Вечерва и цицање ми одби, ко да бега од цице и зајдува од плачење. Заб почна да ме боли од нервозамаж си го доби. Ќе бидат овие долги 4 недели
Два дена пред 6ти скок. Страв у коски имам од скоковиве, многу лошо ги минавме сите до еден. Едит: @Lovebug01 како сте вие со скоков?
Јас не ги пратам скокови е и полесно ми е психички. Со првото се замарав, бев на штрек цело време, а ништо посебно не се случуваше...
Отворив да видам дали е до скокот пошто не знам што да правам во моментов.. вриштење на најјако, кога сакам да го седнам во релаксатор или количка или на соблекувална он се истегнува наназад, како да се фрла со сета сила… вришти на пресоблакање, во сред ноќ одеднаш вишти, ме бутка на сред цицање, па вришти пошто не е дојаден… кичмава премногу ме боли пошто или сака во раце или почесто оди низ цел стан и само трчам по него да не фати нешто што не треба, да не преврти столче или маса пошто на се се качува… А тек смо почели.. кај се уште 4 недели.. ќе се мрднам..
досега не сум плачела на скокови ама сега да. Ќерка ми цели 15 саати не сака да цица, може и нема веќе да цица никогаш се пробав, и темно, и тивко, и светло, не ни повлекува, кога ќе виде цице зајдува. Намачкав да не е до непцата, не и се потечени ама и тоа пробав, не бре. Вода и давам, пие. И направив доручек 200гр. изеде. спие, во сон пробав пак вриште. Во 3 ипол синоќа заспа, толку многу плачеше, што не испаничи со маж ми дури. Гледам не ми реагира на болка, кака, мочка, ама зајдува, валда од скокот и е. Останува уште да се измолзам и така да пробам, ако и тоа не бива, што ќе правам ако нагло вака ми престане да цица? Градите меки, не ме ни болат, но зар може вака нагло? Како ќе правам со оброците? и вештачко ќе купам да пробам. Немам нерви, многу се разочарав што вака се случува Милион прашања имам, не очекував до волку. Јас имам трауми од вриштењето, дури и сонувам и си замислувам дека вришти. Стомак ми се преврти од страв.
Јас му најдов цака сега дека коа и да ме види мене или мм плаче вришти се дере, а кога ќе го оставам 5 минути да поплаче во транспортно креветче се смирува и како на интервали знае да заплаче... се им е досадно не знаат што да прават буквално не знаат што со себе. За навечер само со едниот од нас кога спие е мирно али ако сме сите на куп се дере вришти и плаче. Ако не сака да цица тоа е јас веќе млеко не му давам зошто ми ги одбиваше оброците само млеко и млеко и секој пат дерење кога ќе снемаше и сега сабајле и навечер кашите млечни му се па така го внесува. Другарка го одби малиот на 8 месеци зошто и се будеше навечер за цицање и не спиеше мирно на 9 почна во градинка и таму нормално оброци, ужинки си има. Мојот има 3 оброка по 200-250гр и две ужинки шмукалчиња јас дома што му ги правам со овошје некогаш и со зеленчук му ги мешам. Гладно нема да остане не се секирај
Првиот ден од скокот по апликацијата вечерта пред да заспие вриштеше цели 45 минути без престан. Цело време ми беше во раце се искилавив. Не сакаше ни да цица. Од нервоза ја спуштив во креветче и ја остаив 10 минути така да вришти, ја намачкав со гел за забчиња си реков да не е од тоа, ништо не помагаше. На крај некако ми заспа во раце ја спуштив во креветче и после некое време ја земав ја надоив. Друга вечер после неколку дена истото ме снајде. Се успивавме од 9 до полноќ, што се немаше случено од 5скок. Деновиве е ок, само што ако не е наспана кенка и бара во раце. Громчето ни е следната недела (сега сме на почеток од втора недела од скокот) и ме фаќа страв. Дремките ги намали од 3 на 2 подолги дремки. За разлика од транзицијата од 4 на 3 дремки, оваа транзиција од 3 на 2 мислам полесно ја помина. Денски има денови кога се буди после пола саат-45 мин ама ја презаспивам. Ноќе се буди еднаш до два пати. Почна да се исправа сама и да лази поубаво. Разбира кога ќе и посочам одредени познати предмети се врти кон нив. Воглавно досега не е страшно освен тие 2 вечери што пишав погоре.
Околу 10месеци има ли некаков скок? Не пратам ова ама да прашам.Бебе ми е ем болно, ем вади заби ем се дере нон стоп, не знам што му е веќе.
Нај тешкиот скок. Хорор е благ збор за тоа што поминавме. Па и 4 запчиња извади уште има последици од скокот, не сака да јаде
Те прочитав горе и жал ми е што поминувате и двете низ ова… мене малиот ми беше со темп 39-40 4 дена прошла недела и мислам и јас од тоа дека не сакаше толку да цица.. а нема ниедно запче се уште, па на моменти си мислам и од тоа да не е, ама па нема знаци дека ќе вади во брзо време.. ама и некако како да немам толку млеко како што имав.. нормално е пошто он оди во градинка и многу намаливме подои.. гледај да не се нервираш толку пошто сигурно ти ја осеќа нервозата.. знам дека е тешко да не се нервираш, ама мора да се прифати дека некогаш ќе мора да ги одбиеме.. некои порано, некои подоцна.. те гушкам
Утрово во сон цицаше, добро. И јадеше доручек. Пак е со 39 температура. Нонстоп ли држевте 4 дена високо?
Има ли сега некој скок во развој термин 28 април? Се смена детево скроз не можам да ја смирам плачи не сака да цица и само в раце едвај чути веќе збудалев
Знам дека си медицинско лице,ама искуство си праи свое. Ако сте повеќе од 48часа направете кс и да ја види доктор. Само совет.