Привите денови од скокот беше многу напорна, не јадеше, не спиеше и само во раце сакаше.Тоа траеше 3-4дена и толку.Кај громчето беше многу мирна. @Zumbulche и мојата веќе една недела се исправа.Конечно научи да лази.На се се исправа и може за секунда да трсне на глава.Мојата и онака е неспанка, ама пред да влезе во скокот имаше ноќи кога остануваше будна навечер по 2-3часа. Кај неа како скоковите да се 1 недела порано.Пелени се гониме со голо газе низ соба.
Последниве 2 дена си игра со една играчка пр.и ја земам да и дадам друга. Дете пишти, почнува да плачи да и ја вратам старата. Ако и земеш нешто од раце одма плачи Има некаква врска со 5ти скок? Или детето такво ќе ми биди, по нејзино да е
Помина 5ти скок. Мирно ппомина, неколку пати тешко заспиваше ама друга промена немаше. Овај скок до сега, ми се чини најмногу работи научи. Секој ден нешто ново прави. -Почна да подава раце да го земиме од на под. Двете раце во вис и цимоли. -Се врти кога го викаме на име. -ПРВ ПАТ реагираше на непознати. На преглед сестрата го соблекуваше и почна да плачи, продолжив јас одма почна да се смее. За ова беа среќна, конечно ме побара мене. -Ме следи со поглед ако е со други ама не бара да го земам. Седи си сите, сите ги сака -Се врти од грб на стомак и обратно на двете страни без проблем. -Сака да лази ама не можи, пробува и само се врти во круг -Почна да плачи за да седи, ортопед кажа можи да седи па го оставам. Седнат многу се заигрува сам. Се тегни да ги фати играчките, ако му здосадат ги фрла. Па почнува да ги соблекува чорапите. -Гуга, кажува нешто по негово, си муабети. -Имитира и враќа на звуци. На татко му му се смее на секој звук. Тој му е уште најголема љубов, мене најмногу ме сака кога е гладен. Ако го држам свртен кон мене ми ја тегни блузата и бара цице. Се смее на глас, сака многу да ми се криеме и да се појавуваме. -Спиењето си остана супер, без промена.
Од сите овој го осетив нај Недела на громчето беше Лудило не се траеше ич , а се тргнам од него одма се забесуваше на мене , се исправа и ме тегне да го кренам , ако му избегам ечење скрос А шетај го во раце и во количка се му беше таман Па анализираме чат пат маалски куќи како се украсени преку ден за раат да има Ноќе знаеше да кенка и да се буде често , се вртеше цело време , па ќе си седне и си дреме така у мрак темно Сега како привршува скокот и он се враќа у нормала и мирен си е т.е сега се качува на што стигне , и нешто ако начека поголемо да може да го турка и како проодувалка му служе , и има лум дум по цела ден И пак нема раат дури не прооде , ќе ми а дообеле косата
Во последната недела од 5ти скок сме. Ситуацијата е неподнослива. Мислам дека остарев за 10 години во оваа недела. Будење околу 10 пати секоја вечер, кенкање по цел ден, па и каде е неспијач невиден, си скрати една дремка, па пред неполни 6 месеци е само со две дремки. Прашањето ми е ова ќе си остане вака со дремките или ќе се оправи? Како што знам регресијата се случува покасно, накај 8 месеци.
Има ли скок на 13месеци? една недела сме со несоници ноќе,будење,кенкање,плачење. Мислев запче,па стомаче дека е ама ништо не помага и затоа помислив на скок.Некој искуство?
Кога ви е термин на раѓање? Ќерка ми е 12ипол месеци, уште една недела има останато од 8миот скок. Пишав еднаш дека сите скокови до сега ги поминавме доста бурно со доста изразени промени, но четвртиот и овој осмиов има да ги паметам....
Не и моето со 6 месеци имаше две дремки ,сега е 9 уште сме на две. Вкупно три саата од прилика спие преку ден ,легнува во 8 8:30 најкасно.
По термин се гледа, не кога е роден. Пр, ќерка ми е родена еден ден после термин на раѓање, па го внесувам тојбдатум, не датумот на раѓање. Едит: по овој датум сте кај сонцето.
Термин ни беше 14.11 а се роди на 02.11 дека со царски ,карлично беше Во 38 нед.и 2 дена се роди.А каде ги гледате скоковите? На Апликација или?
Ме утеши мајка Ич не можам ред да фатам, обично гледам да ја заспивам накај 20, 20:30ч, ама некогаш се случува и да легне околу 22ч. Сабајле се буди во период од 6:30 до 7:30, без разлика кога е легната. Реално, таман ми беше и со ова темпо, ама со 3 дремки, затоа што и беа вкупно околу 3 часа. Овие неколку дена пошто си ги скрати на две, околу 2 часа, не се трпи. Плаче и кенка цело време. Со ништо не можеш да и одвлечеш внимание, ниту па со цицање да се потсмири. Ќе видиме денес како ќе биде, моментално и е втората дремка, така да мора да има и трета до после.
Епа моево од кога ќе стане три саата мора да е буден , да лази низ стан ,да се качува по мебел,да се умори и јас со него па ќе легне порано нема шанса. После три саата пак спие и пред ноќното спиење е буден 4 саати. Активен сто на саат, од вторник сум на работа да одморам малку
Срцкаст е нели Со лесно пивни си некое чајче или б6 Мојто за една недела излева скрос од 7ми , штом заврши недела на громчето почна да се нормализира . Раат сум повеќе овие денови , ама дури беше апла во скок ме цркнааа
леле да , тој околу годинка е , ама е уби боже го памтам од ќерка ми пред роденден мислам ќе ме излудеше начисто Ама па ептен големи промени му се случуваат и после тоа стварно се како други детенца