Се извинувам, да не ми замери дечкото Да претпоставував, и мојава ако помалку спие денски, последните час, два пред заспивање навечер е кенкава ништо не и е погодено.. А па да не спие цел ден, мислам ќе ми плачи цело време
Мојава многу убав ред имаше до понеделникот. Преку ден 2 дремки по два ипол саати, една дремка саат, пола саат, кога како, навечер заспивање накај 20 20 30, и до сабајле, секако со будење за цицање. Од понеделникот детево не може заспано да остане. Се мини дремки од пола саат, една дремка долга ако сврзе од 2 саати и толку. Навечер на саат ипол будење за цицање. Кенка цело време, и се спие и се плаче, буквално. Не е научена да е будна долго. Максимум по саат ипол беше будна меѓу дремки пред скоков. Богами и јас не сум навикната на кенкаво бебе, како шок ми дојде скоков.
Ajde period e ke pomine.. Ama do deka pomine Bukvalno shto vikash i se spie i se plache.. Moeto pred toa zaspivashe navecher vo 23-00 i do 9 sabajle.. I preku den mi spiese nekolku pati po saat ipol..
Да знам. Моево убаво спиеше до 4 скок. После се поремети се. И денски дремки по 30мин и се сега, ноќе на 2ч стануваше еден период, ај сега веќе на 3ч почна... Тоа е нека се здрави и живи, и тие учат многу работи, не им е лесно
Мајки уште 9 дена до 6 скок а бебче како да е на громчето...со што се,се соочувавте да знам барем да не ме фаќа вака неспремна со вриштењево...
5 скок дефинитивно најлош и најмногу го осетив. Значи катастрофа го поминавме и незнам дали ќе се оправиме од него од дневни дремнки што ги имавме по 4 сега имаме само 2 од кои едната е 1час другата е 2 2ипол часа. Последниот прозор на будност ни е 3ипол 4часа до нокното заспивање во 19 19.30. Значи се сум пробала да ја заспијам барем пола час нема шансиии стануваме во 6.30 7 најкасно, додека траеше скокот на секои пола час бевме будни на цицка. Во креветче нема шанси да ја ставам да спие, од скокот почна со нас на спална да спие и со цице во уста, цуцлата ја избаци од употреба и веќе не ја сака освен за игра Незнам и дали воопшто ќе се успеам некако да ја вратам да си спие во креветчето, синоќа пробав и одма се разбуди. Не те утешив ама ај си се пожалив
Во 4ти скок сме, знам. Секоја вечер ни е различна, станува 2-3-4 пати и ајде во ред е тоа. Ноќеска стана 150 пати, се вртеше во креветчето, и како што вика @Bulibu не можев да ја префрлам во креветчето, единствено во раце ми спиеше... Јас ненаспана, искривена Прашањето ми е , дали и во наредните вечери да очекувам вакво однесување? Да се спремам психички Единствено навечер одмарам, сега и тоа да го немам
Офф. Тешко тебе. Се надевам дека нема кај нас да е така. Јас од 4тиот се плашев ама ок поминавме. Ќе видиме сега.
Како бе Иванче? Што прави Калина? Да знам што ме чека за една недела Ние не поминавме лошо. Ноќе само што стануваше на секои 2ч ама не плачеше.ќе цицаше и одма заспиваше. Некогаш за денските дремки знаеше да си поплачи само.
Одамна сме ние влезени во 4ти , ама ова е прв пат да се случи вакво нешто ме фати неспремна Обично навечер си спие па и да станува на 2 часа се случувало и тоа, но на пола саат-45 мин не.. Па дури крева нозе заедно до газето се врти како стрелки од часовник, вежба
Ден, два ќе помине и тоа. Само трпение. Кај нас тоа станување на 2ч еден месец можда траеше, абе жива ненаспана бев. Е сега пак почна да си станува по 2 пати ноќе ама за една недела ќе влезиме во 5ти и пак нема спиење и така во круг
И во 4ти кога влезе истово ми го напраи. Ноќеска немирно спиеше до 4 и во 4 се разбуди, си погуга, се посмеа и во 5 пак заспа. Сабајлево цело сабајле ржи и еве сега заспа за прва дремка (ама на мене спие ). Како ќе го тераме не знам ама се надевам добро. Ако е како 4тиот не се жалам, тој релативно добро го пројде, освемн една вечер два шо вака се будеше и шо често бараше за цицање ноќе друго беше ок. А интересно е што скоковите ги почнува по дата на раѓање не по термин, а родена е 10 дена пред термин.
И ние сме во 5ти скок ноќе немаме проблем али денските дремки ни се катастрофа Го заспав и за 15мин се разбуди и нема гајле си гуга си игра... Тие што сте искочени од 5ти во колку ви е првата дремка?
Аа ние после 4 скок сите дремки ни се в раце.. И Хана исто. И таа е 9 дена пред термин, али по дата на раѓање ги почнува, не по термин.
Ние изгледа сме постојано во скок...денски дремки стандард во раце. Се плашам да не ми се деформира ќере моја.