Ќе може некој да ми каже според термин за на 02.04 дали сме во втор скок влезени според тоа што видов да ама не сум сигурна и како го поминавте??? Кај мене ме буни тоа штл од бебе кое ноќе брзуваше по 2 до 3 часа спиење два дена е бебе кое се буди на секој 1 час па дали е до скокот или нешто друго е во прашање мислење???
Јас да си кажам дека од 5ти скок натаму ние не сме излезени од скоковиве. Ете 3,4 месеци хаос. Скок, заби,скок,заби,заби, скок.. После тантруми и така. Почна 4 заби одеднаш да вади плус 7ми скок.. страшно. Заврши скокот, ги извади сите 4 заби. Реков супер, бар пауза 1 недела да направиме, да биде се добро. Епа нема. Ја вади долната двојка сега. Па плачки, па будење на секој час и играње во 1,2 навечер. Здравје кога ќе ја извади двојката, доаѓа 8ми скок и не знам веќе
Не ме плаши ние сме во 5ти скок и коса ми обеле волку тешко никад не ми било како сеа дури и кога се роди кога бев со рана и проба за цицање и све пројдов ама ова е хаос невиден
Сите деца не се исти. Да те утешам Не знам, јас се навикнав да е ваква, тоа е. Има денови кога е помалку кенкава има денови кога е неподнослива, ама ден да е во нормала, нема
И јас да се пожалам 5ти скок и Господ напомош Што им е финтата со врискањето оглувевме по дома Од дете што и само знаеше да заспие што претежно сам знае да се заигра сега по цел ден се вришти За заспивање па да не праам муабет до вчера само за ноќното спиење се мачевме со плачки од денес еве го почна и за денски дремки да прави драми Уште 23 дена имаме тек смо почели А да кажам дека 4ти скок не го осетивме и мама лабава не беше психички спремна за чудото наречено 5ти скок
Искуства со 7ми скок кало поминавте? Сега за сега мн е активен когс е буден и во спиење седнува и почнува да плаче му се спие го земам продолжува и на денските дремки и навечер знае да се случи. Заспивање во рацее само едната дремка кога пие млеко пред спиење и вечерта пред спиење исто млекото и гушнати заспиваме, инаку во количка онака не сака да заспива сам. А што убаво ќе се гушневме и си заспиваше. Др промени сега за сега не сум приметила .
Зошто на апликацијата и кај Др.Гуднајт не се поклопуваат скоковите?Или јас нешто грешка бројам.Термин 10.12,ја немам апликацијата И ние сме во фамозниот 5ти скок...не јаде,уста клешта затворена..незнам дали е до скокот или заби, денски дремки во раце..ноќе сака на страна да спие неможе да се намести се буде цела ноќ
Со полна 25 недела и неколку дена од 26 та завршува скокот така ли? Мислев на апликацијата е со полна 26 да завршува,грешка сум сигурно,@Snowflake92
Исто исто 4ти скок воопшто не го осетив уште си викав што толку страшно со овој скок ама 5тиов ми го наплати и 4тиот По цел ден кенкање, денски навечер будење ноќе, нејадење, хаос невиден Страв ми е да не затера вака и после скоков Бара во раце цело време ама го држам и пак кенка
Имате уште 9дена како што пиша @Snowflake92 и тек доаѓа громчето ептен е 3/4 дена пред крај на скокот таман да не дотолчи
Јаоооо..ништо не јаде а еве денес поручокта е со тт 37.7 37.4 Незнам дали се заби во прашање,бидејќи не кива не кашла,нема растечено носе.Вчера бевме кај матичната и ја прегледа,се беше во ред.И денес по тт.Барем да цицаше почесто.Секој скок одбива цицање
Нејадење и кај нас е секој ден Штом е се ок веројатно од заби крева тт, душиче скок и заби хаос и кај нас му отече непчето
И мојот не јаде вчера можам да речам на воздух помина и ноќта се будеше од што беше гладен и пак не пиеше млеко ке лизне едвај 50мл и ке задреме и по еден саат пак цела нок дали 100мл испи несум ни спиена ни седната арно оваа недела мм беше дома па се меувавме од понеделник сум сама и како ке се издржи ке видиме Само недај боже да се навикне вака Ахх што убав ред си имавмее