Mojava e vo nekoj skok ne znam vo koj, mi odbiva jadenje place pri uspivanje kratko spie krajot ne mozam da i go najdam, tri ipol meseci sme
По раѓање е на два дена од 4ти скок, а по термин е на 7 дена…можеби и почнат е…издржи сега 5 недели трае тој, као настрашен е, ние супер го поминавме само првите денови бевме кенкави,плачевме после само одбивавме храна ништо друго, биди силна ти посакувам скок како нашиот
Исто сме и ние во 6ти скок и лудница е, главата не знам каде ми е само вришти на цел глас, уште од бебе си ја преспиваше цела ноќ а сега се буди станува со вриштење и после е расположен за играње, па среде ноќ пуштаме песнички и играме.
Неколку дена сме пред 6 скок. Фобија имам од ова скоковиве.,Какви искуства имате? @Alishan30 @Milkiway @Izzy_0504 @Happyinlove на вас ми текна што ви се бебушите месец-два постари. Помина кај вас?
Заврши скоро 6от скок, првите денови од скокот беше кенкава, потоа ништо немаше. Е последната недела околу громчето беше доста изразено. Намали веќе од 3 на 2 дремки денски и сеуште тера така. Само ноќе имаше најголем проблем, регресија во спиење. Си продолжува и ден денес, се буди на секој час, час и половина и плачи со затворени очи. Се заспиваме и потоа пак истотоа ме изморува. Со исхраната си беше се исто, немаше промени. Спиењето и пискањето ми беа препознатливи за овој скок. После него лази наназад, се исправа да седи и легнува и нонстоп тоа го вежба. Не гушка повеќе сега Со лесно да минете
По термин сте веќе влезени во 4ти скок, а по раѓање имате уште 9 дена…некои деца влегуваат во скок по термин други по раѓање, а некои и измеѓу…ние пример влегуваме 3-4 дена пред термин The wonder weeks, 3 долари мислам еднократно се плаќа
Ова со плачењево со затворени очи секоја вечер ми го прави по 2 пати Се си мислам сонува кошмари, штом ја земам во раце престанува… значи во скокот ќе биде журка Уште па и заби ако се погодат, суперрр… Уште немаме ни еден…
Си се пофалив како 4ти не го сетивме многу. И си велам 5+ е, уште 3/4 недели ќе нема скок, ама 5тиот бил сеа . Леле само што почна плачење, врескање, интересно ќе е биде изгледа. До сеа скокав качена на спалната со неа во раце, единствено така заспа.
Имате среќа вие што не вадите заби за време на скок, кај мене во 5ти скок ги извади двата кеца доле наеднаш, сега е во 6ти и гледам горното непце му е скроз побелено и отечено се познаваат веќе забите само уште нема распукано, не сум сигурна ама мислам дека и горниве двете наеднаш ќе пробијат. Искрено мене лудило ме фаќа веќе од тоа постојано вриштење нервите скроз ми попуштија, а он сирот дури и главата си ја мава од болка што има и премногу ми е жал кога го гледам а не можам да му помогнам, кога седи во хранилката си ја треска со сета сила, плус и скокот го дрма, со еден збор хорор. Океј си се пожалив само.
Ангелче бееее кај нас за две недели почнува, плус имаме гости тогаш од странство, плус 4 луѓе дома, јако ќе биде