Ова ли е апликацијата за скоковите? Вреде ли да ја симнувам? Прашувам исплашено од 4ри скок само што испаднавме. Па баш ме интересира што како е, и да читам за скоковите кој за што е, бидејќи 4ти не здрма малце.
Ауу ова само што го поминавме,пукнав,понервозна не сум била.Маж до касно на работа,ова лепенка,не можев во тоалет да одам ,рикаше дење ноќе, навечер се будеше да провери дали сум тука со плачење,јас во ПМС,абе..
Страшно ова , нас како да не фатило .Ако излезам плаче, ако ја земам во секунда се смирува.Си велам леле колку маѓична сум.Колку време трае?
Море дај боже да не ми треба, не е за доларите , до сега скок немаме осетено, и да не се опседнам ми е муабетот, се на скок да препишувам. Оти еве денеска бевме на вакцина и педијатарот вика набабрена е ногу, од забче плаче, кај и да е ќе и никне. А од се што читам со вас што споредувам исто е се, за скок се работеше секако а може и забче плус. А симнав иначе.
Се мешам во муабет ама најчесто се поклопуваат и скок и заби некогсш и болест некогаш и регресија во спиење така даа нека ни е со лесно. Им абебенца ништо не осеќаш ни скок ни заби ни регресии ама има и такви кај кои се влијае многу.
Точно.. Сите заби до сега мојата ги вадеше во скокови . Горе 4 во 7ми скок ги вадеше, ужасно поминавме, еден по еден цел месец, со вриштење и температура имаше мислам 2-3 недели, будење со плачки на 10 мин, лудница.
Леле и ние поминуваме низ истото и плус имаме растечено носе. Лепенка сме цело време и мора да сме на нога седнати никако.
Исто и кај нас во 7ми извади 4 единици, сега во 8ми двојки вади имаше дијареа па ковид фативме и регресија во спиење = хаос. Главата не знам кај ми е.
Од регресии мака немам, мислам дека од раѓање е во регресија се навикнав со 3 часа сон, незнам како и функционирам на работа, само да не вришти
Кај нас нема без вриштење. По цел ден и ноќ само се вика, сега пак и се научил и цело врмее нееее неее неее писка ако не му се дозволи нешто легмува на земја драми гледа нккој не го регистрира си продолжува деуго да орави
Нека им е со лесно, не е битно кое запче е. Кај ќерка ми горните се спремаа, а излезе долу прво запче