Даде дај објасни поопширно..колку е тоа многу спиење? Навечер спие ли убаво или будна е? Нешто друго освен поспаност? Температура? Колку степени е дома? Колку често цица? Како напредува? Полни ли пелени? Секое добро.
Спие, станува на 2,3 сати за цицање ќе се нацица ќе заспие пак. Напредува сакам има 8кг.и пелени полни ама ете мн пати преспива. 5 до 6 пати преспива.
Пак зезање со пиење млеко (претка, мрчи, се "гади", бљуцка од преткањето), навечер знае да се разбуди, а инаку си спиеше ко топ од 20ч, покенкав е, дневните дремки ко зајче кратки.. јово наново.. скок бр.5. Како го пројдовте тој на 6 месеца? Ние развојно во тој сме. 13 дена до крај вика апликацијава.
Ме уништи психички уф кој ќе се борит опет...ние за една недела во 6ти влегвиме... Да зејам психички да се спремам
Теши ме, теши. Хахахахах... Ќе биде, 3 и 4 се споија во еден џиновски, го протеравме, тој најмногу се изрази со нејадење, сега овој плус со будење и кенкање.
И ние сме една недела пред 6ти. Навечер нејке да заспие, плаче се буди по 100 пати Дали е скок или се запчиња
Синоќа ми станвеше така...па во 3 ми се испрај желна за игра и гугање едвај заспа во 5. Долу непцата и се потечени, сеа дали се забите или психички ме спремат за скок незнам.
За тој во 6ти месец зборите за полни 5 или полни 6 месеци? Ќерка ми е за 10 дена полни 6, деновиве ме "удави", жива ненаспана сум, цела ноќ е на цицка Или пак тоа веројатно е радо запчето, кај и да е чекам да пробие.
Апликацијава вика почнува 22.5 недела, завршува 26.5, најжустро со темни облачиња е 26 недела...хахахах...
Бебе ми е 3 месеци и 2 недели. Освен промени во дневно расположение, друго не приметувам. Нешто нервозно се кара, како нешто да бара, како да сака да дофати нешто. Другчие гуга, понекогаш се смее како возрасен. И многу нервозно го јаде лигавчето. Едноставно бара МНОГУ внимание. Непцата се црвени кога искачаат заби? Или бели? Не гледам некакви знаци за заби, рано е, ама превише нервозно гризе све. И рацете. Пишува дека овој скок трае 30 дена и е поделен во две етапи. Па ваљда сме во првата припремачка. На wonder weeks читав. Ич не сакам да го смени ноќното спиење, што сака нека прави преку ден ќе издржам,само ноќе нека спие. Oh i wish...
Ич не знам како оди по недели Како искача 26та недела? @TeddyGrey не се црвени, само набабруваат, ќе осетиш на допир дека се отечени.
Неам везе. Пишан ми е во апликација терминот за породување (кога требал да биде, а не кога е роден, сепак предвреме сме доста) и само си рачуна.
Луѓе дај помагајте, збудалевме неколку дена. Во петок полни 6 месеци, знам дека е 5-от скок ама плаче цело време, плаче и додека спие. Вчера до 1 ноќта не заспа. А па да не почнам со шишето која војна е. За еден месец само 470 г качила. За колку време помина кај вас? Ќе се врати на старо или ќе си остане вампирче