И ние сме во 5ти скок и само гледам на апликацијата уште колку дена до крај. Дневните дремки со молење и плачење, па вриштење а по ново сега и р`жи. Да не ја подурочам денес сум прв пат сама со нејзе после цел месец и еве ја втора дремка тера ама у позадина иде . Мене главата ми е тупан ама битно она да се наспие
На почеток го сакаше и одма се комираше, отпосле малце смени ама еве ја пак му се врати. Пуштено на телевизор, да ме слуша некој ќе мисли оваа усисава 2 саата
Ние сме во 7 скок од пред некој ден. Од промена имам приметено дека навечер почесто се буди и не сака цицла. Сака само да цица. Ќе цицне малку и сама се врти и си продолжува да спие. Да сподели некој искуство со 7 скок.
Леле и ние со истиов звук спиеме и преку ден и навечер. Исто сме во 5ти скок, кенка пред дремките ама мислам дека конечно и се средија трите дремки со втората најдолга и третата 30-40 минути, џошто претходно бевме хаос. Повеќе проблем имам што не ја интересира цицање, полека и млекото ми се намалува… само навечер цица, инску преку ден нема шанси. А почна и во кревет навечер многу да се мрда, да се врти, немирно спие… и проверува дали сум таму, да не и киднам случајно.
Ее исто со таа проверка ако не ме најде со рацете да ме гушне (читај да се држи за блузата) одма очи плочи и дерење. Кога ќе легнам со неа во 19 нема станување никаква работа неможам да завршам по дома, ај тоа па и со мажето неможам да си се видам. Излеговме од 5ти скок ама она се понаша како уште да е, ѓаволица мала
Јас имам трауми од тој скок Поуморна у живот не сум била, тогаш научи да се исправа во креветче да шета низ креветче, по цела ноќ се будеше и стоеше во креветче кенкаше, незнам сеа го завршивме 7миот иако небеше страшен кас бев пренервозна ккаоо ќе пројдеме а само реално околу громчето беше критично
Мирно го пројдовме, околу громчето несакаше уста да отвори за јадење ни млеко ни немлечна храна, ама и сите 4 двојки му искочија па незнам дали е до забите или скокот
Хахахах значи тешко мене. Моево нејадач е по природа и уште немаме ни едно запче. Доле вилицата и е побелена и само се чеша. Да се спремам психички.
Здраво Дали може и мене некој да ми ги прати скоковите? Родена 20.07.2021 Термин 25.07.2021 Ви благодарам
Ние влегуваме во 10 скок. За среќа и последен. @Jana06 ако сакаш пиши ми како го поминавте? Ти ми текна. Веќе заборавив кој се породи мај и јуни 2020.