Откако влезе во 4ти скок не знам кај се наоѓам. Од дете шо спиеше цела ноќ, се будеше само за цицање, сега е цела ноќ на цицка, штом се тргнам одма плаче, се врти на сите страни. Не можам да се одлепам. Сѐ осеќа, не смеам да станам вода да се напијам. Па и апе, ме гриза не само за брадавицата, туку кај најде, по цела цицка, дури и за лице и за раци. Како ѕверче некое стана. Кај и да е во петиот ќе влеземе, се надевам дека нема да е пострашен од овој и дека ќе се подобри ситуацијата со тек на време.
Мајки 3ти скок во развој како прошол кај вас? Мојава е од денес 12та недела или 3ти скок, синојка на секој 2 саати ми стануваше а си спиеше убаво бебе 1 ќе станеше за јадење 2 пати вакцини кога прими само, еве ја за да поспие 2 саати од сабајле до сега 3 пати цицаше и сега поспа можеби пола саат и стана, не знам дали да препишам на скок или е нешто друго во прашање мада какаше 2 пати убаво гладна не е а и мочка...
Мами дали може да влеземе во скок и порано од тоа што е на апликацијата? 5 дена имаме до втор скок, а малово овие два дена ми е скроз друго, многу е нервозен, плаче, само во раце спие и многу лесно се буди. И на цице кога е многу е нервозен 5 секунди цица и пушта, се нервира и се напнува... ве молам за искуства
Секако дека може, децата не се роботи . Тие датуми се дадени ориентационо, може порано/покасно, следи си го детето.
Ќе сака ли некој да ми пресмета дали сме во 5ти скок? Однесувањево на бебе и табела една што ја имам викаат дека сме, па сакам да потврдам. Термин 21.08, родена 15.08.
По табелата мојата е во 4 скок веќе две недели.Ама искрено освен една ноќ неспиење никакви други проблеми досега не прави.Спие до 9 наутро,гуга,брмчи со уста,сака се да фати ама тоа е мислам сосема нормален дел од развојната фаза кај секое бебе.
Па може и почнат да е порано. Пробува да ми лази со газето нагоре и кога е будна и кога спие. Се буди ко во 4ти скок, се тегне по мене цело време
Мамички, малово ми е 7 недели. До пред 3 дена пиеше 90мл ад и малку му беше. Овие 3 дена едвај 70мл/50мл, ретко кога 90мл. Покрај тоа е многу кенкав, нервозен и плачлив. На цице кога ќрго ставам не секогаш се смирува лако обично, знае понервозен да стане (плаче, тегне, гриза). Можеби сме влегле малку порано во втор скок, ако е тоа ок, само ме загрожува дали вака ќе остане понатаму или ќе се врати на старото (мислам на пиење млеко)
Ок, некоја мама да сподели искуство со 9ти скок, детево залепено е за мене, одбива јадење и виси на цицка. Ќе помине фазава? Ме загрижува многу... Во градинка седо 5 часа, со плачки се оставаме и земаме, ибпосле дома ко да ме нема видено 3 дена, значи седи кај мене и плаче. Навечер спањето е хорор, се буди во 3-4, со плачење па нишкај да заспие, па самошто ја спуштам очите отварање и не заспива без цицка.... значи не знам.... па и забиве више налет....
Не му се секирај за млекото, бебињата имаат најголем инстинкт за преживување, колку е гладен толку ќе пие. И ние немаме цело време константен апетит. Плус, може си надокнадува со цицање.
Може ли некоја мајка да ми каже што се случува во 3ти скок. Мојава почна на меше да се врти а чисто сумњам дека тоа треба у 3ти скок Фала