Барав да прочитам искуства за 8ми скок, и во твојот муабет се пронајдов од збор до збор. Имало лоши скокови ама овој е ... катастрофа. Преку ден некако заспива, ама за ноќното спиење си седиме до 00-01h и се со рикање како да го тепа некој. Обично заспива на 3.5-4h од дневната дремка ама сега знае да си седи и 8-9 саати. Немам сила веќе а само една недела е влезен во скок.. не знам како ќе се издржи уште 3
Значи 7 миов скок ме изеде.(мислам 7 ми е ) Не знам како можеше во исто време скок ,враќање на работа ,два заба (зошто би губела време за еден по еден ), и желба да оди . Упс и домашните со фикс идеи ги заборавив. Па и времево крш ,притисок не можам да си оправам. Плаче ако не е по нејзино или ако и земеме нешто ,не сака да заспие , заспива се буди за 10 мин со пиштење Се качува по кревети паѓа пак се качува Се кара ако ја пеам тапшин не знам што ја нервира Среќа јаде ама некако ослабена ми е ... Еве сега едвај заспа првин во лулашка после во креветче со нишање па некако да заспие. А вчера во 1:30 На работа сум ко зомби Да се здрави и живи сите ама ова скоковите душа вадат едвај чекам да поминат сите до еден и веќе да не ги гледам
5-ти скок до сега најјако нѐ дрма, поготово што е во комбинација со вадење заби и ужасниве жештини. ко да не мразев лето доволно, сега уште со бебе што заспива само на цицка. не знае што попрво, ѝ се јаде, игра и спие истовремено, дремкиве ни се борба.
Majki kako go pominavte desetiot skok moeto veke 3 dena zaspiva pa se budi so vristenje i place premnogu .
Велам не ги следам овие скокови ама веќе 3 дена не се издржува, плакање до зајдување по два саати.Гледам кај др.гуднајт дека уште неколку дена и крај со 4ти скок.Ама на интернет барав вика помеѓу 18 до 20 недела почнува.Само што почнал уствари.Ауу како ќе преживеам не знам.Какви се вашите бебки во 4ти скок?
Твоето е бебе на термин, со 19 полни ќе му заврши скокот и би требало да почне да ги покажува новите вештини, ма да не е стриктно правило. Имаше мојот такви плачки баш на почеток, не траеше долго. Сега е кај громчето демек, ок е. За чудо не е така лошо. Само спиењето уште толку му се влоши.
Кај нас освсн за цицање, и успивање што врескаше и не сакаше, не сетивме нешто ептен страшно. Кај неа тоа за јадењето уште од 3ти скок трае, само 1 недела бешњ во ред, и после пак хаос со молење, со лажење за да цица буквално ваква е кога види цицка. @doubleinfinity и кај нас заврши, не знам кога точно, битно престана штрајкот со глад . Се превртува од грбче на меше, цело време спие на страна, низ креветчето се врти на сите можни страни, како стрелка на часовник е, цело време се напрега на напред за станување кога лежи, и за седењњ во раце кога е, се муабети, писка, вика аааа, пее еее кога и се нана , омилена играџка ноџињата, ги фаќа и влече кон усте ама за малку и бегаат, наместо ноџе остане само раче во устето и се нервира и им вика. Ептен е смешна. Се врти кога ја викнат по име, се смее на баби, дедовци, имитира кашлање, се задева, сака да си играт со неа. Ептен е љубопитна се сака да фати и веднаш накај устето носи.Спие по пола саат откако е родена, има 3 дремки, едната ја презаспивам по 3/4 пати за да сврзе повеќе од пола саат спиење. И тоа едвај ја успивам, ама се надевам и тоа ќе се среди.
Тоа значи во недела.Страшно беше овие денови мислевме од жешкото и е вака.Па ми текна да видам да не и е скок, тоа е. Инаку од вештини како стрелка од часовник е, ја ставам во вертикална положба , ја наоѓам во хоризонтала.Се врти одамна на страна па чекам сега да се заврти на меше. Ножињата ги гледа и ги влече кон устата ама рано е за да ги дофати. Цица палче кога и се спие, а и веќе не можам да ја натерам да цица кога не е гладна, си се врти.Се смее кога сестра и и се смее па двете во дует се смеат.Преска дедо не гонеше,а ние бегавме и му се смеевме.Повеќе не сака да седи сама сака да е во друштво.Лигички и течат до нозете,а кога мама ке и дојде со главата ја фаќа и ја гушка и сака веднаш во уста да ја стави. Телефонот само ми го гледа и сака да го фати, па завршува со празен фат. Накај тв се врти да гледа ма макар и глава да скрши, а нема ништо за деца на него. За спиењето е исто, човек само што ќе се израдува дека спие, отворила очи, па ајде вози пак количка. Навечер стандард лошо спие, а особено од 4ч се буди на 5 минути.Ама нема ништо поубаво кога ќе се расони и ме клоца да ме разбуди , па кога ќе отворам очи ,се смее со најубавата насмевка на цел свет.
Леле мојата пред да наполни 2 месеци се вртеше во креветот така од вертикала во хоризонтала. Се чудев толку мала така да прави. До денес 2.пати се има свртено од грб на меше, ама денес едно 5,6 пати се сврте. Затоа е и на подот цело време. Исто и она е со лиги до доле, па само менам боди. Во тв исто гледа, по телефон се врти. Што генерација беа.
Кога е 4тиот скок кај вас, колкаво е бебчето? И јас читам по нет 19та недела, а бебе скоро 17та недела за некој ден, и е доста напорно, раздразнето како никогаш до сега и плус ми пие на половина од дозата млеко што треба да ја испие, и тоа на секој оброк пие само до половина, јас го поврзав со жешкото ама да не е некој скок тоа?
Утре прави 19 недели.Иста и мојате беше оваа 18 недела, не сака да цица,плаче за во раце, па пак не и е погодено и така, во круг.