Помош! Изгледа влезе во црвена зона после 5ти скок. Луѓе не можам да мрднам ни 2 секунди, до него да сум, в раце да е, гушнат. Ај кога е либе тука, се трпи некако, ама сама по цел ден... Си мислев шо можи да е полошо од бебе шо сака по цел ден в раце, ама ова било полошото. Не се заигрува со ништо, не прави ништо, само посматра мои движења, да не заминам некаде. Колку време ќе е вака, 2 недели? Ова е лошото или може уште полошо од ова да е? @Iva Mitrevski те означувам тебе оти знам дека ти во скоро прашуваше за Ања.
Во 5ти скок е и моето. Засега нема никаква промена, спие супер, расположен е. Се надевам вака ќе го поминиме. Почна многу гласови да испушта, да брмчи цело време. Од пред два дена почна и да се врти од на стомак на грб, па пресреќен е. Одма кашла да го видам што направил Дури лежи, подава раце да го земам Во креветче спие до кај 3-4часот и се врти сам, до мене на брачниот кревет
Секако дека дечкото и девојката пак се исти . Еве и ние така тераме, првата вечер кога влезе дежуравме 2 саати и првите 2-3 дена беше покенкава. Сега си е супер, расположена, цица, спие и дење ноќе убаво. Само ноќе до прво цицање спие у креветче после сака со нас на спална у средина. Ама претерано многу нови работи прави. Брмчи и прди со устата, фучи со носот и брмчи на цицката. Почна да лази, скрос се исправа на рацете и нозете ги дига, склекови прави. Се врти веќе у велико од грб на стомак и чат пат обратно, тоа уште не и е совладано. Обожава на стомаче да е. Сите играчки детално ги проучува. Гласно се кикоти. Дига рачиња да ја земеш. Не фаќа по лице не проучува. Ептен ама ептен е интересна. Едит: заборавив да пишам, чат пат за спиење за подлажував и знаеше да фати цуцла а сега а и ја допрам до ута ја осеќа и почнува да плаче, одма ја познава
Дефинитивно во 5тиот скок стануваат љубопитни мали човечиња, ама со тоа доаѓа и голема потреба од блискост со мама и тато. Многу нови работи прави, само се ѕвери со очињата кој каде е, стои со раце на масичката и џитка што ќе дофати, се врти од стомак на грб и обратно и така низ цела дневна, скока во џампер…. И све тоа супер само ноќното спиење да се врати у нормала. Ми фали како спиеше кога беше новоорденче
Дојди да се гушнеме и заедно ќе бришеме солзи Излезена од 5ти скок веќе што се вика 6ти скок чука на врата, а она а ме снема од соба одма солзи крокодилски мислеш којзнае кај одам Заедно спиеме тоа веќе се навикнав се гушкаме, си висеме на цице и така, таман е после овој скок сакаат ептен близина... Гаволчиња мали, слатки
Абе оти не кажувате дека било толку убаво да си спиеш со бебка на спална заедно?! ми годи 5тиов скок не знам како ќе ја вратам во креветче, ептен убаво ми е. Предходно по саат два сабајле поспиваше со мене а сега цела вечер и стварно ми е многу убаво
Мислиш ќе ни дозволат да се гушиме? Мојов вреска и "кашла" кога се гушкам со татко му. И на крај, таман ќе помине ова, бум 6ти скок, најголемиот хорор на најголем број на мајки тука.
Zdravo vo koj meseci ima regresija vo spienje i sto se slucuva? Sto e razlixno od skokovi na razvoj ?
Женски вие што сте го прошле 4ти скок кажете што прават во него?? Ќерка ми е уште мала, 3+ ама не знам што му се случи на детево, трансформација деновиве. Сон повеќе од саат време не врзува, по цели денови со нозете во вис, пробува на стомак да се врти сама си збори нешто цело време, балончиња си прави, писка, вриска, фаќа со рака цуцлата, ја џитка за да ја напика раката во уста. Можно ли е волку рано да и почне?
Моево е 3++ и е вакво едно три недели уназад, така да не верувам, тоа е многу рано за четврти скок. Се врти на стомак, више не ни лежи на грб (ко ќе е буден, а почна и во спиење да ми се врти ), од скоро и на раце се крева. Ваљда се вештини после трети.
Па негде 2+++ кога беше почна да се врти активно и оттогаш нема застанато. Иначе и моево дотогаш ич нејќеше на меше и не го ни редев најискрена да бидам, ептен ретко, зошто е дете кое вришти по цел ден и не ми требаше дополнителна причина за вриштење . Неколку дена пред да се сврти сам, баш матичната ни препорача да му земеме перница за tummy time, за да го редам да му е интересно, само што ја купив тој сам почна да се врти, џабе ја зедовме. Ако нејќе баш на меше пробај ставај го на тебе да се крева или можеш на рака па да го шеташ низ соба.
И претходно тешко ја заспивав, имаше по некој ден кога ќе заспиеше од прв обид, но сѐ почесто заспивањето ни трае 2 часа.. Дали е до скокот, регресија во спиењето? Или едноставно како растат потешко се заспиваат? 4+ месеци е.. Ќе помине, знам, но има моменти кога сум безнадежна, секој дел од телово ме боли, не спијам многу.. Ми треба утеха дека ќе пројде и дека оди на подобро!
Ќе пројде. И јас со саати го успивав, нацицај се, поврати, поплачи, посмеј се, поврти се.. Нишкај јас, шетај по соби, нишкај татко му со саати. На крај од умор ќе заспиеше, а ние не знаевме кај сме, буквално. Од кај 5-5 и пол месеци смени. Сам си помести порано заспивање и сега за ноќно спиење се успиваме за 15 мин. Ако е многу уморен и помалку. Прозорец на будност после последна дремка огромен, 3-4ч. Сам си темпира. Сум поместила последна дремка покасно за да не е толку време буден, покасно ми заспива. Оставам тој да ме води, како му е убаво, така. Само нека спие.
Ауууу многу бе мама 2 саати успивање . Нешто е. Од мое искуство можам да ти кажам да видиш кога и е последна дремка, колку време има од последна дремка до спиење? Би требало 2 2ипол часа да има можеби и 3, зависи од детето. Кога ви е ноќното спиење, во колку саат? Пробај да и го поместиш порано или покасно. Преморено дете мноооогу тешко заспива. Рутина претпоставувам имате. Мојата кога преминуваше од 4 на 3 дремки така исто се мачевме по саат време се заспивавме и тоа со плачки на крај. Пробав да и го поместам за саат понапред место во 9 во 8 и од тогаш сме раат. 15тина минути од кои и цица активно кома е. Со тоа што и ја следам последната дремка. Заспива накај 3ипол 4 до 5 5ипол некогаш и 6. Ако стане во 6 ја бањам во 8 и после цица и заспива. Ако стане во 5 5ипол ја бањам 7ипол 7:45. Се надевам нешто од ова ќе ви е од помош.
Така, утеши ме да знам што ме чека . Денес од четири дремки, три не сакаше воопшто да легне туку морав да стојам да го нишкам дур цица. На два пати прозор на будност беше преку два саати, а вечерва заспа после цели три саати. Лајкот е за поддршка .
Аууу ја не се жалам више. Ќерка ми во живот во раце не сум ја успала. Ич не се нервирам што фрла цуцла, дур не бара во раце нишкање