Кај громчето 26 недела, тогаш е журката, дење и така и така, ама ноќе За утеха само што излеговме од скокот се враќа на старо и со дневно и со ноќно спиење.
Една недела во 6ти скок, не осеќам само повеќе што е ментално напредната. Повеќе имитира и разбира кога и се збори некои работи. Ноќе спие супер топ, преку ден исто со тоа што некои денови има 3 некои 2 дремки. Мислам дека полека ќе премине на 2. Има надеж да знаете
Првите три ни беа пуштени на најјако…после само по некој ден ама ништо страшно…ама во овај 8миов косава ми побеле…и тоа одам на работа и го гледам само 5 саати во денот, ако го гледав по цел ден ќе полудев
Фала ти многу, баш сме 5та недела и е збеснат навечер нема спиење, знаев дека е во скок, се надевам безо ќе заврши ме полуде веќе
Моето после скокот вртење од грб на стомак, се врти на име или па така ми се чини. А сеха веќе сме во 5ти има обиди да се влече по подлога како војник
Така пишува и на апликацијава, дека се вртат на име после скокот. Има уште 10тина други skills набројано ама моево се уште ништо, ќе си почекам. Бар имаат позитивна страна скоковиве.
Хахахахахаха вчера се смеев за влечењево на ќерка ми. Ко војник во ров е, од почеток до крај на брачен, и се нервира, се кара што само газето може да го крене
Ќе сака ли некоја, ве молам, да ми прикачи кои вештини би требало да ги развијат после 7ми скок. Ја немам апликацијата