Ќерка ми е 24 недели, од синоќа почна со вриштење во спиење дури со зајдување, од памет ме извади ептен е тешка за заспивање, многу е нервозна. Вчера реков ајде да ја прошетам среќа што и кенгур земав, кога врисна дете лелее зажалив што излегов и цел пат до дома она у кенгур си го помина, количката празна ја возев. Ама што е со вриштењето, зошто? Цел скок ли така ќе вришти?
И кај нас после 4ти скок заспивањето е хорор,во раце никако со нишкање. Сега ја заспивам во количка,ама налегната не, полуседната како во релаксатор,заспие и ја спуштам.А со цицањето @Lovebug01 како сте?На колку часа цица? Мојата си остана проблематична.Па сега и оти пробува вкусови мака мачам со цицање.Обично сите после кашичка бараат цице она спротивно.Лудост ме фаќа..од дома не сум излезена ради тоа нецицање
Па океј е вака со цицањето, цица на 2 и пол, 3 часа ама она никогаш не бара да цица, јас и давам одма кога ќе стане од спиење колку исцицува не знам, нешто слабо ми напредува последно, а млеко си имам... барем мислам дека имам. Пред некој ден немаше цицано од едната града околу 5 часа и измолзев 50-60мл од таа града...обично од двете и давам на подој ама се случи да ја прескокне едната, сабајлето не цицаше од неа и ја одмолзував. Ноќе цица еднаш до 2 пати.
Во втор скок сме и незнам дали е од тоа ама бебево цица најмногу 10 минути па и помалку некогаш 7 или 5 минути и потоа се трга и плаче кога и давам пак. Од скокот ли е или не? Незнам што да правам..
Ние 3тиот скок го завршуваме и до сега не е толку страшно добро помина ама исто и ја кога читам вака 4ти 5ти скок страв ме фаќа ама таман 4ти скок ќе бидеме во МК па се надевам од толку луѓе околу неа нема да го осетам баш така јако
Исто и ние катастрофа. Најтешко ми е со цицањево што не цица како порано. Порано кога и да и дадев и сама постојано бараше. Сега 5 минути, се трга и ако и давам пак плаче. Ретко ептен 10 минути да се заборави.. кај тебе како е со цицање?
Кај мене... никако гладна е како рис, ама дури да фати оф и леле. Прво вриштеници за цицање, па ја ставам на цице, ќе повлече три пати па пак вриштење, па неќе да цица врти глава лево десно со вриштење и зајдување.... ќе ја кренам и ќе се смири, ама 5 секуни и ајмо пак вриштење, па ја ставам да цица пак, почнува да цица лакомо и се изнаголтува воздух, па ќе ја кренам да ждригне пошо ако не ми се дави, и ајмооо вриштеници од ново па ќе се премори, ќе подзаспие, ќе ја фатат грчеви или ќе и се кака, па се буди со плачење и цеееел ден истото навечер ќе се комира од шо не спиела ич, уште 2 пати ноќта цицање и од сабајле пак плачки за какање... и така....
Леле значи исто.. Мојава помала цело време сакаше да цица сега 5 минути и готово ако и дадеш од кога ќе се трне од цице плаче на цел глас.. Добро е само што преку ден бара почесто.. А навечер да не збореме станува повеќе пати само што ќе ја ставам 2-3 пати ке цицне и заспива, и пак ќе стане и пак истото
Ние демек излеговме од 3ти скок, и сеа полошо е. Повеќе е намрштена и кенкава, слабо и се угодува, цицање катастрофа не сака да фати, плаче се тегне, веќе не знам на глава ми се иде да стојам за да фати, во раце не сака, легната не, полу легната не... едвај фаќа.. А спиењето ниту и било некогаш лесно, сеа уште потешко заспива и ич не спие. Како ќе е натаму не знам.
Исти бевме и ние ми се чинеше дека 3 и 4ти скок воопшто не се разделени Само што искочивме од скок ама хаотичното однесување остана
Ние сме во прв скок Бебе мое само спиеше одвај се расонуваше за цицање сега од цице не е мрдната не спие мирно и не спие воопшто да не речам ако заспие за 1 саат е разбудена Вчера мака мачевме од 4:30 до 12:30 важно се кршевме со јајце Христос Воскресе се рековме Не ни знаев дека има скок толку рано хормони уште не средени си поплачив сношти оти не знаев што и е
Ау што збориш.Моето не е спијач.Плака оти е уморно ако земам да ја нишам и ја легнам вришти , ако ја исправам пак вришти, ако ја оставам сама да спие пак вришти, цице, боцка има.Така некои 30 мин и преморена задремува со неколку будења додека зацврсти.Само што сум ја оставила и ќе земам нешто да правам еве ја мјаука да ја земам.Што ќе правиме со овие деца не знам.Отидовме на гости вчера си се издуфта, ќе почнам по комшии да ѕвонам и да ја оставам на преспивање. @KittyCat:) плакај си мајка ,така ќе ти олекне.Мене ми е второ па и јас си плакам .Да не ви почнаа грчеви?Оф кој ги разбира бебињата да дое да ни преведе.
Грчеви нема сеуште пу пу машала да не ја урочам хахаха не сум спиена ич преку ден не можам на вечер по некој саат тоа е здрави и живи да се некогаш ние сме правеле така сега тие нас
Ќути, не прашувај, со трауми сум. Една недела пред громчето во 8ми скок, а почна порано Ни се тера, ни се води. Повеќе личи на тантруми отколку на скок. Не знам како да се справам со трескањето од земја. Да е поголем и да разбира, ќе преговарам, а вака не знам. Мора да е по негово, мора да е 24/7 надвор, да ги тегне за уши сите улични кучиња, да ги влече за опаш мачките, сам да ја вози количката и да извади се што има во корпата доле, да јаде трева и пикавци од улица итн. Ако не е по негово, ќе се вртат сите по нас да видат зошто вришти Се тешам барем спие ноќе, се буди неколку пати де ама не е страшно.
И ќерка ми ни се води ни се тера преку ноќ се смени. Многу е нервозна, ништо не ја занимава веќе. Тоа настрана, што е со вриштењето во ниедно време? Свеста ми ја зема
@Krofna* Изгледа сите ќе се поврзани од сеа натаму. Од ден во ден како е поголемко малку измислува нешто... @Ava.84 Со спиење е исто, така од првиот ден откако е родена.. Туку за другитр работи мислев полесно ќе биде како ќе расте, изгледа обртно ќе му дојде
Кошмари Пробај да ја разбудиш полека, збори и, гушкај ја, ќе се смири. Стресно е знам, од памет вади ама мислам дека една недела најмногу траеше тоа.
Како го преживеавте 4 скок? Мојата е месец предвреме родена значи сега почнува ама не се трпи. Нека плачи ќе ја нишкам ама не сака никако да цица. Не знам што да правам повеќе. Со силиконска, без, во затемнато, со лажалка цуцла без легната седната никако. Дајте совет гладна е а ја ставам да цица пишти вришти не фаќа се трга турка како да ја коли некој. Ми е страв со шише да и дадам зашто ќе се одбиеше на два месеци така. Кенкава е плачи ама доењето ни е голем проблем. Каков било совет е добредојден!