Знам Ели, тоа чекам, денес втор ден и е. Ако и утре има ќе и направам. Ја прегледав, нема ништо вака видливо. Валда е вирус. Еве 38 падна и цицаше, 39 нејќе, и јас ништо не би сакала на таа темп. Нека минува само, да не се мачат
Може да е. Вадат заби,паѓа имунитет и лесно се фаќаат вируси. Чисто ти пишав зошто така со прво дете ми велеа чекај,па ако крене над 38,5тт давај нешто и ми направи првото дете еднаш температура со грчеви. Сега со второво ништо не чекам, давам на 38 сируп, носам на лекар, тие правила може кога ќе порасне дете па ќе знаеш како на што реагира. Да минува мајка само
Мило ми е што конечно ручкала Првите два дена држеше постојано 38-39. После тоа почнав со комбинација ефералган со блокмакс комбинација на 4 саати и така симна пошто иначе само ефералганот не беше доволно. Една вечер дури 40,2 качи.. полудев.. ама 5тиот ден одеднаш како намали и не качи веќе ич.
Двајцата беа со високи температури. Се на се 3 дена. Вирусна пневмонија кај моите. Фала богу со трицеф поминаа Што ке беа ова вируси вакви во лето... плус скок и вадење заби....
Зошто бевме во карантин толку време и е беше дезинфицирано и ете ги вирусите кога се мешаме меѓу луѓе и кога не се тресеме дека не е исчистено(што е нормално).
Има ли некоја да сподели за 8ми скок, околу годинка, ќе полудам Само јадењето е мислам ок. Многу тешко заспивање како сите скокови, дури после 8-9часа Инаку однесувањето многу невообичаено, многу променливо расположение, кенкање, плачење, смеење многу ретко, некогаш ништо не ја интересира и занимава, некогаш си игра со играчки, но е доста отсутна, веќе не сака да си игра со не обрнува внимание ниту на домашните, ниту на гостите, во смисол не не погледнува, а претходно им се радуваше ако дојдеше некој, па да покаже што знае. Многу ретко да ме погледне во очи, да ми се насмее, се како нешто да ја мачи, можеби забите, а штом се оддалечам плаче по мене, не ме остава ништо да сработам, сака да ја земам во раце, а после и во раце плаче, се на се некое чудно однесување, плачење наеднаш, и заборавив да споменам понекогаш некоја голема нервоза како да не знае што да направи, како некои тантруми, ама на кратко, штом ја земам во раце, се смирува.
Да пријавам и јас 7ми скок. За спиењето навечер не се жалам и онака ни е слаба страна , ама денски беше ок и 2 месеци имавме некаков ред сега се отиде во вода. Наутро одбива млеко, кенка постојано недоспана. Имаше две денски дремки една 2,5 часа и една 1 час, сега и двете едвај по 45 мин, хаос. За јадење си јади, само со млекото се молиме. Вика на цел глас ко да ја коли некој, фрла играчки насекаде, несака да седи да стоела постојано обеаена за нешто, толку сега за сега, тек смо почели
Исто, само што навечер спие. Преку ден спие ама додека заспие мака мачиме,ама затоа како затна на уста да има! Освен цицање оди па натерај ја да јаде нешто! Се со молби и плачки рикачки
За заспивање не се мачам многу, од 7ми месец навака не сака во раце, заспива сама на спална, јас до неа се преправам дека спијам и нормално заспивам пред неа , и ја наоѓам до нозе мои легната, незнам дали постои бебе како моево што толку немирно спие и спална 2 на 2 и е мала не пак креветче. Кренав раце од креветче неможев да ја одглавам од решетките, вака барем и јас дремнувам кога можам
Дечки, скоковите во развој на децата се однесуваат на напредокот во менталниот и моторичкиот развој на детето и на тоа дека линијата на психомоторен развој кај децата до две години е скалест, а не во права нагорна линија (како што порано се мислело). Тоа е извадено од развојна психологија. Се мисли, значи пред се, на развој на когницијата (мислењето), перцепцијата (сетилата), моториката (движењето), координацијата, говорот и сл. Психолозите увиделе дека во првите две години од развојот на детето има повремено периоди кога личи како да стагнира во развојот, а помеѓу нив како да постојат нагли промени во развојот или скокови. Однадвор гледано нам ни личи како преку ноќ да научило нешто ново да прави (пр. да гуга, да лази, да оди) ама ако се навлезе под површината, ќе се примети дека тоа не е било баш така нагло. Психолозите објаснуваат дека во периодот во кој навидум ни личи дека детето стагнира со развојот или тапка во место, всушност е период кога детето се подготвува психофизички за тоа што следи, тоа акумулира, созрева, вежба за наредната развојна „задача“. До две години, поточно додека да се појави говорот, развојот во моториката и говорот се влечат, поттурнуваат, еден со друг. Пр. ако бебето научило некое ново моторно движење, или нов трик со телото, говорот малце може во тој период ќе личи дека стагнира, ама всушност моторниот развој го турка напред и развојот на говорот. Па после тоа брзо ќе следува и некој нов звук, глас, збор или напредок во говорот. Нивното развивање е поврзано и се одвива паралелно се додека не научи да зборува подобро (околу втора година) и тогаш овие две функции започнува да се развиваат одделно, како два посебни процеси. Односно може едната функција, било говорот, било моториката, да предничи пред другата. Затоа треба да се работи на развојот на двете функции. Промените во спиењето и јадењето, кои гледам најчесто ги спомнувате, разбирам дека ви се мачни и ве преокупираат, но не се ограничувајте на нив. Следењето на психомоторен развој кај вашето дете подразбира следење на многу поинакви и многу повеќе нешта кои се дел од психичкиот и моторниот развој. Истотака, како психолог ми е многу апсурдно броењето денови до некој скок, од денес влегува или излегува во некоја фаза, и сл. Тоа не е со нож пресечено и треба да се сфати како ориентир, а не дословно да се следи. Истотака, не е исто за секое дете. Секако дека постојат одредени временски рамки во кои се очекува детето да научи нешто, но тие не се напишани во камен. Некои деца едноставно порано го фаќаат возот, некои подоцна. На пример, кај прерано родени деца се прилагодуваат критериумите во развојните тестови согласно неделата кога се родени, т.е ако научи нешто подоцна од децата родени во термин, тоа се третира како нормално, а не како развоен проблем. Читајте, советувајте се, зошто периодот до две години, и период после него - претшколскиот период се многу динамични во однос на развојот на детето, ама и многу се важни за развојот на човекот. Треба да се следи и реагира навремено.
Super sto go pisa ova, zadnjive 2 nedeli kako sme na odmor babine pritisokott mi go krevaat so abe vi guga deteto....3+ mi e,imase porano period koa poveke vikase aauuu. Sega ke kaze agu koga e raspolozena ednas dvapati ama koga e ljuta i vika togas poveke. A se javat na video i prasaat posle ko mrdnati i jas i maz mi gugame i cekame se treseme za dzabe
Ако имаш секирации од тој тип секогаш е добра идеја да се консултираш со психолог, дефектолог или логопед. Подобро од нив ќе се информираш него од роднини и рандом луѓе. И ќе си бидете спокојни. Нема тука никаков баук. Ако се сомневате дека има развоен проблем, со време побарајте стручна помош. Дури и да немате никаков проблем, и здрави деца се носат на контрола. Чисто да добиеш информација дали е се ок и да си прашаш се што сакаш да знаеш. После си мирна и ти и бабите
Бебето ми е 35 дена.Овие два дена мислам дека ќе полудам.Воопшто не спие навечер, плаче и тоа толку силно што мислам дека ќе и се случи нешто.Исто и преку ден, ако поспие тоа е најмногу еден час и се буди со вриштење.Не верувам дека се грчеви и дека е гладна.Исто се однесува и после бањање и после јадење.Не знам дали јас некаде грешам или може се работи за некој скок во развој? Навистина не можам да разберам кога се случуваат, по тоа што читав дека се сметаат од термин мислам дека уште е рано за скок.Родена е 9 дена пред термин.