Ние сме скоро 26та недела кај громчето, се уште не се врти од стомак на грб.. Многу се нервира кога е на под , си го дига газето ко сака да го кренам
Ние вчера влеговме во 26та. Два дена пред да влеземе почна да се врти од меше на грб и обратно. Испраксира во два дена. А предходно ни по 5мин не седеше на под. А го оставев кенкаше, плачеше да го земам. Сега е подруго веќе
Мојава од 3 месеци се врти од стомак на грб. Прво тоа направи, па после обрарно. Во скоков сега само на стомак сака да е и со главата надоле, газето нагоре. Пресмешна е, ко што е слаба, ко скакулец е. Ја држам во раце се тегне надоле да ја ставам на стомак и ровари по цел ден
Дали во 4ти скок бебето помалце ви цицаше? Еве ја цица ама не е тоа тоа она како што си знае да си цица, од цел ден на цицка сега на зорт се молиме.
Здраво мамички ако може некој да ми провери за скок.. Родена на термин точно 12.10.2021… Деновиве само кенка и е залепена по цел ден само во мене
Не да помалце цицаше, него се ја интересираше освен цицање. На секој шум се вртеше. Памтам се тргна од цицање, зјапаше во едно новогодишно перниче, муабет му праеше. Ја доев во темна соба.
Тежно не тежно кога не сака не сака да цица, ми е страв крвта да не и заслабне вака, ептен се нервирам ама се тешам дека не е само она така
Шести скок пуштен на најјако (мислам како идат нови така бетер се) плус благо воспаление на десното увце плус вадење горе заби Очи ме пржат од неспиење, раце и кичма па да не зборам ко што си има 10кг машала Од бебе што спие по цела ноќ, сама заспивала, врзувала 12ч без гајле до плачка со будење на 15мин, спиење во раце, меѓу нас. Како што плачела за овие три дена, не плачела толку 8ипол месеци од раѓање
-почна да брмчи со устето -фаќа убаво играчки со двете рачиња и ги става во уста -си ги фаќа стапалцата -се врти на меше -писка колку што ја држи глас(од радост,не плачење) -се смее на глас
И кај нас спиењето благ ужас. Кенкање во сон, па се буди стандард во 5 и си збори сама со себе пола саат, па ќе презаспие до 6ипол, ќе ја фрли цуцлата преку кревет… очи и мене ме пржат, дремнувам кога она спие преку ден… И никако сама оставање. И да е заиграна, ако ме снема на десет секунди одма вришти. Инаку сме баш кај громчето во 6ти скок.
Моето не ги фаќа уште стапалцата, и покасно почна да се врти. Сега како научи, само тоа го прави, како рингишил е. Влеговме во 5ти скок. Почна да вришти цело време. Нон стоп бара занимации. Не сака да спие. Се бори со мене, ме гребе, ме штипе. Се врти, пробува да стане. Сака многу музика, се обидува да ги имитира песничките. Зборува како навиен. Кај ми е крајот со овоа дете.
Moze li nekoja mama sto ja ima aplikacijata da mi presmeta skokovi i gromcinja.. Rodeno 02.11.2021, termin 09.11.2021. Ako moze i toa sto treba da nauci bebe posle sekoj skok. Blagodaram odnapred