апсолутно исто! Секој ден си се молам само ноќното спиење да не ми се поремети. Преку ден све ќе истрпам ама навечер да се наспијам. Кога го почна скоков една вечер имавме журка, стана у 3ипол, цицаше и се разбуди. И кога рече се смее, окезена окезена шо да ти кажам, абер нема од спиење. И така си се изнасмеавме до 5ипол и заспа. А ја се смеам за да не запчачам работава ми се спие ми се плаче. Ама боље да се смее него да плаче .
значи и моево у цицање во ниедно време, таман спремна да ја вратсм у кревет и прави Агууууу и почнува да се кикоти Ама што викаш, боље да се смее него да ми плаче сред ноќ
Исто и моево во 4ти скок имавме две вечери од 4 до 5 сабајле гугање и смеење среќа си тера по старо цела ноќ да спие ама ми заспива во 7 и станува во 6 Цела ноќ ја спие на меше и само го пазам, жива ненаспана ама бар не плаче и ја се тешам
Како го имате помимато 9тиот скок? Според табела, за 3 дена треба да почне. А веќе 2 дена не се трпи во буквална смисла, вика, плаче за ништо. Нервозен некако. Ваков го неам видено никогаш. Чаре давајте
8 ми скок- Хорор На секој саат цица, плаче со липање и станува нонстоп навечер. Преку ден зашиена за мене. Престана и ништо не кажува, ако не е по нејзино се одбива од мене, протестира лута.... Има ли еден скок да не го осетиме?
Ние имаме уште една недела од 7 скок, па да пишам досега како сме. Горе доле не беше страшно, oсвен на почетокот што сѐ и се изремети и дремки и легнување/станување, ама брзо се вративме во нормала. Нејадењето во втора половина од скоков и немирното спиење ги препишувам на забите. Каши ми одбива јас да ја хранам, веќе ѝ давам сама да јаде, и парчиња, и каши со раце да ги јаде, и со лажичка сама сака ѝ помагам. Често храната што ѝ ја служам не ѝ се допаѓа текстурата зошто ѝ е ново па не се замарам и да не изеде, не се потресувам веќе. Не ѝ давам заменско јадење Еден ден имаше само вриштење цел ден онака без причина, ама баш цел ден, тоа беше некаде околу громчето. И уште неколку дена така по неколку пати, ама во глобала не беше страшно. Многу сум поопуштена за разлика од порано, не сум нервозна и не се замарам за сѐ и сешто, и мислам дека затоа и полесно ги минавме и 6 и 7 скок.
Ние за некој ден влегуваме во 7ми скок и сум преисплашена, зашо 6тиот душата ми ја извади и уште му е пореметено спиењето, тогаш и една недела порано влеговме Се надевам нема да биде толку страшен овој зашо не се издржува
Регресија во спиење после 4ти скок има? Од 21ч го заспав, ми се буди со плачење со солзи на секој саат, па и поретко. По апликација движиме кон сонцето, ама ова полошо и од громови е.