А бе жени, на апликацијата дава терминот последен да го одбележиш или датумот кога си се породила… Јас оти сум две недели порано породена си го одбележав датумот на пораѓај, а знам ве читав вас дека треба крајниот термин. Тоа и за тие порано ли шо се породени важе?
Ставаш due date, кога ти бил терминот, не кога си породена и јас сум две недели ама следиш по краен термин
Како се рачунаат скоковите кај предвреме родените деца? И каде о же да прочитам за скоковите во развој.
Не спобудале 4тиов скок значи, во апликација ми дава дека сме кај громчето, бебуш спие само во раце после дооолго нишкање пеење и тоа максимум 30 минути, навечер се буди по 6-7 пати , цица насекое по кратко и после се трга и цело време ко ненајаден е, писка вриска и само во раце сака.. Ве молам утешете ме дека кога ќе заврши скоков ќе се оправат работите
Да те утешам не си сама скроз исто и кај нас е 4 скок,се надевам дека после скоков барем спиењето навечер ќе се врати
Значи хаос, кичмава не знам кај ми е, не знам зошто плаче цело време, не може никој освен мене да го земе, да лежи не сака, абе лудница..
И ние сме во 4ти скок. Уште една недела до громчето, а сѐ понеподнослив станува. Спие навечер, ама мноогу помалку (вкупното спиење) од претходно. Денес од ко е станат до сега има цицано само 3 пати по некоја минута. Еве сега се бориме за успивање, ама како е расположен, гуга, брмчи со лигушки, вика, се смее... Сега ново му е да вика 'Аааааа', кашла и го плази јазичето колку шо можи и после повраќа. Па палче и показалче напикани до грклан, ги цица и исто повраќа. Цицката ја зема со рацете и прави стави извади од уста, изгледа учи координација и прејако му е да си игра. Во меѓувреме со нозете обесен на мене и се турка најсилно шо можи. Дефинитивно не сака да цица ако не е легнат, оти не можи да турка и да ги крева ноџињата. Душа дава за ламби и било каков извор на светлина, се радува и вика на цел глас. Го легнувам на земја на подлога да вежба, го вртам на меше, плачи корни, не сака така. Наместо главчето, ги крева ноџињата и лижи то шо е под него. Ако го држам со рачињата, се исправа скоро до седнување. Ама после вришти за в раце, нема шанси да легни. Јас преморена сум, тој не застанува. @Krofna* ептен ме утеши мила. Му велам на мм 4 скока се најтешки, 4ти, 5ти, 6ти и 7ми и тој ми вели сигурно 4ти е најтежок од нив, ама еве ќе го поминиме и се ќе биди супер. Аха.
Од 4 натака бебето си останува такво какво што станало . Моево така беше. Може малку да се оправи со спиењето само, ама тоа е на периоди. Еден период помирно спијат, па не и така во круг. А тоа збеснување не престанува, тогаш сфаќаш дека имаш човече веќе
Хаха.. ама убаво опиша. Да не сме и ние во исти скок, многу слични работи прави дење?! Јас апликацијата ја немам, ептен стрес мислам ќе ми прави. Мојот па ноќе почна да не се буди воопшто и за цицање,спие од 20ч. до 6ч. сабајле. Ама дење 300 маки дури да заспие. Разгледува на сите страни, се го интересира, цица убаво кратко, после плука, ако го тргнам плачи. Исто се турка со нозете и градата ја тегни.. Ако успеам да го легнам некако или ако заспие легнат на кревет, тогаш спие 2-2ипол часа, ама да сум до него, ако се подразбуди да го нишкам. Претходно заспиваше и го оставав сам, не се будеше. На стомак лежи ако го занимавам, ако не плачи. Повеќе сака во раце да го шетам а тој лево десно да разгледува. Од скоро го усоврши вртењето на страна,дава напор за на стомак ама му тежи газето и само главата ја врти надолу. Па не знае да се врати после, па цимоли, па му помагам. Очи не можам да тргнам од него. Татко му пред врата го чекам да му го предадам малце хаха...
Можи да сте и вие мама, ние 4 дена порано влеговме во скок (ова по мое, оти евидентирам сѐ по апликации ). За спиењето најмногу се нервирам. Денски има 3-4 дремки од по 30 минути уште од пред 1 месец и океј, навикнав, ама навечер спиеше од кај 22-22:30 до 10:30-11. Сега борба за спиење и сабајле во 8 ги треска ноџињата и вика. А јас во 3 сум легнала. Кома сум. В раце се мачиме одамна и за моја среќа поќе сака кај татко му, некако попогодено му е.
Како идат следните ќе викаш па ова до сес ништо небило Во секој скок имал по некој ден па и недела да е неподнослив, ама сеа сме во 6ти скок и ова е хорор потешко не ми било, преку една вечер заспивам плачејќи. Вчера си седеше од 1-5 сабајле си стоеше во креветче, кога ќе го земев да го нишкам да пробам да го заспијам вриштење до зајдување од плачење и така до сабајле кога веќе капнав реков ќе го заспијам па што сака нека биде, јас нишкам тој отпор дава ќе ми летне од раце па се умори од плачење и неккао заспа исправен на мене, за да во 7ч веќе пушка исправен спремен за да почне денот Ама му се радувам зашо има многуууу промени кај него па тоа ме исполнува (иако сум со подочњаци до земја)
@Krofna* така е мама, на крај промените нѐ исполнуваат. Кога ќе се поставам на нивно место и ќе помислам колку многу нови работи наеднаш учат, верувам дека нив и потешко им е. Те гушкам за поддршка.