Кај нас неколку дена беше. Да не те плашам полош е тој периодот во црвеното шо следува. Особено ако си сама со беба. Барем кај нас. Не можам да мрднам од него. Да седиме на под, само да се исправам почнува да плачи, а тек кога се оддалечувам од него...
Мајко мила, што ме чека ... И сега сама не си игра, нон стоп е со мене, заедно на подлога, штом ме снема вика и плаче, ај малечка е и разбирам И лепенки сме прави, дремките на мене ги спие или до мене, а во црвената фаза можам да замислам... Ај ќе си се гушкаме, ќе одам во тоалет со неа хаха
Осетливи ни се децата, сакаат близина. ❤️ Го ставам на подлогата за преслекување и секое наведување за да земам пелена, алишта (оти на фиокар ни стои) тој плачи. Кога сум исправена ми се смее. Добро, тоа со облекувањето секако е борба со плачки и циркузи, ама таков е од ко е роден ми се чини и веќе навикнав. Го ставам на под, седнувам и јас до него. Додека сум до него си лежи, си се занимава сам, бабла на бебешки, си се врти си зема играчки, ги глода... Седи само ако е потпрен на мене, никако поинаку. Ако полека се оддалечам од него, седи сам ама неосетно, ако се сети, одма легнува. Само да почнам се исправам, тој почнува да плачи. Плачот се засилува со секој зголемен центиметар растојание. А ако ме слуша, а не ме гледа.. Уште полошо, солзи крокодилски, напрчени муциња од тага.. Па така, со него одам во тоалет, да, и в раце го држам. Со него кафе си правам, тоа уште една борба ни е. Се плаши од апаратот за нес, ама првите 10 секунди, после пушта рачиња и тој да фати. Исто и со блендерот. Заедно ручек правиме, заедно ѓубре фрламе, заедно карго пречекуваме. За спиењето ич да не спомнувам. И да сака да спие без мене, јас неќам, таман да си полежам тие 30-40 мин шо ги дреми. Не дека пред црвената фаза не беше вака, слично беше, ама сега ми е многу почувствителен. На пример ако го оставам, кога ќе се вратам пушта рачиња да го земам в раце и кога ќе го земам ме гушка и липа. И како да го оставам? Душа ми е. А кога татко му е тука, друга песна е. Тогаш си е татин и мене ме рецка само за цицање.
Душички мили Од нервози и стрес дали спиела сама во креветче преку ден и колку спие, заборавам дека ќе порасне додека трепнам, па ќе ги барам овие моменти. Затоа кога ќе се сетам, ќе се чукнам по глава, ќе си ја земам во раце и најсилно си ја гушкам и бацувам Кај нас кога тато ќе дојде, тој ја зема и игра со неа, ако сум со нив ме гледа мене и не трга поглед од мене сака да ја земам, кога ќе ја напуштам собата е друга Нема проблем си игра си пее. Туку, кога почна Јован да се смее на глас? Ја пратам Вера има обиди ама сеуште не е тоа тоа
Мислам дека од ко се опуштив за спиењето и не гледам на саат дали, кога и колку спиел, повеќе и поубаво ми спие. Јован прв пат на глас се изнасмеа некој ден пред да наполни 4 месеци. И знаеш за шо се изнасмеа? Ќе се поддавев дури пиев вода и се закашлав силно, а дете не можеше да се соземи од смеење. Исто многу се смееше и сеуште се смее кога му е страв, на пример при "фрлање" нагоре, вртење, дување ветер... Сега веќе си се смее и со глас и без, ама најсладок ми е со глас. Особено јас да го скокоткам, а тој да се витка (ептееен има скокот) и да се кикоти. Ќе се насмее и Вера. Ќе се изненадиш и ти колку навидум едноставна и смотана работа ќе ти стане омилена, оти само на нејзе ќе се смее. ❤️
Ама шо убаво ми ти иди на душичката ко ќе се утутка во тебе и ја гледаш дека се чувствува најсигурно на цел свет.
Лелеее исто како јас да сум пишала. Буквално од а до ш исто се однесуваме. Ама па ко што викаш си се гушкаме цело време. Со големиот не осетив вака, дали дека помлада тогаш или ми избледело сеќавање
Ве молам некој ако може да провери да не сме во скок родена 03/03/2021 а по термин 01/05/2021 еве 2 дена само плаче преку ден спие по 20 минути
Не знам дали е скок или нешто друго, неколку дена со ред се разбудува ноќе на секој саат / саат ипол. Не плаче, само ја земам во раце, цица и ја оставам. И се така во круг цела ноќ. Се прецица кутро дете Мене ми е ако е скок ок, да знам ќе помине, ама од што не можам насекое да станувам да ја ставам во креветче, и до мене ја легнувам. мислам да не не и е погодено спиењето, не знам, очи ми капат деновиве, утешете ме дека сме во некој скок и ќе почне да спие и да врзува. Се роди 07.06. а термин 14.06.