Ја симнав wonder weeks но не ми дава да внесам датум на раѓање тука ми бара due date што подразбира под ова
Здраво од бебе најмирно на свет ,кое што воопшто не бараше во раце,сама си игра со играчки и постојано се смее,сега во 4 ти скок имам само плачки 24/7 заспиванје со по 30 минути минимум нисканје во раце.Плачење и во раце кога е како да ја боли нешто.Цела нок будни, преспиванје по некој половина час колку да земе сила и се вракаме на плаценје.Наутро накај 7 заспива и потоа не можеш да ја разбудиш едвај до 14 часот.Почнувам со буденје од 11 и 30.Намалена желба за јадење,ако претходно секогаш заспивавме само на цице сега само во раце ,се молиме цел ден да цицне сосема малку.Дали друга мајка имала вакво искуство со скок и дали после завршувањето на скокот детето се врати во нормала ?
Да не е гладно бебето? Дој го полузаспано и во темна и тивка просторија и однеси го на педијатар да видите колку напреднало, на ист педијатар истата вага од претходното мерење.
Најверојатно е и гладна,но одбива да јаде .Постојано и нудам града дури и со шише одмолзено се обидувам коллку да јаде нешто,но сепак слабо јаде.Се мислев да не од скокот сето ова да не има и друга вакво искуство
Дој пред да е гладно, полузаспано, пред да почне да плаче, пред да засили со плачење. Темно и тивко бидејќи се ги интересира се вртат гледаат слушаат и остануваат гладни. Скокот како скок ќе помине и нов ќе дојде. Од скокот може да е ама ако не цица повеќе од ден два три не препишувај веќе на скок туку на глад, пробај со АД, кашички ама секако прво мерење и консултација со педијатар, втор, трет. Прошетки на свеж воздух повеќе пати во денот.
Да. Меѓу 5ти и 6ти скок е таа црвената зона кај шо учат за растојание и сакаат близина. Син ми барем душата ми ја извади.
Jas megu 5 i 6 bel den ne vidov....crvena zona i 4 zabi...sega e 6ti nekako pomirno mi e bebevo i vo spienje i jadenje i se
Во 8ми скок се случува некоја промена во спиењето? Беќе три дена по ред ми ја одбива втората дремка, и седи будна од 1, 1ипол до 7ипол, 8. Нишкање, возење количка, најадена нацицана преоблечена, не бива и не.
Да, и тоа голема промена има тој период. Изгуглај 8 month sleep regresion, дури најизразен е од сите скокови, и обично кратат дремка тој период.
8ми скок е после годинка, 12-13 месеци таа регресиија во тој скок што беше на 8 месеци супер ја поминавме.
Колку години трае 4тиов скок ?? Веќе 3 недели бебево е хаос, од најмирно бебе, трансформација 180 степени, вриштење, отпор кон спиење, денес во 4 будење, наспана, а не се случило вакво нешто откако е родена спие до сабајле само за цицање се будеше. И има ли некоја друга мајка со бебе во 4ти скок, да се тешиме ?
Ние сме во 4ти скок исто. Три недели и кај нас хаос. Цицање само со шетање и пеење. Маки на секое заспивање со врискање и тегнење. Навечер и по 2 саати нишање и пеење за да се уцврсти. Почнувам во 8 затоа што дава знаци за спиење а завршувам во 10 или 11(во меѓувреме 3 пати ќе се разбуди). Спие ок до 5 сабајле и после до 7 максимум ама немирно многу, мижи но исто ко да не спие. Се тегне наназад со глава, како змијулче се витка, кенка. А предходно си спиеше ок од 8 ипол навечер до 7 ипол сабајле до 2 или 3 будења за цицање. Нема крај мислам ова
Леле ние сме во црвената зона….Ми се плаче… Многу се буди навечер, сака само да ја земам во раце, презаспива добри 20-30минути, ми се искриви кичма и врат од држење во раце. Вришти цело време, како расипана касета, и така сигнализира кога сака пелената да и ја сменам. Неа и е презабавно, а јас сум зомби.
@Tea SK @Bubi*2 https://sarahockwell-smith.com/2013...kTM1uNazOOyl-HrEb71hLdINyUxFcvcU6BavuFOcOE0rI Прочитајте го текстов, после полесно се издржува Ние според апликацијата излеговме од скокот мада мислам дека сеуште ни трае Не почнала сеуште да покажува skills , а таква е кенкава, вриска. Но и многу е сменета. Сега подобро ги перцепира работите, гледа и забележува околу неа, не плаче кога се возиме со количка или во кенгур, ѝ се задржува вниманието на одредени нешта. Исто така многу си зборува, уста не затвара. Прди со устата и многу е интересна , па заборавам дека сум спиена само 4-5 саати
Лелеее истооо. Како да не влегува во длабок сон. Ја успивам по 40 мин, за да спие 20. По 2 саати и беа дремките иначе пред скокот. Секое заспивање вришти и научи да ја фаќа со рака цицлата и да ја фрла, борби се водат по цел ден. Кога е будна само балончиња си прави со уста и само пробува да се превтрува. Ја мислам ова ко вечно да трае