@Ava.84 @LivingGlam Леле влегов на темава да прашам некој во 6 сток искуства ама ве прочитав вас. Јас навистина не можам да ја разберам што сака, цел ден сака во раце да шетаме и таа да ме носи каде што сака лево, десно, напред и се сака да види и да допре. Премногу е исцрпувачки само што влезе во 6 скок имаме уште многу, како ќе биде вака? И мојава не беше спијач ама во последно само што се опуштив реков конечно дојде време и моево бебе да почне да спие јас да имам 1-2 часа во денот слободни и ете ја само што ќе ја спуштам во кревет се буди Навечер се буди и си седи така по цел ноќ, кога ја заспивам 2 часа додека заспие и спие 20-30 минути. Потоа цел ден си кенка, си плаче а незнам зошто .. Со ништо не сака да заигра, ако сум до неа може да се залаже 15 минути ама ако само еден чекор направам да заминам од до неа плаче до зајдување..
Па кога пишеш датум по термин излегува кај сте во моментот .Кај вас е поминат први скок.Како со датуми, јас не знам како се прави?
Успешно го започнавме 4тиот скок.. Ноќеска се разбуди само 6 пати, не сакаше да презаспие па моравме да се нишкаме. Еве ја се смее, мислиш спиела 10 саати
Ние се смееме, срцево ми плаче по сон хахаха .. Не спиеше многу ни претходно, којзнае што ме чека понатаму Ќе поминеее, ќе поминее.. Ќе спиеме пак
И мене ми се спие претходно 2 пати стануваше мојава, и по 6 часа некогаш врзуваше сон... а сега.. Ќе помине 4, па еве регресијата не фати, па 5ти после и така ќе тераме
Охооо епа тебе променава повеќе те погодила Вера сврзуваше 4 часа максимум , со 2-3 будења.. А за преку ден не е ништо сменето, пак си дремка 30-40 мин хахаха
Ние полека го завршуваме 4от. Ќе помине, ќе помине само трпение. П.с мене фен многу ми помогна за успивање во овој скок.
Исто фен и возење во количката за заспивање само што и во скок и без скок само така заспива дневни дремки
Апликација фен уште од почеток користиме.. Ѝ помага и на неа, ама сепак заморно е толку често будење па сака да цица, па се одбива со нозете, се тегне.. Ни самата не знае што сака Фала за утеха Си мислам да пројде, ќе ме изненади со некоја нова вештина и ќе заборавам на маките Така си кажувам со секој скок, додуша на неа секој ден ѝ е скок