За 6 дена полни 9 месеци. Има некој скок? Одбива да цица,одбива каши чај... по цел ден вришти или од забите и е?
Ние сме точно три месеци а еве веќе неколку ноќи со ред,се буди почесто кенка а знам дека не е гладен,дење сака повеќе враце ако не кенка се буни плаче,дали е можно да е скок???
Во 12ти месец има ли некој скок? Не си го препознавам детето веќе. Постојано сака во раце да ми биде, штом ја оставам одма почне да плаче, да роне крокодилски солзи, вика мислиш некој ја коле. Рацете веќе не ги осеќам.
Има. Кај нас точно на 21 ден беше, кратко траеше ама со плачење,цицање и нишкање во раце бевме цел ден.
Одбива цуцла лажалка, не сака да пие млеко од шише како што пиеше до пред 3 дена, сака да ја шетам по цел ден ми е во раце и на цице, ја користи и за јадење a повеќе како цуцла. Во сон ја бара и цица цело време, дење/ноќе. Без цицка не заспива! Никако не смеам да се тргнам, плаче одма по мене. Не смее никој во раце да ја држи повеќе од 15-20мин освен јас, плаче кај сите. Навечер едвај ја успивам, се буни, 12 не наоѓа дур заспиеме 8ма недела од утре почнуваме. @duffi help?
Сите знаци на скокот ги имате. Наоружи се со нерви и чекај да помине. Нека е на цице, напорно е кога се стално закачени ама ако само така седи мирна ќе угодуваш. Ќе помине , за недела две. Колку до сега пиеше АД? Ако мислиш дека е гладна нуди и во сон шише. Бајни си ја како до сега во исто време. После во спална на темно на нишкање или како заспивате. Ќе помине периодот и ќе се темпира по старо. Мојот баш после тој скок фати ред на ноќно спиење. Некаде околу два ипол месеци. И само едно нека ти е утеха, периоди се, минуваат. Само трпение оти они се чувствуваат.
@duffi Пиеше по 120мл барем 3 пати на ден, сега едвај 40 до 70 стигаме. Ако и понудам 60 после доење ми повраќа. Може па и стига само од цицање, ама од толку висење на цицка ми направи пак рагади и пак шмука и бљуцка крв па нудам шише, пре жално е кога ќе ја видам целата во крв Навечер кога е време за спиење и цицање, она си игра, се трга, ја влече брадавицата те лево,те десно,па наназад со главата Бањањето и облекувањето ни е со плачки, ама плачење за цела улица да ја разбуди. Хистерично! А што убаво си уживаше во кадичката. Абе хорор. Недела две викаш? Ле-лееее!!!
А пелените полни се? Ако да пробај без шише и измери ја за една недела. Период е Шанел и плачките во бања и мојот е ист. Сега на одмор се опушти со водата. Ќе видиш преку ден ќе се врати на старо ,нема ни да сетиш.
Мочла е, по 10 мокри пелени некогаш и повеќе има, а за какање мислам само топлото ад млекце и помага. Денес ја носам мерење, па ќе пробам без шише веќе кога имам шанса. Ух, мечка страв мене не..
@duffi апликација ли имаш некоја за скокови во развој? Ако да, кажи ми те молам после годинка кога има скок во развојот ? Мислам дека беше уште еден последен, имав слики симнато на моб ама ги префрлив во компјутерот.
Точно во 9та сме, 60та недела , дури денес после три дена се сетив дека може некој скок има дете.Прати ми ја ако сакаш.Фала ти @duffi
Скок во 3ти месец има? Со што е проследен. Јаде нормално,ама не спие,плаче,сака само во раце,и пика раце во уста цел ден(јаден,не е гладен)
Скокот во 3 месец е втор скок ? Бебе ми е 7 недели. Сменето ми е скроз. Јаде, спие тоа е се нормално... Ама ми испушта нови и чудни звуци и плачења... Се загледува, се заигрува, се смее будно, гуга... Ова е скок или научени вештини од првиот кој не сум го приметила???