа на ноџиња на се што ќе најде успат, маса, комода, столици и цел ден се бркаме. Минута не застанува и исто само вика.
Ајде мене за 8ми скок некоја да ме исплаши @elenaklasik Читав во search пред некој ден дека едвај спремале роденден од скокот, дајте некоја со поубаво искуство.