Искрено, не го осетивме скокот.. нешто периодов почесто се буди навечер, ама уште нема ниедно запче, па се си мислам дека од тоа кенка.. иако не ми изгледа дека брзо ќе излезе.. Инаку како што кажа Алишан, многу има напредок во моториката - сам јаде, го совлада ситниот фат до 2 прста (палец и показалец), лази на колена, не само ‘војнички’ да се влече, од лазење сам седнува, се исправа сам на масичка, комода, кревет.. ако седи на кревет, се врти на стомак и се спушта на нозе застанува.. Башка мојот и во градинка оди веќе 1 месец, па и тоа мислам дека влијае позитивно на сите овие работи..
Гледам се пишува до кај 7ми скок и толку. Некоја за 9ти и 10ти да пише? Не знам што се случува скоро кај громчето сме во 9ти, а синко мој што ми ја искрши кичмата од думкање реши да почне да заспива сам Уште не ми се верува, еве трета вечер по ред како си легнува сам на спална и заспива одма. Да потрае ова една недела, па да почнам да славам Откако е роден, само еднаш заспа сам инаку цело време во раце. Може не се толку страшни скоковите како им доаѓа крајот. Петти скок дефинитивно никогаш нема да го заборавам, пиштењето во 7ми и трескањето од земја во 8ми. Голема лекција ми е да се постават границите во 8ми скок зашто после е многу потешко. Во тој период пробуваат до каде можат да одат.
Единствено после 7ми што ми е останато во сејќавање е немирно спиење од кога прооди. И тоа краток период. Далеку далеку полесно се поминуваат за разлика до 7миот скок. Мене мајката ми ја расплака во 4ти а и сега во 6ти. Ова вакво неспиење вриштење по 4 пати минимум во ноќ. Научи да се исправа и да лази а не да се влечи и се тоа па тоа ми го прави во креветче. Зборам за бебе кое си ја преспиваше ноќта и се будеше само за млеко. Дали и плус заби ке вади незнам но не е посносливо. Едно те исто,дремки кратки две во ден,преку ден кремкање и пиштење,а во текот на ноќта плачење и не знае што со себеси
Мајки денес ни завршува 36та недела,неколку дена веќе не сака да јаде,да пие млеко буквално го бутка со рацете,не сака ни да се бања,плаче,до сега не правела така,ептен тешко заспива. Некој со вакво искуство во таа недела,до кога ке трае,веќе не знам како да постапам,ептен е неподносливо
Извледа ни почна скокот неколку дена порано. Таман фативме ред со спиење и брзо заспиваше сега пак почнавме да се молиме за спиење. По цел саат се нишкаме јас гола се соблакам и потам, вода тече од мене, а она седи будна гледа во една точка ама не склопува очи не мрда а да ја ставам во креветче одма де буни Ај бар ќе ослабам Денес во кола се возевме значи 10 мин не седи во транспортерот, а немам како да ја залажувам зошто ни цуцла ни шише не прифаќа. Кенкава е од вчера по цел ден. Ништо не и е погодено. Сака исправена да стои а не може сама да се исправи и се нервира. Почнува да лази на колена и се поткрева на дланки. Плус мислам и непцето ја клука.
Ќерка ми е скроз како новороденче, само во раце заспива ( ова одкако беше 3 недели се нема случено, цело време во лулка, плачеше во раце), нишкајќи, гушната сака да е. Во раце спие, штом ја оставам, не плаче, писка на цел глас . Цела ноќ се врти на сите можни страни, со нас спие пола ноќ, пола во креветчето, на спалната покомотно и е. Во креветчето си ги става ноџињата помеѓу оградата, се удира или се свртува на меше и почне да плаче, не може пак на грбче да се врати. И цело време е на цице, што ми прави посебен мерак , од 3ти скок наваму душата ми излезе со цицањето, се на молење, нема што не пробав.
Дај некоја мајка да ме утеши дека после 6ти се врајќаат во нормала? Нрка вика птеку ден колку сака секако сум глува но барем ноќното спиење да се врати во нормала. Синоќа од 1 и пол до 3 и пол седеше буден па се исптаваше лазеше низ креветче плачеше не знаеше што сака. Лежеше и оп стануваше на гз па се смее ... мене ми се плачи па го буди поголемиот.... не ова е ту мач за мене. Може да беше сам ке издржев ама со друго дете во комбинација неможам да издржам. @Lovebug01 сите дрца заспиваат во кола уживаат ова малово мое само плачи и плачи никако не сака да се вози
Уживаше и мојава до пред некој месец за 10 мин заспана беше.,сега ѝ носам една кеса играчки и одма сѐ и здосадува. Не дај боже да тргнеме негде кога и е време за дремка. Тоа е рикање, страшно! Не попушта и на крај ја земам у раце и така заспива. Не можам ни да ја вратам во транспортер. Август планираме да одиме до Грчка ама не знам ни дали ќе одиме ако прави вака. Измачување е. Ај баш ќе пишам во друга тема како се снаоѓаат по пат или само јас не знам да се снајдам… А да, синоќа имавме и ние журка од саат и пол. Видов свежа се разбудила реков шо ќе се мачиме за заспивање и ја оставив во креветче јас продолжив да спијам. Не спиев, така лежев мижев. Она си лазеше, пробуваше да се исправа, кенкаше… Светло изгаснато, чекав само да почне да плаче за да ја земам да ја успијам. Некогаш си велам и добро што не е многу тешка незнам како ќе ја држев толку време..
@Lovebug01 @Happyinlove Јас па си мислев имам единствено дете што не сака ни во кола ни во транспортер. Само плаче ниту спие ниту седи. Ние уште 13 дена од 4 скок, ако сите наредни се вакви незнам што ке биде. Навечер се буди и си седи по 4 часа и повеќе не сака да заспие. Преку ден дремките се катастрофа, секое заспивање со плачење, навечер додека ја оставам цврсто заспана во креветче 2 часа поминале
@girl__20 Се пријавуваме и ние. Ни транспортер, ни количка, ни возење во кола ништо не сака. Само во раце. Затоа освен кај сестрами и мајками никаде не сме искочиле. Еднаш бевме до парк, количка се турка празна бебе во раце. Епа неможам до толку да издржам. Затоа дома ќе си седиме. На темава, 4 скок, запче на пат и денес примена вакцина,ќе биде журка, повелете. Почна многу нервозна да е, верувам од запчето и е. А какви се звуци не вади, кога се лути вриска не плаче.
И ние се вративме сеа од шетање, мм си турка количка, јас си носам бебе. Насмеана од уво до уво оти во раце е. Инаку писка, плаче. Како расте, ништо не сака, ниту количка, транспортер, лулка, креветче..
Ау и мојата звуци вади.Ново и е ИИИ како кога ќе се изненади човек.Прво мислев големата прави, после кога разбрав дека е малата мм го терав да ја гледа дали дише.
Со што се манифестира 4ти скок? Мислам дека веќе сме влезени, не сака да цица, навечер вришти одвај се смирува за заспивање, што друго може да очекувам?
Isto i nie sme nekolku dena u 4 skok, mojava e kenkava, saka samo u race eventualno u igralna da posedi do pola saat maks dur nspraam rucek, 120ml gi pieme saat vreme, mng lesen son ima ne smee covek da mrdne, se zaspivame strogo zalepeni na obraz i so ispustanje na nekoi glasovi za mene smesni
Моето не се враќа во нормала, скоро излезе од 6ти скок По незнам колку пати навечер се буди и вришти. Наутро е станата и седи во креветче и вика да ја земам, се исправа по оградата како мајмунче
Леле значи чудни деца денешниве Јас колку што имам слушано од други мајки цело време во кола им спијат, некои намерно одат да шетаат со кола за да поспијат децата. А за звуците исто и мојава некои чудни, некогаш како да се радува некогаш како да е лута. Не плаче а вика
Елај си Во кола ичччч не сака хорор ми беше одењето на одмор. Само плаче го оставив и плачеше 20м со крокодилски солзи се дури не најдовме излез од автопат да прајме пауза За спиењето го пројдовме ова дури му избија двојките сега да не се заречам ама спие добро е