До тогаш би требало да завршат грчевите тогаш други маки ги фаќа...моево само што излезе од 3ти скок,како да влезе а не да излезе...23 часа во денот е супер, си гуга, се смееме, се е супер, 1 час во денот мора да се вришти да се крева цела куќа, смирување никако...незнам што го снајде
Моментално е влезен во 5ти скок. Четвртиот го преживеавме така што скоро сите дремки му беа во раце, потоа се среди недела две и сега пак исто . Во денот дали една дремка му е во креветче, другите во раце по 30-40мин. Повеќе време го заспивам одколку што спие. И многу рано станува, денес на пример будни сме од 4:30, мене ми се спие ми се плаче, тој расположен за играње. Кенкав е скоро цело време, почнува да добива separation anxiety и само што ќе излезам од собата или му свртам грб, веднаш плачки. Ова само во првите неколку дена од скокот, за наредните недели ќе видиме како ќе биде.
Секое бебе си е приказна за себе, не мора да значи дека нешто ќе се случи. Малата моментално е во 4 скок и до сега ниеден скок не осетив, па ни овој.
Леле не ми збори, од прв скок од 3 недела е неподнослив, ќe заврши скокот и супер е, сега пак, еве нема спиење, повеќе вриштење, му се цица а не цица, туку вришти, крени го ќе се подсмири, не сака да го облекувам, не сака да лежи сам, абе не знам кај ми е главата овие недели.
Да ти кажам првите два скока ги поминавме со вриштење во 4 сабајле, да стануваат сите да видат што му е на бебето..среќа и за двата скока бев на поседок кај моите и лесно поминав прилично зошто го занимаваа и тие...за третиов скок ни почна исто како другите два порано малку, ама не беше страшен малку една секунда плачи друга се смее мислев помина...на апликацијата ми кажува поминал скокот реков ајде преживеав уште еден, епа ми врати зошто така реков...три дена по ред по еден сат вриштење без престан, ни цуцла ни млекце ни нишкање ни гушкање ништоооо...ај што е напорно и жално е,незнаеш како да му помогнеш..е четвртиот скок незнам како ќе се преживува
Леле тешко нас Се си се тешам ајде ќе порасне, ајде ќе биде голем па ќе ми фали ова ама веќе не знам, сега и вакцини кога ќе полнат, па и заби, во комбинации со скок- ПРЕКРАСНО! И јас ќе одам кај моите после вакцините, и во некој долг скок кога ќе е, паметна работа ти е тоа мајка ми знае да го смири и него и мене, јас сум паничарка голема, плус како што не сум спиена, баш ќе се одморам кај моите. Полудевме иначе со мм, не се издржува без спиење стварно, таман мислевме се среди кога излезе од скок, и опп сега пак, без престан плаче саат време, исто како што кажуваш ти, ништо живо не го смирува, не сака ни да фати града, ма ништо бре не сака во тој саат, не дава ни да го пресоблечам, само во раце и "меее" цело време
Да ти кажам ненамерно се погоди да сум кај моите ама убаво поминав..едниот фати го другиот нишни го и подруго е..вака сама,сопругот се ми помага ама оди на работа значи јас пак сум 8-9 часа сама Е сега за тој 4тиот скок неможам пет недели да се преселам ама кога ќе е најжустрото ќе скокниме некој ден на поседок
Мене па навечер ми спие ама преку ден ме уморува. Не можам до вц да одам цело време сака во раце, а за спиење ја нишам на нозе само така заспива и цело време да ја нишам.. ако ја оставам за секунда се буди.. И со цицање ќе полудам, ако ја ставам да цица писка, вришти како кој знае што да и правам.
Пак ли се пореметува спиењето во 5ти скок? Од 23 недела ли е?( Малата е 22 недела и 3 дена),ама по датум на раѓање. Заспа синоќа во 2ч,во 3 цицаше,во 6ч будна,пак цицаше и во 7ч заспа со нишкање.Во 8ч пак будна,несака да цица и еве си ја заспивам веќе 50мин. Вчера цел ден имаше 3 дремки од по 10мин.и пак нејќе цице
Ova app-ot moze da utre so presmetka za skokovite taka? Si go simnav denes mi vika prv skok za 3 dena ama mene detevo mi izgleda malce ko podripnato
И нема врска ете и моето според пресметка не е во скок ама скок е траеше 4 дена од денеска имам бебе вратено во нормала
Ова што го опишувате како скок ние го живееме веќе еден месец, преку еден ден. Вриштење секој момент кога е будна, се смирува во една позиција во раце и така нишај успивај со саати. Долг сон сврзува од кај 22 до 2ч и пак со вриштење се буди. Има и грчеви, неколку врсти капки и сируп е пробано исто е. Не знам што дете ќе беше. Баби почнаа да идат за да ја подржат да не одменат со маж ми, полудевме. Два месеци има инаку. Не знам дали е за загрижување или такво е детето