5ти скок… Ноќното успивање и спиењето е добро, брзо се успиваме и станува 2 пати за цицање. Ама преку ден… Одбива да заспие за дремка, нишкање, цицање, пеење, што не пробуваме, понекогаш и 3 саата е будна, па зева по цел божји ден. Хаос! Ништо не можам да планирам, ни па да фатам дома, три дремки едвај од 40минути… Сенд хелп, станов ќе прооди
Исто сме ние ноќното спиење си е добро а преку ден мачење дури заспие и одма станал...а тек сме на почеток од 5ти скок
@marta993 Ако ти е за утеха, ние поминавме и 4ти скок и регресија (сега уживаме до 5тиот), ќе се навикнеш на честото станување за цицање. И она свршување сон и само 2 пати стануваше за цицање ама од коа ни почна скокот на 2 2ипол часа цица. И еве све поминавме тоа си остана, ама се навикнав. Тешко ми беше првата недела две, сега пак сум си наспана ако со прекини
Да заспиваше со цицање може немаше толку да ми ‘пречи’, ама таа не заспива веднаш... По 20-30-40 мин е будна за да потоне за да ја префрлам во креветче. Оптимист сум дека ќе се поправи тоа
О и преку ден ме погоди. Спиеше и по еден час, некогаш два.. сега 30мин. Како со аларм е навиена и само в раце. Али ајде барем во меѓу време е океј, се смее, игра
Ќе може и за мене скоковите некој да ми ги прати 14.04 се роди Ника а термин ни беше 16.04. Благодарам
Ај тука да пишам, оваа е по соодветна тема... Луѓе јас побудалувам со скоков во 4ти месец... кажувајте чаре. Денес вриши без престан 12 саати. Не е спиен од 1 попладне, сега дури заспа... нејќеше да цица, ми се тргаше од града. Морав да се измолзам па да го залажам со шишенцето за да се закачи на цицка. До кога ќе трае? Кога престанува ова чудо? Иначе за 3 дена правиме 4 месеци... Се осетив лошо ептен како да нејќе бебе за цица веќе се има ли на некој ова случено?
Ела да те гушнам . Од ко е родено е во скок викам . Јас приметувам дека сме влегле во xy скок само според вештини, иначе секој ден ни е ист со неспиење, само во раце по цел ден, цицање по миљарда пати денот и да го занимаваш нон стоп. Било што од ова ако не е задоволено имаш тенорско вриштење .
Ми значи што не сум сама, не е лесно и едноставно иако се смееме Живи и здрави, најважно и покрај сѐ супер напредуваат. Планирам после 5тиот месец доколку не ѝ се среди спиењето да поработиме малку со стручно лице, да не се мачиме и двете А до тогаш
Имате друштво Среќна си со 3 дремки, по најново само една имаме од 30 мин. Не знам на шо дроги ми е детево шо неќи да спие денски. Се фатив во половината од в раце по цел ден, сега не можам да мрдам. Уште 10 дена од скоков, уште не сме до громчето, а тек после тоа црвениот период за в раце...
Кажувајте дали има некој скок 11 недела??? Од бебе што спие 3 дремки по 2 ипол саати и никогаш не плаче, денес цел ден кенкање, нејќе во раце, нејќе во количка, нејќе во релаксатор, нејќе кенгур, нејќе да спие, нејќе цуцла, ништо нејќе. Во очај, ја возев во кола да поспие. Тешко си на вас мајки што секој ден вака ви прават, мојава прв пат денес вака откако е родена, не сум навикната, ќе се шекнев
Дефинитивно кај нас е порано почнат трети скок. Од понеделникот е во лошо расположение, а тек во недела прави 12та недела. За се кенка и не плаче, него буквално ми вика, се расправа. Се буди за цицање на еден саат. Дневни дремки и траеа по 2 ипол саати, сега дали по пола саат врзува. Подолго ја успивам, него што спие. Прашањето ми е колку трае чудово???
5ти ден денес. Воспаление на мускули имам на нозете од нишкање количка. Почна на раце да се крева дур е на меше и да ги фаќа играчките на релаксаторот, па изгледа тоа го процесира