Што е луѓе ова со 5ти скок? Па ова е хорор,имав бебе што од раѓање до пред 4ти скок се будеше на 2 до 3 пати во ноќта или се случуваше и да ја преспие,ама ова сега е страшно,ептен малку време после 4тиот се стабилизира и сега во 5тиов станува на секој саат со вриштење за да се обеси на цицка,се плашам дека ова вака ќе си остане...
Не знам дали ќе утешам ама исти сме, еве бројам уште 7-8 дена да заврши скоков, збудалевме. 7 пати стана ноќеска на пример.
Исто,не се трпи веќе,а дење 2 пати по 30 мин. спие,power naps...свежа до тука и назад,али ноќе е страшно,вришти,стани и дреми на цицка...дали ќе помине ова мајка...
Е мојов ем не спие ем нервозен е по цел ден, бар да беше свеж, вака вриштење по цели денови. Мора да помине, јас така си викам, пошто друга опција нема
Според апликацијата по термин уште 3 дена имаме до скокот, а по датум на раѓање веќе сме во 4 скок. Веќе втор трет ден е кенкава, преку ден ако спиела 30-40 мин сега едвај 20 мин, без разлика дали е во раце или креветче. Заспивање по 30 мин за дремка, час и пол, два за ноќно спиење. Можно е да е ова скокот? Или друго нешто е во прашање, па се зеза со мене
Здраво мамички Нова сум на форумот ама редовно ве читам. Бебе е 2 ++++. Ќе може некоја од вас и мене да ми прати за скоковите? Роден 03.08 Термин 15.08
Ау лудница овој 6ти скок.Оди разбери ја што сака.Сака да спие ама не ,спање тоа за бебиња е она е голема.Плус заб вади.Има уште цела недела до громчето, а што се буди 547368 пати . @LivingGlam како е дечкото со скоков? *Конечно си ја купив апликацијата
Не гледам.Ама многу ми се допадна кај @IRBBB што пишуваше Јован и си рков зошто мене да не ми го пишува бебето и се прелажав. Инаку има многу убави работи што ги пишува што ќе прави после овој скок и сега се каам што не си ја купив на почеток. Да бе само што си ја купив за 6ти скок.