Сама ќе си видиш според бебето. Најчесто е според термин, но еве кај мојава бебка е според дата на раѓање.
Кај мене од громчето во 4ти скок е вака и сега почна на 7+++ да се подобрува мааалку, се буди на 2-3 саати наместо на 45 мин. - 1 саат... страшна регресија, не знам како не сум полудена.
Мислам дека колку е потемпераментно бебето, толку е поосетливо и повеќе влијаат овие скокови врз спиењето, јадењето, воопшто расположението на бебето... Поправете ме ако грешам. До сега секој скок сме го осетиле ама вакво нешто како последниве денови, не...
Моево е ептееен темпераментно и точно, ептен јако ги осетивме сите скокови до сега. Само се молам да спие понормално, на пискањата врискања и протестирање за јадење више навикнав секако.
Ќе заспие во раце се ок, но а ја ставам на кревет како на кактус да ја легнувам, одма лево десно мрда. Денски кратки и се дремките, ноќе се буди 3-4 пати, добро е што не плаче и не бара нишкање, само две секунди да цицне. Да треба да нишам, сигурно досеа од раце ќе ја пуштев, прееетешка е. Не знам дали е скок, за да те утешам, ама еве те тешам дека и јас ич не спијам. Исто, јас сум фрик по чистење и средување по дома, имам уште едно поголемо што многу растура, и со вакво темпо на живот размислувам дали да се вратам на работа не знам алал на мајки со две мали деца или три, кои одат на работа, имаат секој ден зготвено ручек, и среден дом.
Ај те молам и мене пресметај ми, секој ден отварам календар да бројам недели Термин 19.08, роден 18.08
Мајки не можам да барам наназад може ли да ми ја кажете апликацијата на која пресметувате во кој скок се бебушките баш би сакала да ја имам и јас.
Лелеее 29та недела денес детево,полуудеев само со мене сака во раце, никако сама во соба или кај некој друг. Два пати ја оставив, солзи солзи до земја. Ќе тераме вака наредниве 2 недели или помалку?
Ете ј аи другарка и . Значи а ме изгуби од видик солзи, вриштење ко да ја коли некој. Чим се појавам одма се смее. Сама си се заигрува ама да сум до неа, да ме гледа. Вчера со татко и (што го обожава) ги оставив, јас имав нешто работа, поседе 15 минути и пискаше по мене. Ме гледа и плаче пружа рацете накај мене. Лепенка!
Што ќе беше овој 7 скок? Сите до сега беа тешки ама најмногу со неспиење, ама овој.. Буквално по цел ден си плаче и плаче. Се буди со плачење, заспива со плачење. Ништо не и е погодено, сака да спие а не заспива, ја нишам по 1 сат спие 10 минути, пробувам да ја презаспијам.. што е тоа ? Стануваме и почнува.. не игра, не седи, не сака до мене седната, не сака да играм со неа, само во раце и таа да те носи каде што сака и ако не и ја исполнеш желбата готово почнува да вришти на цел глас и да се тргне.. Немам веќе ни нерви ни сила.. Ни навечер спие ни преку ден.. Ќе замине ли ова? После скоков се враќаат ли во нормала?
И најново е што го одра грлото. Дерење, дерење, цела населба не слуша. Во раце ја држам и тогаш на најако пуштена е, дури ја држи глас вика, вчера беше за снимање значи . Не да се лепенки
Е мојава барем коа е со мене не пишти. Се е ок кога сум ја тука, а мрднам почнува драмата. Па и навечер не и е доволно што спие со нас на спална, мора исклучиво гушнати да сме
Леле и мојата вршти ако не погодам.Пред громчето беше иста ко твојата само во раци сака, а не е таква, се си е на земја.Неможев едно кафе да сварам каде јас она по мене не дај Боже да не ме види пискање болат уши.Јас се на забче и препишувам оти вади горни двојки. За спиење неспијач у крви.Заспива со цице и во оваа лудата недела кога пискаше, цица и ме тепаше еве толку беше нервозна, ќе ја пријавев за семејно насилство да можев,ама ќе ми се смеат.Сега и поминаа лудите минути уште е во скок ама само писка.Заспива обесена на града ама во вистинска смисла целата ми е потпрена на града, а не цица. Исто и за јадење не сака да чуе само цице.
Нешто ме замислува бебка, изгледа е мир пред бура. Во четврти скок е, плаче повеќе, вришти на цел глас така почна да искажува и среќа и нервоза, јаде помалку - од 180мл. премина на по 100мл. и тоа со тегнење и тие, 40 минути му го буткам шишето додека тој се врти само лево-десно и се му е интересно. Е само ме изненадува што сите викате дека не спијат, мое бебе спие цел ден и цела ноќ еве трети ден веќе. Измеѓу така ќе повика малце и после е мрзлив. Вака претходно ми нема спиено никогаш. Зар има и такви случаеви, или да си се подготвувам полека?