Зошто да не, син ми во тој скок почна да се врти на стомак. Иначе вака што памтам (лажам, не памтам, слики и видеа мотам сега ), почнавме со “муабетење”, правење балончиња со уста, почна поише рацете да ги користи, да се пружа по играчки и да им гуга, да покажува знаци на досада со тоа што тргаше поглед ако не сака веќе да гледа нешто.
Значи да се наоружам со играчки, има она над креветчето оние што се ама онтерес за нов има се вкупно 3 мин и и стануваат досадни а не знам какви играчки се прикладни за 2 месечно бебе некој глодарки најверојатно. Фала ти
Нас тој период хит ни беше бејби џимот, мада и сега чат пат знае да се заигра, таму вежбаше координација и научи да фаќа со рачиња.
Термин 28.04.2021 можно е да сме во скок? Секој ден во исто време пишти вришти на глас многу е нервозна
Мамички спасувајте, давајте совет некој што да правам со малово. Цел ден уста не затвори. Премногу му се спие, а неможе да заспие. И ако успееме да се успиеме тоа е на 15 мин и пак исто. Многу лесно спие. 7ма недела сме. Не ми е истото дете. Се осеќам како НЕмајка, неможам детето да си го смирам. Друго проблем немаме, грчеви не се, какаме, мочкаме. Можно е и во втор скок да сме. Ама чаре некое?
Скоро исто бевме и ние во 3ти после се вративме во ноемала,но сега 5ти мие потежок,цело внимание само за неа си го сака.
Кај ќерка ми 3ти скок еден ден траеше страшното ама тој еден ден до денес го памтам. Значи нејќеше ништо. Ни во раце, ни во количка, ни во релаксатор, ни да цица. Значи буквално вриштеше без прекин 3 саати и на крај ја ставив во кола, ја развозев, заспа и се смири конечно. Тој еден ден ми беше како preview за ужасниот 4ти скок.
Нешто сличен на 5ти скок. Будење ноќе на секој саат,држење и спење во раце,кога ке ја успијам навечер цел саат се буди додека да зацврсти убаво, намали дремки и многу кратки и така си остана до сега,3 дремки по 40-60 мин. Ама од 5ти скок овие 3 вечери ми се многу тешки а имаме уште цели 2 недели до крај уште не сме стигнале до громчето.
Па еден месец беше хаос, се сменето, една недела 17та ужас. Трауми имам уште. Значи не можеше цврсто да заспие уопште, нејќеше да цица, вриштеше цело време, ништо не и беше по мерак. Ама затоа ново бебе после скокот. Кај кај поинтересна е. Да не те плашам ама спиењето уште е хаос, 5+ сме. Скрати дремките по пола саат и се, а спиеше по 2 саати, навечер уште ми се буди 100 пати, а пред скокот само по 2 пати за цицање се будеше. Добра страна е што ослабев 5 кила од скокот навака
4ти кај нас беше измачување, може две недели "го мачеа светци" по цел ден, а особено пред заспивање. Откако заврши сум препородена, повеќе се занимава сам, не ме бара толку, не плаче само за мене, спие ноќе мирно.
Ние уште не може да се опоравиме од 4ти скок. А еве ни го 5ти . Шо се учи во пети скок? Пак е неспиење и нејадење како во 4ти?
Со јадење фала богу немаме проблрм ама со спиењето да ноќе се буди мнооогу често и сака во раце. Сака да седе,играчките убаво ги држи,ги влече силно тие од подлогата,името си го научи кога и викнеш се врти,знае каде е бато а каде дада и ги чека од врата да влезат кога ги нема дома. Бев раскашлана неколку дена и пробуваше да ме иметира,кога ја бањам седи и се шлапка во водата,многу се смее,со еден збор е преинересна многу ние забавно по дома,поголемите ми велат не ја успивај без неа не е интересно. Само јас жива не наспана сум и јадам од нога кога ке најдам и кафето по 2 саати го пијам
Исто и кај нас, се превртува на меше.. кога кивам или кашлам се плаши само Си ги мава стапалата како аплауз, од мене научи и си прди со устата, си ја стиска.. Се врти кога го викаме со име.. Ноќе е хаос со спиењето, тешко заспива и се буди пречесто