Абе од бебе што само си заспиваше со млеко ова сеа е ужас ќе го испие и одм во поход се исправам па буричка по шкафче мисли сеа стнал од спиење Ете стана неможам да го презаспијам Изгледа бааги порано влеговме во скок веќе некој ден е вака
Ќе преживеете, да се буди, а да не вриска и да плаче супер ќе пројдете. Нас 7ми ни е ужасен искрено уште некој ден ситно броиме дур да заврши
Па со плачење се буди ете и вчера врисна плачеше па ајде во раце па нишкање па млеко па се расони скроз, па ајде лудории низ креветче ХАОС Не ме плаши дека и 7ми е хорор таман на работа ќе тргнам тогаш и ќе биде весело
Може ли да споделите после петтиот скок по апликација тој период со розово што ви се случувало со бебињата? Малата е ужасна станата деновиве,напорна е до немај каде,ваква ни во скок не била.
Тогаш учат нова вештина и затоа е таква поточно сега учи дека родителите ја напуштаат собата и ја учи дистанцата помеѓу вас. Мисли дека ќе ја оставиш и не се враќаш па затоа е толку сензитивна.
Леле ужас е, навечер станува на два саати и рика на цел глас и мора во раце да ја држам исправена за да се смири стоечки,ако седнам се пушта пак зурлата.Исто само кај мене сака,а се изгубам од вид почнува да ечи,кај татко и не сака ако ме гледа мене,цело време во раце ,не можам до тоалет да отидам,страшна работа
Ќе мораш да ја научиш и на тоа на дистанца и да биде со други луѓе. Јас уште од сам старт го давав на мм да го успива и сега немаме никаков проблем
По цел ден е дома само со мене,мм многу касно си доаѓа од работа периодов и многу кратко го гледа,а на почетокот да ја успиваше понекогаш,ќе мора пак да се зближат. Синоќа од што ме фати нерва кога си дојде само му ја оставив се облеков си ја земав големата со мене и испаднавме.Му викам што знаеш прави и,не се издржува
Апликацијава за скокови не знам кплку ми беше паметна идеја. Го гледам одбројувањево до следен скок и онака баш ми ствсра нервоза, 7 days to doomsday
Леле скроз иста е и мојата Синоќа на секој саат и пол со вриштење стануваше, неќеше да цица за презаспивање туку исправена и да стојам и нишкам, никакво седење. Еве и од сабајлево исто, никако нишкање и цицање за спиење, се тегне со цела сила наназад мислиш од раце ќе ми скокне. Во овие три дена ни 8ч немам спиено.
Ела да те гушнам душо,таа сум. Исто ,се тегне наназад и главата ја мава нанапред,прав јарец со роговите. Мојава е на АД и едвај пие по 70-80 мл ,се бориме до 150 да стигне,а пиеше 180мл. Како од поплава исфрлена да сум од неспиење
Заради ова не ја инсталирам. Ќе ми прави нервоза и ќе се опседнам со тоа. Ќе чекам нешто да се случи.
Може ли некој да провери што ја има апликацијата дали сме во скок термин 16.03 родено 09.03.Фала однапред!!!
Јас баш се консултирав денес за мојот проблем што бебе цица само навечер и поспано, зошто според апп не би требало да е во скок, односно треба да е излезена веќе од трет скок. Баш Наташа ми кажа да не се водам по апликацијата, едноставно живо суштество е, може да биде понапред или поназад од тие денови што се генерално земени во самата апликација. Така да и јас ќе баталам со следење апликација и чекање нов скок, може само информативно да читкам. И така до сеа ништо не ми се поклопуваше со апликацијата.
За такво цицање имав пишано и јас пред неколку месеци во темата доење, од 3 до 7 месеци бебето ми цицаше само успана кога беше, и легната, во раце никако. Се изнамачив, се испонервирав ама издржав, и еве 8 месеци е сеа почна пак да цица нормално, дури како новороденче би рекла. Едит: само трпение, период е ќе помине. Скоковите и јас не ги следам веќе. Ете тој период околу 3,4 месец повеќе следев ама ништо не се поклопуваше особено со milestones и баталив.
Термин ни беше 02.04 мислам дека сме средина на 4 скок некоја да ми потврди ако може  Од синоќе не можеме да врземе сон без да се будеме на секој еден час и се буди со плачење и заспива во раци па едвај го враќам на кревет да спие, и потоа повторно на еден час сме будни И еве го цел ден р кенкав и плачи само, не знам дали од скокот или од вакцините сеуште е ваков Хеллпп мами до кога вака ќе тераме утешете ме
Да 4 скок е. Уште 9 дена остануваат. Иначе и мојава во 4 скок беше катастрофа се будеше скоро секоја ноќ и си седеше по 4 часа будна. Се радував кога заврши 4, еве од утре 5 скок, се надевам ќе го поминеме полесно.