Здраво, дали може некоја да ми слика од апликацијата за скокот во 64та недела? Мислам дека ова е врвот, невозможен е, се дере како да го колат, живци снемав...ако излезам некаде одма вришти, додека си игра мора со него да си играм, се да се гушка, не можам да мрднам..страшно
Термин ни беше 7 февруари дали ќе може некој што ја има апликацијата да ни каже од коа ни почнува 4ти скок ви благодарам мајки
Здраво. Тие што се предвреме родени дали баш ви се поклопуваат скоковите по термин на раѓање или поместени се? Моево е 34 родено,ама некако како порано да се скоковите од што е предвидено.
Така де, по термин на раѓање, но по однесувањето кај моето како да не се скоковите пресметано по терминот, туку како да се порано.
App e toa ne moze da e tocno. Realno mene poveke mi koristat sovetite i znacite za skokot za da vidam sto kako se desava nego datite...
Ехе мајка ќе заврши уште малку скокот…мене термин ми беше 6 февруари имаме уште 6 дена од скокот,значи вие уште 7
А да прашам, по апликацијава вели за една недела прв скок, од due date, а по знаците мислам дека сега во 6та недела е во скок повеќе ми се совпаѓа со денот на раѓање, а не со првичниот due date… Кај некоја друга вака да е?!
I kaj mene ne e tocno i ne moze da bide jer criotransfer e detevo,5dena bese u lab pa ise godina u zamrzivac...kako da e tocno
Мајки дали некои од скоковите децата ги манифестираат со одбивање на храна??? Сега сме 77 недела и веќе две недели намалуваат со храна, нервозни се, сакаат да се гушкаат со мама многу повеќе од вообичаено и еве два дена имаме целосно одбивање на храна и доста намалија со пиење на млеко. Бидејќи се предвреме родени незнам баш дали се работи за скок во развој или е нешто др во прашање (пр. заби)
Сите скокови до сега со нејадење беа, еве сега излеговме од 6ти скок последните 3 дена од скоков со хранење по 2 часа и плачење на цел глас додека јаде и пак недојадуваше све, утредента ново бебе јадач, трпение само.
Официјално завршен 4ти скок, всушност имаме уште еден ден ама кај нас скоковите почнуваат по 3-4 дена порано па така сметам дека овој е веќе завршен…Толку психички се плашев и се спремав, се за џабе…не ни го осетивме скокот освен првите 3-4 дена ама имавме и грчеви па можеби и заради тоа беа плачките… Бебушов мој наместо да не спие тој почна по 7-8 саати да врзува за време на скокот…почна да се буди само еднаш или максимум два пати за млеко…си заспива исто како порано, мрази нишкање и такви работи, заспива во креветче со цуцла во уста.. е сега ако падне цуцлата мала револуција крева ама трчаме да му ја вратиме и си продолжува… Уште после 3тиот скок дремките му се скратија од сат, два на точно пола сат, а по број се 4…прозорот на будност му е од сат и 45мин до 2 саати и 15 мин… Единствена потешкотија во скоков видовме со јадењето…Кога имаше 2 и 3 месеци, моравме да му кратиме млеко зошто пиеше над 1 литар во денот, сега буквално се молиме до 700мл да стигниме…навечер е добар си пие убаво ама денски војна се води…ќе го носам сега на педијатар да видиме колку е напреднат, се надевам дека ќе е добар напредокот и покрај штрајков за млеко А во смисла на вештини кои ги доби, веќе е друго дете…Рацете постојано во уста и тоа цела шака, само почна да се врти од грб на стомак, веќе одговара односно се вети ако го викниш по име, фаќа играчки со две раце и ги пика во уста, пробува да се исправа кога е легнат, гуга поинаку, можеш цели муабети да си правиш со него, кога ќе види шише пушта раце и некогаш и сам го држи… Се на се да чукнам во дрво добри бевме ама мислам петтиот скок ќе ми наплати за овој