ти спреми се за потурбулентно, за да те изненади Кај нас не беше тооолку напорно, дали сум свикната не знам, но се издржуваше, знаеше да се заигра. Во овој скок многу е важно како детето го поднесува овој голем чекор, за заодување. Во смисла дали е поопуштено, дали е поплашливо, дали лесно ќе пушти чекор или ќе му треба време. Мојов многу беше внимателен и тука беше насочен, вежбаше ама едно те исто, само стоење па дури на крајот на скокот почна повеќе да се ослободува. Дневните дремки му беа така поиспрекинати и тука се живцирав, таман сум почнала нешто да работам, за 40тина минути му се прекинуваше сонот. Навечер се будеше двапати до трипати поретко, ама призаспиваше со цицање. Сѐ на сѐ не беше многу тешко, дај Боже и кај вас така да биде. Овие последни скокови пишуваше дека детето можно е да биде кенкаво, ама ги поднесува подобро, во смисла се камуфлираат, пософистицирано му е однесувањето, дека знае да се снаоѓа наоколу, ги разбира односите. За пелени менување немам сега тешкотија, се замамува со количе, а за јадење, и тука е арен да не го заречам. Заодувањето на која фаза е?
Плашлив е ама кога ќе се заборави со топката се пушта и може да изоди 2 метри, тоа му е максимум. Вака си стои често, ако треба да се префрли од гарнитура до маса прави чекори ама сепак си преферира лазење. Јас уште скокам околу него кога се пушта, многу ми е страв да не се удри некаде и да се исплаши ама засега добар е, не се пушта ако не е сигурен во себе.
Овој првиов скок што е крај на 4та и почетпк на 5та недела, не го поминуваме страшно, освен што навечер сака на цице да дреме по 100 саати и не можам до тоалет да отидам. Вториот скок сташен ли е? Како го поминавте, со какви "симптоми"?
Ау сваќе, зетко опасен.Не се нервирај сваќе ќе помине и тој скок, ќе дојдат тантруми, ќе поминат и они ќе дојде друго , па пубертет и ако преживееме после пубертет ќе биде полесно
Ајјјјј лелле , ќе си пукнам , исто и кај нас. Да си земам утре тампони за уши , кога ја дигам од вриштење ми затапува слухот .. @0ли обично враќам низ темиве да се пронајдам , но верувај немав време овој пат . Фала ти
Лелееее, само што пишав во темава дека се е ок, и ете ти, се пореметив од прееска, само сака да цица, заспива на цице, а го кренам одма се буди и плаче, не сака сам да заспие, сака да го тапкаш по газе, или да го галиш по главче, па едно време ништо не сака!!! Луѓе глава ме боли ќе ми експлодира, збеснав и јас со него.
Чееекај рано ти е зимата Ќе дојдат скокови кај што нема да сака да цица ни да спие и само ќе кенка. Ама се си поминува, а и нови вештини учат така
Како се справувате кога одбива да цица и плаче? Давате шише? Втор скок прв ден Цицаше убаво, но попладнево борби.
Види у тем адоење повеќе совери ќе има. Ама шише не давај. Менувај положби стоејки секако полузаспано пред будење и слично
Чекај да заспие и полузаспано давај или кога се расонува, затемнета просторија, тивки песнички во позадина, бели звуци
И ние во втор скок борби ама траеше проблемот 2 дена после се се врати во нормала, едноставно одбиваше јадење на ад сме
the wonder weeks апп ја немам ама гледам слики овде постирате,ај кажете што значи громчето а што облачето со сонце?
Громчето се критичните денови, облачето дека нема да биде расположенко денови опфатени од скокот шарено расположение
Мислам дека сме излезени од 4ти скок( 4 месеци и 17 дена),ама продолжува тешкото заспивање,никако да се занесе цврсто и ноќе сврзуваше по 5-6 саати сега одвај 3-4.Ќе се врати на старо или така ќе е?Си викам гладна да не е?Градите памук Многу касно заспива.Конкретно синоќа заспа накај 10:30и си викам добро е..во 11ч веќе беше будна цицаше и не презаспива никако,нишкав 2 саати она се тегне не и се спие.Конечно накај 1ипол заспа.Секоја вечер е така.Неможе толку мало бебе толку касно да заспива Како да ја научам да заспива порано?
7 месеци е порано од 23ч нема легнато. Никогаш. Најкасно 1 ипол заспива. Кажи ако најдеш начин, јас не успеав, и не е во скок моментално, но касното заспивање си остана