Колку време трае скокот во 6 ти месец? Почна со нејадење и касање, па сега сме у фаза на цицање на саат ипол, a навечер до 01ч. несака да заспие освен да и дадам да цица па така заспива. 6 месеци 3 та недела е и 2 недели чудно се однесува.
Женички ние полниме 3 месеца и мислам дека скок ја фати по цела вечер сака да цица и се буде на 15 мин. Сака само исправена да ја држам како во седечка положба. Плачењето и е сменето иначе машала многу почна да гуга и да се смее. Некој совет за дс и олеснам а иначе уште има грчеви а мама пред 2 недели тргна на работа по 3 саата
Скокот немат олесвење освен нерви у позитивност. Ќе поминит. А за грчојте пробај со топло на меше дали термофорче или пелена топла, масажа...
Ima li nekoj skok vo razvoj okolu 4ot mesec? Maliov moj me izremeti, nitu spie mirno, nitu lezi, nitu sedi, samo vo race i pistenje do daska
@CurlyBlossomGirl најтешкиот и најдолгиот е тој во 4-ти... Побарај низ темава и наоружај се со нерви и трпение. Исцрпувачки е, ама ќе помине
Дали во 9 месец има скок во развој? Дали скокот може да биде причина што одбива да јаде кашички кои претходно лакомо си ги јадеше? Не е воопшто заинтересирана за јадење, врти со главчето и само бара нешто да тропка и да игра. А сака само да цица Дали е нормално ова и дали ќе помини? Или готово...вака ќе не викаат?
Кај нас уште трае овој во 4 месец.. Две недели веќе. Се молиме за цицање, цица и плаче. Пуштам фен, или висам над неа.. Секако могуче пробав, едвај цица вчера и денес. АД ми одбива, ма вришти само што и ја допрам цуцлата на уста. Сакав да и давам зошто само по 70гр ми качува на недела, ама она неќе. Буквално денот во плачење и кенкање ни минува. И мене ми се плаче дури. Што скок беше ова бе ?! Ауф! Нека минува, си го сакам старото бебе назад
Те разбирам мајче. И јас си плачев тука. Имаше денови буквално мислам ништо не сакаше. Ни цице , ни шише. Побудалев. Купував шишиња, променив и АД. Додека не помина само од себе ништо не палеше. Биди упорна и истрајна. Гали ја , зборувај и тивко додека да фати цицето. Биди смирена колку можеш оти чувствува се. Едно нека ти е утеха, ќе помине, период е!
И ние сме неподносливи. Толку е кенкава, размазена дури и се кара, за све нешто плаче. Денски спиење денес два пати по 15 мин. И за тие бев среќна. Ноќново со 6 пати презаспивање. Жими цицање не одбива. Буце е. Али се кара со цицето му праи ањњањаеа...
@TeddyGrey Нека е и кенкава и нека плаче, туку ова со цицањево ме изморува премногу. Ќе почне, па ќе се загледа некаде а најчесто во лустер, и гласно му вика “ааа, хухууу, ооо” Мислиш му зборува. Ја вртам, ја галам, и зборувам тивко, ама она сака да гледа во лустер и да гуга, а не да цица. Уште шетајќи по дома што не пробав. Па и она со спиењето за кое што се плашев не фати, се буди расонета во 11 навечер и до 1 не презаспива. Хаос. Нека минува!
Најгадниот скок ни се случува баш сега. 4 месеци и 1 недела е малата. Бега од цице, вришти, мења расположение ко камелеон... Ја чеша непце, јаде раце... Среќа што терминот за заспивање горе долу го следи. Со тоа што има две три кенкања што ме вадат од памет, и ги познавам дека и се од кошмарче или страв, не знам како поинаку да ги истолкувам затоа што се' друго е океј. Сменета пелена, удобни пижамки, положба, најадена.. И она пак го пушта тоа жално гласче како кога ќе те искараат. Се надевам брзо ќе помине.
Ќе помине...без брига...само позитивно...пушти ја да истражува...дајте и играчки...легнете ја на под...
26 недела за 3дена полни 6 месеци. Почна завчера вечерта -ја заспав накај 20 30ч спиеше 1 саат после тоа плачки жалење не се трпи земи ја во раце на цице спие таман заспала станувам да ја оставам во креветче моментално плаче липа и пак одново се така до 6наутро. Синоќа пак иста песна. Не можам да ја чувам во раце да спие ми е страв дс не заспијам да ја пуштам а и не сакам да се научи во рраце навечер. До сега навечер си спиела станувала за цицање ама си презаспивала. Аиии значи како плаче чудо едно а и се спие смеешна е се прозева и, плаче хахха