Welcome. Пишав и јас пред некој ден, ама те немаше да ме утешиш. Опасна сум сама по себе.Се исправа кај стигне и до неа стоам и ќе избега и ќе се слизне и ќе тресне на глава.Вади 4 заба,енос 1 излезе. Лази конечно и ржи и рика.Јадење 3 -4 лажички и толку и пак рика.Доаѓа до мене и на мене се качува и се исправа.Апе. Плус настината со мрсули до брада и кашла.Дрнски дремки и се испоместија. Кога и се јаде вика ма ма на место ам ам.За навечер нема промена , цице транс. Вие како?
Аууу овој втор скок е страшен кај нас.Од вчера е друго дете.Ниту спие ,само цица и поврака,плаче ,вришти....Мајки како се справивте вие?
Мајки како е кај вас ноќното спиење, ние не бевме нешто со ред и пред тоа но со последнава недела од овој 7ми скок ми заспива мн касно кај 12 некогаш и 1,па за 1час се буди и така се шетаме низ соби уште 2часа,сигурно е преморена и преку ден не сврзува повеќе од 2часа,нез како да и помогнам, премногу е активна кога и да пробам да ја заспијам кога видам сигнали дека и се спие не ми успева, плачки и бара пак да ја однесам да си игра. Колку и да пробам рано да стане за 2 дремки да и бидат порано, таа си го продолжува прозорот на будност Некоја да ме посоветува, кај ли грешам
Ужас, раце ми паднаа. Не сака ни секунда сам, само во раце, на секој саат е гладен, денски нејќе да спие ич, само вриштење и одвај смирување. Ама еве веќе два дена како се потсмирува и подобрува, поминува скокот така да држи се
Таман си реков готово поминува, нема многу промени... кога еве денес и вчера се буди на секој саат како навиена. За четврти скок се работи. Има ли некој да ме утеши, колку време им трае оваа фаза? Инаку @brm_brm намалена и е желбата за цицање, предходно цицаше кога и да и понудам а сега не, ама сепак кога е гладна или поспана си цица без проблем.
Мајка за спиењето не можам ништо да кажам освен дека легнува наместо во 19 накај 20-20:30ч.Таа е катастрофа со спиењето од раѓање.Подолга демка од 40мин не имала денски. А навечер се буди на 1ч. Иста е и во скокови.За мојата немам најдено сеуште решение како да ја заспивам освен цице .Не сака лулање , количка , релаксатор и слично.Така да од раѓање за спиењето е во скок.
Навечер кога спие или преку ден кога е поспана си цица ама инаку се и е поинтересно. Фати, пушти прави со градата, а шушне нешто се врти. Вчера на пример поинтересно и беше новогодишно перниче, му се радуваше, него да цица, заборави дека е гладна.
Мојов не ползи, тоа изгледа реши да го прескокне. На чекор беше да почне ама откако почна да се исправа не можеш да го седнеш, на стомак Боже сачувај вика ко да го колиш. Цеееел ден сака да го држам исправен, тупка со ноѕе и оди низ цела куќа да отвара се’. Вчера работеа перална и сушара цел ден, сакаше да чепка да менува програми и да отвора. Пробувам да го тргнам вреска. Дистракција со нешто друго трае 5 мин и пак оди кај машините. Да затвориш врата немој си помислил Да шета не можеш во количка да го седнеш, нејќе ни в раце. Во кола е журка. Стандард не јаде и не спие. И така, цел ден свиткана го носам по соби да чепка. Го оставив кај свекрва да одморам, отварале рерна и се пикаше со нозе внатре. Станува пред 6 и почнува, ко моторче да има во газот цел ден без престан.
Мојава не протестираше, се изнацица. Само почна не толку често и мораше да сме сами во тивко пошо а шушне нешто одма се пушта да види што е. Ова и остана и ден демес е вака.
Живи и здрави да се ќе помине и оваа фаза, па полесно ќе биде. Мојата фиоки отвора и вади се од неа.Вчера масажерот на мм го исклучи од штекот го излижа утикачот и сакаше пак да го вклучи да не ја видев струја ќе ја удреше. А колку собра се по земја и само се дави.Ние оти имаме дадичка и се има нешто по земјата.Пред два дена орев излупен на пола реши да го голта,хорот.Господ да ги чува оти се опасни сами по себе.
Леле незнам шо ќе се прави. Ние сме повеќе на ад, и цицнува помалку за успивање. Ама многу малку пие. 5 оброци има по 100 мл едвај и тоа тие 100 мл ги пие 1 саат со молење, шетање и плачки. Шо е најинтересно ако не и дадам јас млеко она не бара и не плаче како порано. Си викам дали да сменам млеко да пробам со друго ад.
И мојава не плаче за цицање од кога влезе во 4ти скок. Пред тоа вриштење беше ако не и дадеш во истата секунда кога ќе се разбуди. Инаку како сте вие, се враќа полека во нормала? Јас да не урочам ама од саботата ко да почна малку да ср смирува. Пројде 17та недела, викаат таа најопасна е од скокот.
Кога завршува 5ти скок, или попометно да прашам кога почнува 6ти? Не е спиено детево последниве денови ама ич, ноќеска поготово будна цела ноќ. Денски исто, многу и сметаат звуци, се штрекнува одма. Термин 14.06. ми беше, денес точно 27 ма недела тераме. Не знам до што е неспиењево, нека ме просветли некоја мама ама грев ми е, друго е наспано дете, друго е ненаспано
Со лесно, нас ни беше страшно. Сега сме за еден ден 19та и се враќаме полека полека. Уште се мачиме на заспивање ама се трпи некако.
Kолку сте стари? Мене така ми велеа, ама полошо кај нас, напротив бетер е со спиењево, а наводно сме го поминале 5ти скок, или што ја знам… 6+ е