@lia22 @sani99 https://ordinacija.tv/razvoj-bebe-po-nedeljama-u-prvoj-godini/ овде убаво пишува што се случува во која недела до првиот роденден на детето
Кај мене немаше промени во спање , освен дури беше во скок баш недела на громчето кога беше. Пред и после си е ок. Е затоа сега во 7ми скок , недела на громчето и предходната недела е Лудило преку ден. Се тегне по мене се исправа мора да го крениш , ако не ме гледа одма сирена ече , или лета накај мене , а па ако му избегаш ауу , сам да поседе да се занимава беше само 10% низ денот Ноќе се будеше често , ама овие две ноќи смие помирно , денски има малце подобрување во расположение , а завршува неделата кај што е громчето. Од сите скокови во 6ти мислам осетив некои промени , и сега 7ми скок е нај луд дефинитивно од сите Ама ако го шеташ во количка надвор или во раце по дома да си чепка околу се му е рамно Нова и најинтересна работа во овој скок што смени , ми е покажувањето со раче кога нешто сака да чепне или да му дадеш , само покажува со рачето и стое и чека
Што да очекувам во 5ти скок? 4тиот не го ни осетивме за некое чудо. И дали моево бебе е единствено што нејќе да лежи на под? Само што ќе ја ставам одма плаче, играчки и ставам, јас лежам до нејзе, ја вртам на стомак ама џабе е.
И јас тргам сега во јануари на работи, имам подолго породилно дека се две и како ќе биде со градинка и се памет немам
Не е единствено. И моево секој ден го ставам на меше на под и упорно нејќе Се е пробано, не и не. На грб може да лежи да си игра, меше никако. Дирекс на седење ќе биде изгледа
Почна да имитира гримаси и звуци, почна да подава раце натаму накај шо сака да го носиш, да пали/гаси прекидачи, да ја турка вратата за затворање дур го држиш в раце и да пушта раце кон кваката (ова со кваката уште не ми е јасно дали ја фаќа со некаква цел или му рефлектира дека е сјајна), почна да гледа и фаќа детали на пр од цела плишана играчка ќе му се запни на едно конче и него го фаќа и го лапа в уста, дури седи на хранилка фрла сѐ на земја (и претходно, ама сега повеќе) особено сака чашата со вода да ја истури, кутијата во која што му стојат играчките ја истура и ги пребира играчките, веќе не се залажува со тропки и ако не му е интересна некоја играчка ја фрла, не ја сака, разбира не и чао, се врти на меше и на грб во спиење (дотогаш не се вртеше), на сите им се врти кога го викаат на име, држи играчка во секоја рака, ги удира една од друга, пушта прсте за 'буц' на некоја играчка, врти сликовници и се буни да отвори кај шо има омилена слика, ги слекува и јади чорапите, прстите на нозете, кога седи со рачето си ги брка стапалцата и дека има скокот стапалцата ги мрда и му се ко играчка , се исправа на раце дури е на меше или го крева газот високо дури е спуштен на градите, ама тоа го прави независно едно од друго и ги крева рачињата и ги носи назад покрај тело, исто и подигнати ноџиња дур лежи на меше и мрда со сите како да плива и мисли дека којзнае што прави оти пресреќен е , успева да се влечка само наназад по малку и штом го смрзи одма си се превртува на грб. Почна да брбла дадада, татата, тетете, дедеде, глагла.. Мамама и мам само кога плачи и не му е нешто погодено.
Касно ми е за едитирање, па вака ќе се дополнам Пошто е лепенка за в раце и работам сѐ со него, обожава да путша раце за сѐ, па така многу сака да меша со лажица в тенџере, да притиска на блендерот за да бленда (иако се плаши ), да го отвора фрижидерот, да ги фаќа и одлепува магнетите од фрижидерот и секако да ги јади. Многу сака шишиња, си ги трие непцата на капачињата. Обожава да се мие раце и да ја пушта/запира чешмата.
Добар дел од работиве ги прави веќе, ама имаме и уште за учење.. Мама само кога се на мака, и големи така ќе биде да знаеш
Или, мамо ај речи му на тато да ме пушти.... И следи масажа пола саат ајде мамо речи му, битно тато не се дира, само преку врски И после мм ми вика, ти си си крива... Епа мајка де. Нека се живи и здрави само, се за нив
Мојата денес влегува во 7ми скок.Пред една недела беше огин, рже не се држе. Ама не е само скокот и излезе вчера забче плус три други и се отечени, настината со нос растечен.Не сака да цица т.е не може се дави, аспиратор за нос е борба и така ако преживеам деновите арно ќе биде. Вие како поминавте 7ми ?Страшен ли беше? За 8ми сум читала жалење ама за 7ми не.Може па лесно ќе поминеме.
Ние уште недела и излегуваме од 7ми,искрено мене ми беше и уште ми е мн мачно, мн тешко ми заспива, колку и да пробам рано да станеме таа касно легнува, синоќа ме држеше до 2 часот се повеќе стои сама, сака да поминува низ предмети(на пр лази над перница ако има на земја), ако сум јас легната на земја и си играме се качува врз мене, се научи да си ги завлекува вратите ако не се убаво затворени, мн нови работи во скоков може и затоа не сакат да спијат, исто и со јадење сме на молење, е едино што обожава да цицаинаку незнам дали се фази или скок неможам ниту пелено да сменам ниту облека, тоа е бегање.. плачење..и се така во круг.