Зомби сме денес, незнам маж ми како стана за на работа.во 2 заспа, во 4 стана до 6. Сега во 8 стана и еве ја заспива. Не сум способна јадење да и направам. Еве се влечам низ куња. Да се здрави и живи ама ова Едит: не заспа, си играме и чекаме кашичката да е готова, да ручка
Од прилика саат и половина. Секое приказна за себе обично од сабајле првиот прозор им е најкраток пример саат и 10-15мин дека има голем притисок за спиење од ноќното. Подоцна во тек на ден издржуваат по 10-15-20мин повеќе од вообичаениот прв прозор на будност. Секое приказна за себе. Не се води според стриктен прозор на будност туку од прилика, пример за таа возраст 1ч и 30тина мин види дали и се спие, црвени ли се веѓите, дали се прозева бебе. Тоа се рани знаци дека и се спие. Вриштење е веќе премореност како да се многу жедни, а да треба да пијат вода од хидрант за пожар... многу сакаат, а не знаат како!
Мислам моево од раѓање е во скок и никако да излезе, постојано да се кенка, се однесува како недоспана по цел ден а кога ке заспие спие макс 40мин и одново истата песна, навечер едвај заспива во 23ч како со мечка да се борам, станува ноќе по 55 пати, така да и скоковиве не ги ни пратам повеќе, синоќа беше врв утрово доби каша тегла неможам
Нас денес ни почнува некој скок ама нз кој, 8ма недела сме, сеа за сеа е иста ко претходните денови мада мислам дека нас скокот ни е малку понапред пошо све тоа што опишувате го имаше кај неа претхпднава недела... она се роди 25.03 а термин ми беше 30.03
Koga ni e gromceto vo vtor skok vo ravoj denov ni e ziva katastrofa nenozam nikakov red da mu fatam, samo place se stega se tegne zadremuva bara da jade pa ne jade, pa bljucka inaku termin na ragjanje mu e 28.03 se rodi 30.03 Ima li kraj ova ?
бебето ти е 40 дена.Ред на 40 дена нема.Сега почнува фазата на грчеви затоа плаче,се тегне и грчи.Скок на секоја недела две неможе да има.Ниту да трае по месец дена.Не знам зашо ги исчекувате тие скокови како којзнае шо па уште и датуми рачунате. Бебето е нормално да негодува.Грчеви,глад,жешко,неудобно му е,ја бара мама,се прилагодува на се ново.После ке фати орална фаза.Ке се лигави,ке го болат непца,заби ќе искачаат.Пак нема да спие Па ќе гради карактер.Ќе сака се да види,пипне,проба,да станува а нема да знае да каже.Ќе се инати.Па пак ќе плаче.И се така во круг додека не се оформи како целосно човече. Скок може да има на 3,6,12 месеци и тоа е тоа.Кога се случуваат вистински промени во развојната фаза.Скок на секоја недела нема
ќерка ми е во 6ти скок Се раниме по 1 час, устата полна со храна, ја држи, не голта и медитира. Не е толку страшно јадењето бидејќи се изедува, иако бавно, но спиењето и е лошо. касно заспива, касно се буди, и по 10 пати станува навечер. Може и заби се, нема сеуште, ама многу сум уморна бидејќи нонстоп станувам да ја презаспијам навечер
Еј ако ми веруваш 4 дена додека бевме во Охрид спиеше топ и ептен еднаш стануваше за цицање навечер. Вчера се вративме и еве ја се тркала во кревет, и јаде со молби.
Ние денеска 5та недела од раѓање сношти мислам ќе полудев до 12 и нешто не беше заспана. Заспијај стани и така во круг жива не наспана сум. Цицката ја користи како утеха дефинитивно прејадена е само повраќа. Плачи не и ништо погодено ај ја соблеков да не и е жешко не бе пак истото нозете пуцс како фудбал да игра и стварно не знам што да направам само надвор ми спија ама не можи на вечер во 12 да ја возам надвор сепак дува Што да направам?