Нема да се одделува од тебе, ние сме тој период и многу тешко поминуваме, постојано е залепена до мене, доколку ме изгуби од вид а си игра на под со некоја играчка веднаш плаче, апликацијата вели дека учат за дистанца, почнуваат да разбират кога не нема во близина.
Искрено почна се да ме боли (половина, рана од царски) и мојата е 11 кг не се издржува, мислев како растат полесно е ама нееее Само да ни се живи и здрави
Здраво. Ние сме за една недела 4 месеци а веќе 2 недели бебуш се буди ноќе, односно после прво заспивање и тоа се во ист период од 22 часот до 00 часот и тоа се буди со силен плач и плаче се додека не се измори и заспие. Дали може и тоа да е знак за скок во развој. Некоја со вакво искуство пошто незнам како да го смирам дали е само период.Извинете за долгиот пост.
Ај може вие нема да го осетите Во споредба со овој скок сите други беа ништо.. ете така ќе опишам. Ми доаѓа некогаш и јас да почнам да плачам со неа Не јаде, па сака сама да јаде, па ако и ја земеш лажицата вриштење, удирање со главата наназад, се тепа сама по главата, крокодилски солзи.. Тешко заспивање, мува да прелета ќе ја разбуди, ако воопшто заспие. Има денови кога е без ниту една дремка. Се и е поважно од спиењето. Ама затоа ќе си легне вечерта рано и ќе си стане во 3,4 па ќе презаспие во 7, за да спие само 1 час.. Не знам ,лудница.. Сака сама да оди,да се сопне ,да ја задржиш? Ма никако, ќе се фрли на земја и ќе плаче зашто сум ја допрела.. Тантруми ли почнаа, скок ли е, лудило ли е.. не знам
Термин 16.03 а родена 06.03 мислам дека почнуваме со 5 скок по некои мои пресметки? Вчера и денес многу тешко се успиваме… Нека ни е со лесно на сите.
Кога е од прилика прв скок и што да очекувам ако не сме веќе?? Нешто бебе ми е повознемирено од обично по плачливо па викам да не сме во скок моментално... Иначе е 6полни недели, 7ма тераме.. Роден е една недела после термин...
Исто и ја не го осетив тој период. Малава од раѓање ми е некако независна сама знае да си се заигра освен во скокови кога знае да биде кенкава и да плаче за да ја држам во раце, ама тоа се моменти само.
ова оставање на под со играчки околу е стварно пратено од рајот, и за моторен развој, и за независна игра. без проблем си игра вака сама по 30-40мин секој прозорец на будност. си гуга, знае и да викне, да се закара, ама далеку е од кенкање за да ја кренам. ќе поминам, ќе се посмееме, ќе ѝ подадам нешто ако не може да го дофати и си продолжува.
Termin e 19.08.2021 a se rodi na 06.08. Koga da go ocekuvam prviot skok, vristi po Cel den place i sinoka, dali od grcevite ili neznam...