Не ќе да е скок @TeddyGrey , бебе си расте и стекнува нови вештини преку ноќ. Ќерка ми баш на таа возраст почна истото да го прави, да гледа, приметува, да се смее и да испушта нови звуци, па и да плаче погласно. Скоковите се манифестираат најчесто со плачливост, раздразливост, одбивање храна/цице и сл. Си презентира бебе научени вештини и ќе станува се поинтересно
Bebeto mi e 7 nedeli, ima li skok vo razvoj ovoj period? Nervozen e mnogu, place i saka da cica samo. Ako moze da prikCite screenshot za ovoj period od aplikacijata toj sto ja ima da citnam vi blagodaram
Фала ти баш ќе ја симнам.. Моево бебе последнава недела ипол скроз се смении. За два дена ќе прави 2 месеца. Имаме грчеви од првата недела и се јавуваат попладне, но последниве неколку дена како да се по цел ден.. Не спие веќе преку ден ко што спиеше, некогаш одбива да цица, бебето ми се смени Па се мислам некој скок во развој да не има сега...
Моево не можам да го препознаам вејќе. Будење навечер да дои по 4.5 пати и тоа брадавицата а ја тргнам се буди веднаш и пак ја бара. Спиењето скроз изменето дали се работи за скок задна недела од 4ти месец тераме .
Исто душо плаче ама причина нема секако го смирувам го замајувам ама ќе се смири и после пак ќе настави
Да се пријавам и јас, веќе побудалевме. Од раѓање спиеше цела ноќ со будење на три саати само за јадење. Од пред една недела станува на секој саат, плаче без причина, не сака да јаде, само многу нервозно ги гризе рацете. 4 месеци и 1 недела. Минливо е ова? Дај поискусните нека споделат
Се тешам дека е некој скок...предходно имав околу 1 недела кога си дојдов од болница и околу 2 месец...не верувам дека заби ке никнуваат нема такви симптоми само плачи ќе се смири и пак..мора само исправена да ја држам....на цеце обесена а тргни се кога ќе ја фати дремка, одма пушта појачало на максиум ..збудалев пошо искрено не била ваква воопшто зшо со грчој само 3 дена видов мака...4 месеца само опулено
И мојава проаѓа низ трансформации, урнебес е за гледање и слушање. Во петок ќе полни 3 месеци. Еве трет ден како испушта некои нови звуци, тешко заспива навечер иако си ги правиме истите ритуали, кенка лажливо демек нешто не и годи, а она преоблечена, стокмена, цице у уста. Децата растат. Моториката и мозокот им прават шашма во малите главчиња и светот се повеќе им е интересен. Еве и малава откако ќе ја нашетаме, порано доаѓавме дома и заспиваше ко бајче. Сега гуга, збори чиниш ќе ти раскаже каде била. Ја - преморена ко војник. Три дена како не го следи редот зс спиење а се буди на 2 часа ноќе (претходно спиеше и спојуваше барем по 4). Интензивно цица ама со нервоза ако не и доаѓа повеќе млеко, ме мава со раката по града и лути погледи испраќа. Сега во овој прелом на 3 месец додава на килажа и мислам дека стана опасно лакома. А пред 1 недела се мачев да остане будна додека јаде! Смрдле. Ама па што да прави пустото дете. Се' и е ново. Искрено не следам со апликации никакви тековни промени, само си го следам детето. Приметив дека на 20тиот ден од раѓање манифестираше промени во однесувањето, а еве и сега. Се надевам дека и овој скок ќе ја држи недела дена, оти од неспиење само јас страдам и тоа ме прави тотално уморна преку ден. Мислам дека природата ни задала толку слатко горчлива задача што на моменти се прашувам од каде силата за сите вакви состојби, ко superhuman се осеќам.
Kако се манифестираше кај вас скокот во трет месец? Бебе ми е полни 11 недели од термин. Приметувам промени чудно ми е бебето. Здраво, право, најадено е... Ево не знам ...
Моево на цицка обесено..и абер немаше од спиење само ја интересираше све околу...прстите почна да ги пикат в уста се чудеше
Па низ нешто слично проаѓаме. Ми смени спиење, се обеси на цицка ама многу цица и повраќа после и плаче се нервира, вришти... Тек је почело...
Женски ние сме скоро 2 месеци без 3 дена. Детево цел ден не ми спие, во 13 саати без никаков сон е. Дали предрема 20 мин, плаче кенка очите на пола копје му се и цица и пие чајче. Неможе да се успие никако. Незнам што му е. Дали е скок?
Ние сме 5 недели и е лудило, само на цице, еве го не е спиен 10 саати испушта некои чудни звуци, плус има и грчеви и не може да заспие никако и веќе не можам да издржам ваљда е некој скок кој знае што е но ќе побудалам.
Дечки дали сте пробале со главата свртено надолу? Значи вир го држите долж вашата рака легнато со мешето врз вашата рака, главата си ја потпира на вашата рака, а рацете и нозете му висат надолу. Не знам дали ме разбравте. Мојата само така заспиваше тој период. Веќе е 5 месеци и уште спие многу малку преку ден, по пола саат, многу ретко ако имаме среќа еден саат.