Моето иде накај 7месец. Навечер на цице спие дење ако му се тргам ме бара сака на цице да спие. Плачки нервози што ќе беше ова
Пред три дена. Само на цицее сака да заспие,ако се тргнам ме бара и плаче не дека цица. Купував разни лажалки и кога ќе ставам приметува одма плаче и на цице заспива. Кенкав е многу и нервозен
@Lejlaah исто е кај мене ссе надевам период е ќе помине. А си викам каако расте така шолека да се учиме со други луѓе да се чуваат ама не баш.напротив не бара низ соба и кенка ако не сум до неа. Татко и ја држи сам во соба ја занимава ја игра колку да се избањам и за 10мин ете ја плаче ко ќе ме види од врата се смее гуга смешки е ххаха..
Леле баш иста ситуација. Ни да јадам не можам. Кај сите поминува од раце на раце а ме види мене ете се смеешка и раце подава да го земам. Ако не почнува да вриска.. Што период ќе да е
11 недели е бебе , скок ли има ?? само да се вришти чудно, на цице само спие иначе не, абе ќе паднам некаде.
Има некој скок 10ти месец? Одбива храна со лажица само леб сув грицка и млеко... ми е страв да не ослабне...
Има ли скок во развој околу 5/6 недела. Си мислев грчеви ја мачат и се интензивирале од нешто што сум каснала. Но еве 3/4 дена не можам да си го препознаам детето. Јес да има и грчеви, ги имаше и порано ама траеа неколку часа. Сега на секој подој почнува да плачи, да се нервита, се чепчи, ме трга, па насилно цица и на крај заспива какл ништо да не било и не можам да ја разбудам да се донајади. Кога ја боли нешш не заспива вака. Плус цел биоритам со спиење и се поремети. Помалку спие и во различни периоди. Ќе си пукнам никако не можам да ја наранам. Пробав и со шише едвај 3/40 мл исцица и пак почна да вришти. Утре ќе се јавам кај матичната да видам дали има слободен термин деновиве. Се плашам ќе мк заостани дете со качување килажа. Денес само 1 малце е какана. Додуша ноќеска 1 лом се налрави, ама вообичаено 5 пати си какаше па и 6 некогаш.
Ете во 5 недела има скок. Периодот кога не зафатија промените. Утре прави 6 недели да се надевам ќе се нормализира.
Ние сме 8недела и 5 дена бебе среќно пресреќно..цело време се смее,гуга си лежи во креветче се на позитивно само денес некако со јадењето ми намали ама се надевам за брзо ќе си се врати на старата доза..
9месеци и 10 дена колку недели се? 40 недела сме ние? Има некој УЖАСЕН скок во развој во овај период? Има некоја мајка со поминато искуство? Многу плачење, кемкање, разбудување, чето цицање, не цицање..поедноставено: чудно однесување. Ќе помини периодов?
Девојки јас ептрн испаничив и се исплашив, за некој ден сме 4ти месец, не спие ко што спиеше, не јаде,не цица, не сака ни чајче ништо не сака, плаче не сака да лежи не сака да се успие а плаче неверојатно многу дури еднаш ми зајде од плачење. Едвај јадевме со плачење па скокање по соба. Заби проверував нема ништо тврдичко, температура 36.5 има. Дали е скок дали е нешто друго. Незнам како ќе ја поминрме вечерва премногу е вознемирен