Само што помислив фамозниот 8 скок дека лесно го минавме со мали промени на редот, последнава недела ми доаѓа главата од ѕид да ја трескам. Станува ноќе наспана, игра, шета по спална, отвара фиоки, шкафчиња, прета како на батерии да е. Ноќе не презаспива никако освен со нишкање и шетање низ соба, никако да сум седната со неа на кревет. Претходно коа ќе се разбудеше ја земав одма до мене и барем со цицање заспиваше, наспана бев. Пресоблекување е невозможна мисија веќе станата она на нозе јас ѝ мењам пелена. Па ми бега гола по соба дека прооде и сега не застанува само шета и ровари. Се надевам ќе помине, аман веќе.
Верувај најтешкото е. Мали одамна го "пушти" 8миот скок,но скокот не го пушта него. Многу ужасно,неподносливо олачење за се и сешто. На сред ноќ плачи ништо не го смирува,ако ми слушне чекор одма драма настанува,се во раце да е. Оди , се премислува па не сака да оди,па има момент како пијаница се врти во круг,паѓа плачи,плачи,плачи....
Здраво мамички, малиот ми е скоро 4 месеци. Како што израчунав е во 4тиот скок. Прекина да ми спие, преку ден дремнува само по 15-20 минути 2 пати. Навечер плачеме некогаш и по 3-4 саати без прекин. Тешко заспива. Станува со плачење, плачи во сон. Има денови кога воопшто не сака да јади, едвај на 3-4 пати по малку. Пробав сменив млеко, мислев дека до млекото е ама не е. Навечер ми спие по 7 до 9 часа најмногу, со едно будење за јадење. Мислам дека според мене малку спие. Како се справувате со скоковите? И дали после некое време се стабилизираат
Здраво мајки ке може ли некоја да провери дачи сме во скок бидејќи избудалев не спие не јаде се е прегледана се супер е а детето вришти се одра Термин 03.08.2021 Датум на раѓање 28.07.2021 Фала ви
Ај ве молам да види некој за нас. По датум на раѓање сме - 06.04.2021. По мои пресметки треба наредна недела да биде громчето, ама од вчера ептен јаки забави имаме по дома И кој скок беше каде што имале кошмари? 6ти? Синоќа се разбуди со такви плачки, едвај го смиривме
4тиот скок од која до која недела е? И дали во него учат да се превртуваат, да грабаат со рачињата и да пискаат кога нешто не им е по мерак?
Здраво, ќе сакате и ќе можете ли да ни пресметате кога ни се скоковите.Термин 09.09, родена на 05.09? Фала
Здраво Да замолам да ми пуштите табели за скокови. Од бебе неплачач ич, стигнавме до плачење со вриштење од нигде никаде. Скок ли е, заби ли почнуваат памет немам. Роден 15.07 Термин 22.07