Успиј ја па дај и да цица, јас така правев можеби цел скок, исто како вас бевме. Смени по завршувањето. Само трпение, многу е тешко знам но ќе биде подобро.
јас велам да се отвори една тема скокови во развој според wonder weeks app, да се стават скриншотови од сите десет скока, да се пинува и заклучи.
Ужас. Во 3 ноќе заспиваше, со саати се нишкавме. Петтиов скок катастрофа сме со спиење пак. 9:30 заспива, во 12:30 се буди и се журка у креветче до 3 јас стварно веќе размислувам за dr goodnight, ова со заспивањево што трае до саати, што неможам да ја спуштам во креветче без да се разбуди и што мора да заспива само во раце со нишкање, ме убива.
3 пати дремнува по 40 минути отприлика...некогаш повеќе некогаш помалку. Последниве денови вака се буди ноќе, а иста е рутината. Претходно само заспивањето беше проблем и си спиеше цела ноќ со 1-2 будења само за цицање. Денес стана во 9, вчера во 12 што зе немаше случено од ко е родена. Ама вчера имаше 2 дремки, мораше толку да има зошто во 9 најкасно ја легнувам да спие.
Лелеее, ќе пукнам, таман го ставам во креветче, уште пред са го легнам отворил очи, и почнува да прета, и ќебето го истуркал цело, тоа игтачката нас креветчето буквално 3 минути му е занимлива, се бута во оградиците цела глава ја бута, и дреме така, некад заспива, некад не. Ако не заспие почнува да вришти да го земам во раце, и пак од почеток почнуваме се, со нишкање со лулање, со тапкање по газе, и за 40 мин знае да се разбуди, ако вака остане и јас ќе размислам за Др.гуднајт, ова не се трпи, буквално не сум спиена, и како сака си прави, и грб и кичма, се живо ме боли од што го држам, а не е мал со килажа.
Треба едино да користиш времево надвор а дојде време за дремка пример била саат ипол 2 будна одма надвор за да спие. Малку е 40мин дремка пробуваш да ја презаспиеш одма? Моево тој период кога се будеше одма ќе го начекав давав цуцла и го возев низ дома. И после тие 40мин уште 40 врзуваше. @kukla21 пиша за една апликација и пребарај ги постовите нејзини за будноста после 40мин баш зборевме. Апп беше Хаклбери мислам не сум ја симнала ама можеш да ја пробаш за да и го следиш спиењето и денски ако е добро наспана, одморена,најадена ноќе ќе ти спие. Веќе од 5м па и 6м може да спијат по 10 саати еве моево врзува од 21 до 5ипол. Ама пример ако во 18ч се успие до 19ипол одма го будам не го оставам. Правам мене да ми одговара темпото секако и него да му одговара и да се научи кога е време за дремка од 1час, а кога се спие.
Кај мене да, од третиот скок почна штрајкот до крај на 4ти. Пукнав тој период мислам. Сега сме 2 недели пред 5ти и пак нешто ме зафркава
Кажи ми термин кога ти беше ќе проверам, по термин се рачуна. Инаку ќе извиниш, сме влегле вчера во петиот скок затоа пак почна да дивее